Пациентите задоволни од услугите во болниците во Македонија.
И јас сум задоволен, ослабнав 3кг. Пред две години требаше да платам нешто и овие од наплатен центар најдоа грешка во отпусната листа. Наместо пациентот е дома, пишале пациентот со наше возило е испратен во друга болница.
Тетката од наплатен што е вработена преку партија: Дечко ова ти е грешка оди да го средат, па врати се да платиш.
Се враќам во собата на главната медицинска сестра и гледам ја нема. А она сирота сокриена во една мала соба 2х2 и си игра на телефонот. И објаснувам и
- ааа јас не знам тоа, ај оди по собите и најди ја докторката.
Докторката: Кој те прати кај мене? Оди на 3 кат лево соба број 5, таму ќе ти средат.
Одам на 3 кат лево соба број 5: Здраво, овде е грешка и докторката таа и таа ме испрати оваа грешка да ја поправите.

- Не тука оди на приземје на шалтер број 4
Одам на шалтер број 4
- Не тука, дечкото од шалтер број 7 го гледаш? Ај оди кај него.
Одам на шалтер број 7
- Не сум јас за ова, оди шалтер број 2
Одам на шалтер број 2
- Ааааа не, оди на 2 кат десно има зелена врата, па лево има вц ,па од таму одиш десно и втората соба од лева страна.
Конечно ја најдов собата и објаснив на сестрата и она и вика на чистачката:
- Верооооо, ај дечкото го оправи каде треба да оди.

Чистачката ја гледа отпусната листа

ме качи во лифтот и ме носи пак назад во наплатен центар.
И пак одново истиот циклус. Се вратив во лавиринтот и едвај некако ја најдов личноста што ја пишувала отпусната листа и демек само она должна за тоа.
Ај пак објаснување каде е грешката. По две минути мислење и зјапање во отпусната листа, го зема пенкалото и го прешкрта тоа и над него пиша ДОМА
За едно ДОМА два саати ме шетаа. Па јас сам ќе си го напишев, а можеше и оваа од наплатен центар да го исправи.
