Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Колку се лесни стариве луѓе за манипулација и пропаганда неверојатно. Седи баба ми до мене гледа некој филм дејствието се одвива некаде во Шведска и рандом лик во филмов останува без работа. И баба ми веднаш, ете, и во Шведска нема работа :facepalm: Не е ни чудо зошто николче си тепа на избори, со неговата пропаганда и публиката пред телевизор, да почне Латас да кажува ко во Северна кореја дека лидерот не прди и сере, старудииве ќе му поверуваат, ќе речат стварно, вистина е чим на телевизија кажуваат.:facepalm:
 
Добар ден народе македонски. Дали знаете со што го почастивте режимот денес? Не?

тадааам

http://novatv.mk/ukrainsko-art-stsenario-vo-partiskata-zgrada-na-vmro-dpmne/

:pijanco:

Според информациите на НОВАТВ, нарачани се над 50 уметнички слики со позлатени рамки. Најголема, со огромни димензии четири метри на осум метри, ќе биде фамилијарниот портрет на екс премиерот Груевски, заедно со сопругата Боркица, двете ќерки и неговата мајка Нада. Според изворите на НОВАТВ опремувањето на седиштето чини повеќе милиони евра. Надлежен за визуелниот дел и како да изгледаат сликите бил генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, кој им давал сугестии на авторите.

Налик ова да не ќе биде?

propaganda-paintings-of-great-leader-kim-il-sung-kim-il-sung-was-the-picture-id452996334


Чисто да се знае до каде може да оди шизофренијата.
 
У врска со она шо го збори @Moon Child прееска слушам на дневникон на шител дека било скандалозно тоа што Грчев бил вештак на некој предмет за СЈО...
Пеерче, си има регистар на овластени судски вештаци, овие од СЈО штом го ангажирале Грчев, тогаш гарант него го има таму, сигурно не се до толку глупи. Ако го има Грчев во регистарот, а колку шо знам нема некои правила при изборот на вештак од регистарот, тогаш кај е проблемот со вештачењево на Грчев ?
Друго, како они доаѓаат до инфо за докази у тек на истражна постапка која е тајна, значи ТАЈНА, никој не прашува...

Дури и да речеме дека стварно Грчев „испорачал“ вештачење за СЈО, супер за вмро. Додовски им е адвокат на „ѕверките“ и знае дека и одбраната предложува докази, шо значи дека они можат да најдат 1000 други „независни и професионални“ вештаци од регистарот кои ќе ја изнесат „вистината“.

Едно од начелата на постапките е контрадикторноста и не глеам тука проблем.

Ама секако, пропагандата мора да работи, мора да се пере мозок дека се е завера против Македонија. Овие го бранат името и ради тоа сака америка да ги тргне од власт и да ги донесе сдсм оти па сдсм ќе го смени името, исто ко шо у 2004та ја даде Западна Македонија...
 
кои сте вие бе луѓе? каде живеете? што во животот ви е битно, значајно? што ве храни?

да, буквално што ве храни и на маса дома и во душата? колку е доволно, кога е доста?
дали треба цел живот да се трча по повеќе, да се гази напред, врз туѓи судбини и лешеви само за да се исполни некоја замислена идеја, цел некоја...

па нема да се живее вечно, до кога ќе бидеме гости на оваа планета, знае некој?
а што ако утре заминеме? денес што направивме?
направивме некого среќен? предизвикавме барем една насмевка? возвративме некому со добро?

чудно...
побрзо на некој ќе му ги извадиме очите отколку да му помогнеме и таков (слеп) да ја премине улицата...
а сите сме само она што го кажале во песната на Канзас (Kansas) .... all we are is dust in the wind.
 
1 2 стерео нема моно
саф ѕверот револуционерот е на микрофонот
дежаву!! повторно на овој проклет свет
воскреснувам како да сум исус од назарет
знај имам колку сакам животи
погледни назад во вековите па дали примети
панчо вила че гевара гоце делчев ленини
а сега сум на светот со име пикисипи
господин накурчен - гаштаровски митко
мојте рими врнат како дожд римувам како никој
рап уникат правам вистински рап тоа е факт
смилен гоце пикисипи - троен пакт
на секое грнче ставам капаче
кога пеам чифте чанче ти пука ушното тапанче
рап револуционер во овој град
префинет и млад ќе го сотре сиот смрад
за револуција нема солуција
патот од рапер до емси се вика еволуција
ла- ла -ла ла фантомот на оваа хип хопера
смртоносен како ебола
мојата мисија е пронајди и уништи
рап манифест напишав па еј слушни
револуционер не е заебанција
мојот супер стил е дискрепанца
држи дистанца гризам како крокодил данда
рушам од тука до уганда одамна
на веков па опсервирам
сеуште супериорен на микрофонот кога рецитирам
медитирам духовно бдеам
ментор рап феномен проклето сафролистичен
чувар на рапот рап зеркател
викај ме саф ѕвер или револуционер

Рапувам и се снимам на мобилен, ќе си се смеам за некоја година :icon_mrgr:
Место деца да чувам, ќе преслушувам како сум рапувал пред 5 години, пиејќи еликсир од 120 денари на некоја клупа во маало :icon_mrgr: Сиктеееееееееееер :icon_mrgr:

Вториот гаф на Јанче јади бурек од претходната вечер :D
На ВМРО требало да им доделат Нобелова награда за мир, бидејќи останале смирени на провокациите од соросоидите :icon_mrgr::цицки:
 
Кеј,

Ми недостига инспирацијата.... знаеш ми фали она времето кога ќе си седнев сам во соба, листови пред мене, пенкалото во рака и една чашка за разбистрување на мислите. Ми фали времето кога пишував текстови и криво мие што многу убави текстови сум ги фрлил затоа што сум мислел дека се бескорисни.

Ми фали таа тишина.
 
Секој сака да му ја кажеш вистината, а никој не може да ја поднесе па паралелно на тоа не може ни тебе откога ќе му ја кажеш.Многу е полесно да кажеш некои работи на човек што најмалку го знаеш отколку на тој со кого си бил цел живот.Исто така многу е полесно да се дефокусираш од вистинските проблеми и да си создаваш некои свои полесно решливи.Полесно е и да ги решаваш туѓите кога сме веќе кај проблемите.Всушност најлесно е да си најдеш занимација кога треба да учиш.ciao
 
Драга,

Денов не можеше да биде полош. Одамна не сум се осеќал вака потиштено и изгубено. Колку само иднината е непредвидлива, и како никогаш не можеме да знаеме што не очекува во наредните денови, а не па години.

И да, секогаш оние добри луѓе, кои на секој божји начин им помагале на другите, работејќи за подобра иднина мора да го извлечат подебелиот , а најчесто и најдебелиот крај.

Ужас, се молам на Господ само да биде добро, ништо друго не барам.
 
Oвој Драган Таневски уште у клозет да ми се појави со тоа романично-повраќаница статусите у стил "Види брат, жена е секогаш у право, ти си глуп" .. Значи нема жена шо не го лајкува.. рак на очиве фатив.
 
Патос Ролс.
Црвениот Патос.
Патос со чили.
Чили во Патос.
Би платил за доживотно да ми доставуваат по едно паковање дневно од тоа маестрално уметнички дело.
 
Добρо утρо дρага, после 2 години пρв пат κаснам на ρабота... ме буди шефот у 5 до 7, κај си бе ? o_O И јас будала, ρипам од κρевет и за 2 мин спρемен бев да излезам, κога ми теκна деκа нема шанси да не κаснам, па веќе κога κаснам, да го напρавам тоа κаκо што тρеба :D
И затоа си пијам κафе сега :coffee: и си слушам музиче на VH1 :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom