Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Знам, порано, коа бевме една вреќа коски, до кај четврто одделение во школото имавме платена ужинка шо ни ја носеа за големиот одмор. Не сум сигурен дали ние ја плаќавме, или од школото беше, ама небитно. И знам, петоци обично ни донесеа такозвани сендвичи, леб и по еден лист шунка и кашкавал внатре. Е сеа, имаше една сендвичара кај шо идевме, му даевме 10 денари на Коле и ни ги полнеше со помфрит истите. Ни ставаше и кечап и мајонез за посебно задоволство.
Со 10 денари, не се замаравме.
Едвај чекав да дојде петок.
Ма немаш поима колку многу.
 
^Едно време мислам дека државата, потоа ние ги плаќавме.


***​




CNGaX-gWUAAHmB1.jpg
 
Драга Кајгана,
Многу е лошо чувството кога сакаш да направиш нешто, но временски си многу далеку од него. А сепак за да стигнеш до него треба да минеш низ тешки и опасни патишта.
:confused:
 
Сега се присетив на тој еден час што го изгубив во Драга Кајгана пробувајќи да направам големо :gjavol: од мали :gjavol::gjavol::gjavol:.
Тешка будала.
 
Дикеј, во осмолетка во мое одделение учеше до трето одделение едно девојче кое не беше баш арно во главата. Сред часови и текнуваше да си замине дома, ќе станеше среде час да прави муабет на други деца. Знаеше да се распишти од нигде никаде на рандом деца и учителката, влагаше во некои непотребни конфликти и ред други работи. Во трето одделение очекувано се отпиша ама до крај на осмо сите се прашувавме што се деси со неа.
Пред 2-3 викенда комшијата правеше свадба и погоди со која со оженил? :icon_lol: Порандом од ова, здравје.
 
Овие што јачат со моторчиња стари по 30 години, во 2 часот по полноќ, се надевам дека ќе ги користат како лепак за казаните во пеколот :pistoldz:
 
Јас и еден куп фиромјани си чекаме в кладилница лебот да го истајме. Форца Џенова. Ај ре Панде оту имат овде сите да те пцујаме:зелен:
 
Draga kajgi,
Mi se jade mi se place. Sakam torta i meso da jadam. Ama Kajgi se sum prejala do sega vo zivotov, ...aj ad izdrzam uste malku pa ke bidam ubaa moma, ubaa ama ulava...;)
 
СП во Атлетика a.k.a. Еј види овие од Зеленортски северно-источни острови на џибути имале ептен брзи црнци бе...
 
Нормално дека ќе пишам за мигрантите, да бидам ин.

Не баш да бидам ин до душа, туку затоа што ми се дешава дежа-ву. Се надевам нема да е комплетно, па нема да се повторат последиците од 1999 година и фамозната „Косовска бегалска криза“.

Не бе, уствари не се бегалците/мигрантите тоа шо ме нервира, туку се знае - дежурните интернет активисти борци за човекови права, христијаноаетисти, хипстери, хејтери, односно се тоа што е тренд да бидеш во моментот. Е сеа некои од нив, можеби и оправдано го прават тоа, бидејќи се платени за тоа. Од сумливи финансиери на невладини организации. Драгите ДПМНЕ го отупеа со ебаниот Сорос, дека секој што мисли спротивно на нив е платеник, па сеа баш тие шо се платеници имаат дефанзивен систем.

Другата половина од тие што имаат таков став, за жал се во заблуда. Сето срање што го живееме им се има собрано, веќе не знаат кому да веруваат, пренаивни се па веруваат и на вакви пичмајзери. Иако за народ што има преживеано све лошо могуче освен пад на комета, треба да сме претпазливи.

Зашто ми се дешава дежа ву? Пошто исти курац, да ми простиш, беше и пред 16 години. И тогаш, бегалците „само повремено“ требаше да останат во Македонија. И еве, останаа повремено, 16 години веќе. Си побараа права, отворија конфликт, ни се еба мајката со проблем кој никад нема да го затвориме.

Да, во нив имаше и такви кои стварно беа загрозени и затоа пребегаа од своите домови. Но во нив имаше и багабонти кои ја искористија таа криза, за да со чудни финансиски извори после направат шашма во новата средина. Тука доаѓа она, не се сите исти, епа не се, никој не вика дека се, ама што мајка ви го негирате фактот дека меѓу нив има опасни дебили за општеството?

И тогаш а и сега, најголеми експерти беа оние кои немаа допирна точка со ситуацијата. И тогаш имаше неверување кон жалењата од локалното население кое директно ги трпеше последиците. И тогаш проклетото македонче попрво му веруваше на друг, него на својот.

Тогаш, искрено најпичлази беа Скопјанишчата. Па идеше муабет: Абе не јади трици, преувеличувате, ги избркале од онаму горе, нормално дека ќе бегаат. Плус, не јадат од ваша храна, Американците им плаќаат. Ќе помине и ќе заминат.

Помина, не заминаа, and guess what, кој најмногу трпи од тоа? Да, Скопје и неговите жители. Другите се помирија.

Сега пак е дежа ву. Пак има такви на кои им ги ебаа домовите и мораа да бегаат, има мирни луѓе кои сакаат да одат у добра општествена средина. Ама има и проклети терористи меѓу нив, кои фркава сакаат да ја искористат за друго.

Но да се навратиме на овие што се поголемиот проблем - „авангардата“. Истите тие споредуваат македонски исселеник каде било во Европа со мигрантиве. Абе со која ебена логика можеш да го споредиш тоа? Ја ако идам у Шведска, правам неред низ Хрватска, Словенија, Германија итн дури стигнам таму? Малтретирам девојчиња, ширам зарази, предизвикувам немири? Не.

Едноставно не можеш да споредиш некој од тука, со некој што заминува од факинг воена состојба бе. Стереотипите не паднале од небо, настанале ради тоа што има вистина во нив. А кога сме веќе кај стереотипи, овие демек најлибералниве први лепат етикети ако не се слагаш со нивното. Па си неофашист, националист, заостанат итн... Да, сигурно сум заостанат затоа што сакам да живеам безбедно.

Да не го споменуваме пак сосема релевантното прашање, зошто Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ и другите држави од тој блок кои имаат 2/3 ненаселена земја а доволно пари за да направат населби, не ги земаат мигрантиве при себе. Пак дежа ву. Како што Албанија не ги земаше Косоварите кога беше срањето тука, така и ова.

Реалноста е дека никој не ги сака, ама ај ние сме најлошите, срамота било што државата не ги примала. Мразм теории на заговор, ама ова е далеку од тоа. Ова е чисто геополитичко искористување на шанса, за населување на сумливи ликови ширум Европа, еве кроз бегалците да упикаме и наши ретардирани испрани мозоци. Кој ќе го изеде? Секако дека ќе го изедат маливе и неспособни држави ко нашата, кои немаат моќ да бидат големи играчи.

Ама ќе се накотат и во ЕУ земјите, па кога ќе се деси овој лик да стане бомбаш самоубиец во Германија, ќе видам како тогаш дебиливе наши ќе ги споредуваат Македонците кои се таму, со овие од пичмајчин што идат сега.

Али кому да докажеш во времево на погрешни идеали и трендови.
 
Се вратив од чаршија и ај реков млеко со мусли да стоплам и да јадам в дневна покрај татко ми и мајка ми. И се пулам така во екранот, заприметувам гледаат некоја бош емисија ,,Папараци или слично" на Алфа . И со нив погледнав внимателно околу минута колку да сфатам шо е штосов, па камерава демек снима рандом ,,певаљки" на плажа по костумчиња за капење, па ред цицки ред газој, па некои ликови од студио ги оценуваат овие уловенивe за убавината/паметот.........и реков че се чепнам сега со домашниве па мајка јана нека е (гратис то глата шо ми пука цел ден)

-Не ви е срам да гледате вакви работи-скроз онака мртов озбилен ги прашувам
Мајка ми-Какви?
-Еве вакви воајерски........глупости....
-Шо е то воајерски?-ме прашува женава
-Остај и викам. Од толку програми не можевте да најдите нешто поглупо?
И од нигде никаде се јавува татко ми-Ај јади си таму од ваганчето и гледај си ја работата :D (додека во позадина на екранот одеше силиконска цицка зумирана)

Ме фати смеа, ми ја уби сериозноста, се најадов и заминав.

п.с На враќање во Прилеп на сред центар начекав четворица емигранти, мајка со бебе, дете до кај 4-5 години и татко. Детето питачеше наваму натаму па извадив од џебот и му дадов 30 денари. Се надевам дека ко че порасни нема да ме заколи (во случај да стани тука терорист) :coffee:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom