Ми се расипаа слушалките од мобилен. Ги користев и за слушање музика на лаптопот, не беа нешто посебно ама ме служеа. Другиот ден татко ми ми носи слушалки, еве ти да се снајдеш додека купиш саглам нешто, и му велам од каде сега овие, ми вели абе кај Дарко бев (Дарко поправа се што има жици во него) и од 2 пара слушалки ми склопи еден, да ти се најде, негов изум е ова.
Слушнав 2 песни со нив и почна да ме боли цел нервен систем. Од тогаш досега десет аналгини испив, ми се чини главата ќе ми прсне, слухот почна да ми откажува исто така...
Инаку ова пред три дена се случи.