Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
ДЌ 
Да те запознаам со една личност. Ова е Кети Ледеки.
Кети има 18 години и е моментално најдобриот спортист во светов. Пред недела дена на СП во Русија освои злато на 200, 400, 800 и 1500 метри слободно додавајќи 3 светски рекорди. Ова е распон на една дисциплина за кој до пред недела дена никој не очекуваше дека еден натпреварувач ќе победи во речиси сите трки од слободно. Да биде ситуацијата уште позачудувачка, пливаше 200 слободно а по помалце од пола саат и на 1500 метри.
Како што пишува на линков, тоа е како атлетичар да направи рекорд на 5 километра и пола саат потоа да направи рекорд на 800 метра. Да ја тргнеме исто настрана психичката спремност што треба да ја има некој да се соочи со предизвикот на сите овие трки на највисоко ниво.
Не чекаат интересни ЛОИ наредното лето. Мој тип е дека ќе тргне и на злато на 50, 100 слободно и ќе стане мастер на стилот.
Прашање за домашна - Каква кариера ќе имаше Ледеки да беше родена во Македонија наместо во Мериленд, САД?
а) УМС/СДММ кариера
б) ќе студираше нешто без везе оти ќе беше демотивирана дека се нема пари за греење на водата
в) Дрекселмаер/Ван Хол како најталентирана во генерација
г) брод?

Да те запознаам со една личност. Ова е Кети Ледеки.
Кети има 18 години и е моментално најдобриот спортист во светов. Пред недела дена на СП во Русија освои злато на 200, 400, 800 и 1500 метри слободно додавајќи 3 светски рекорди. Ова е распон на една дисциплина за кој до пред недела дена никој не очекуваше дека еден натпреварувач ќе победи во речиси сите трки од слободно. Да биде ситуацијата уште позачудувачка, пливаше 200 слободно а по помалце од пола саат и на 1500 метри.
Како што пишува на линков, тоа е како атлетичар да направи рекорд на 5 километра и пола саат потоа да направи рекорд на 800 метра. Да ја тргнеме исто настрана психичката спремност што треба да ја има некој да се соочи со предизвикот на сите овие трки на највисоко ниво.
Не чекаат интересни ЛОИ наредното лето. Мој тип е дека ќе тргне и на злато на 50, 100 слободно и ќе стане мастер на стилот.Прашање за домашна - Каква кариера ќе имаше Ледеки да беше родена во Македонија наместо во Мериленд, САД?
а) УМС/СДММ кариера
б) ќе студираше нешто без везе оти ќе беше демотивирана дека се нема пари за греење на водата
в) Дрекселмаер/Ван Хол како најталентирана во генерација
г) брод?





и без прашањата од звезде гранда никаде не одиме.
