Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги,
Добро утро
Може ли барем еден ден во животов мој да се разбудам одморено, наспано?
А и вака не бива... работи, работи, со душа го чекаш одморот во годината - кога ќе дојде ќе летне како да биле секунди во прашање... и после пак ќе се утепаме од работа и ќе си чекаме денови одмор... и така цел живот...
Животот е убав нели?:confused:
Ццццццц...
Ама ми почна денов...
 
Драга Кајгана,
Почнува периодот кога започнува војната со сите можни комарци, пајаци, лептири....... и измачувањата за да заспиеш на топлово.
:cool:
 
Кеј,

Не знам со кого вие се дружите, но јас веќе неколку месеци, секогаш кога ќе седнам на некоја маса, слушам кукање. Се жалат луѓето за динарите, за цените, за пензиите, за ситуацијата тука или таму, за младите, за старите…. и кукаат. Се повеќе и повеќе ми станува подосадно да се гледам и да се среќавам. Па поубаво ми е да се затворам во својата соба…. да прелистам некоја чесна книга и уште малку да поверувам, ѓавол да го однесе, дека на светот има и убави работи… А ги има. Верувајте.
 
Драга Кајгана,

Денеска по 10 години го поправав точакот.Од цел двор 100 квадрати јас се наместив над решетката за одводот.Клучот 15 (поголем од економијата на македонија) ми падна во отворче 5цм.Понекогаш се прашувам дали ќе ме одмини овај баксуз или вечито ќе ме следи кармава.
 
Види сеа Кајгано мори, моме лепото

ваљда 20ти ден е веќе како не можам да се освестам, али бар се наспав :D

Си најдов некоа работичка пред 2 месеци скоро, фино се плаќа. 150-200 евра дневница. Не се жалам, таман си е. Па и уште само 10-15 работни дена во месецот ?! Бомбона бизнис :icon_lol:

Не сум глуп, знам дека нема да потрае...ваљда нема да потрае, али богами ќе изуживам дур трае.



Им пуштив на моиве дома, муабет на заебанција, дај бе викендов да шетниме до Грција, очекувајќи да ме одебаат фино лепо како за секој друг ретардиран муабет што го правам, а богами многу ги има, кога тие како попалени „ АЈДЕ! “ „ ОДМА! “....Ае вади зелен картон, прави резервации, коа оп петокот „ Затворени границите кон Грција “. Племе ваше !:mad: 10 години со моиве не сум отишол на одмор, 15 од последниот пат кога заедно бевме Грција, ти ебам тоа среќата.

Ма кур ме боли бре, пуштале на Гевгелија ? Да ама се чекало....Ма да 21 Мај ќе чекам ако треба, али Грција ќе отидам.
Ајде петокот тргај вечерта во 9, иако не спијан веќе 14 саати, на граница во 11, во Грција во 12 o_O И СЕА ШО ?!

Шо ќе праам ја до 9 сабајле бе ?! Среќа термосот ми беше полн со кафе, а УСБто со добра музика, па си возев пополека и уживав во вожњата :D Ајмо во 9 сабајле во Парга. Време ?! Смрт! Тоа дожд и магла како во Sleepy Hollow да сум отишол а не во туристичко место на море. Гајле ми е, бар ќе одморам на раат без да ми биде криво. Арно ама курац од спиење, жити 3 саати око што склопив. Станав фино лепо, го прошетав градот, спичкав едно гиро, си најдов Корона по 100 денари, ајде 10 од нив, назад во соба. Си завршив тоа работа што си имав, таман легнав да спијам, се уби телефон од ѕвонење. Во 1 навечер !!! ТИ БЕ НОРМАЛЕН ЛИ СИ ?!
Договорот дали му бил спремен...:facepalm: Да бе брат, еве од Грција сеа...во сабота... во 1 навечер....и узо едно ќе зеам да подмачкаме.

Наредни 3 дена шетња, алкохол и плажа. Природа леле мајко. Не се нормални. Тоа планини, шуми, зеленило. Западна Грција е ебење. Заливи насекаде, лимони, маслинки по тоа градовите. По планиниве дури и папрати зачекав на неколку места. Тоа плажата не ми текнува како се викаше. до Парга одма ти е само за да се исклучиш од цел свет. Неколку хотели/мотели до плажа. со сопствени ресторани, па ваљда и тоа момички сопствени им беа, абе маст :D...Тргнав да ја шетам тоа плажата од крај до крај, видов таму нешо демек пештери имаше па ај да видам што чудо е, секако со твоите чим си отишол само фото експедиција ќе е. Туку се менува теренот, нема веќе песок, префрла на камен како идам поблиску до пештерава. Ај уште троа, коа пред мене стадо кози. Диви. И ме тепа мене одма филм, пошто фанатик по Хеленска митологија, викам и на Одисеј му беше вака коа отиде на тој островот од таа вештерката, само него другарите во свињи му ги претворија. Али јбг, свиња во свиња не може да претвориш :D Дај да видам што има зад тоа каменот огромен. Троа ги брцнав нозете низ море за да влезам во пештерава, коа таму глеам бикини, оставени на карпава. Цел комплет. НЕМА ШАНСА КАЈГАНО МОРИ ДА ЈА ИАМ ОВАА СРЕЌА ЈА ?! И знаеш шо ? Ја немав...

Викам чим сум дошол до овде мора да влезам подлабоко, во мистеријава мислам, да ја решам :D Коа, ме претркал некој ваљда, освен ако не си го понела од дома. Шлап-шлап, као да си шлупкаат бранчиња ама не се бранчиња :D Си го вози типката, типацов. А богами типката јака, а тој, накај 50-60....Јбг, ваљда повеќе пари имал....А можда и да беше љубов :ROFLMAO: Полу круг, 180 степена, правец назад. Јебем ти и митологија и се, знаеф дека се тоа се измислици.

Вечерта реков ќе отидам во тоа барчето, фино ми се виде опремено, ќе пијам едно точено. Башка и тоа скандинавците цело време тука се вртеа, а богами некоја бледа, со плава коса и чат пат по некоја пега, вози филм ;)

ШТАМА ! А реков не си кршам филм, бар точено ќе пијам. Строго флаши и жестоко...А така ли ?! Ајде уште 10че корона и 2 гира, правец назад.


Вторникот дома, ракава ме уби по пат. Нит стегач си зедов нит тоа апоите. Ја сјебав на фудбал пред 2 месеци, сеа ќе помине, после ќе помине, никако да помине. Вторник вечер дома, среда сабајле на „тријач“. Ми швркна 500че, за саат време, за на крај да ми рече, оваа мора лонгета да и ставиш. Па добро бе клошар, знам дека и треба лонгета, затоа вака се заебавам :facepalm: Ако можи без неа.

Овој за договорите пак се убива од ѕвонење, ми вика ја викендов доаѓам, а ја викендот, Софија на ергенска. Викам човек, ја не сум тука, ќе ти најдам преведувач, шетајте тие 2-3 дена. Башка ти треба уште еднаш да се видиш со странкиве, сакаат повеќе пари.

Среда, четврток поминаа пијано. Зошто, што како, појма неам ... Важно ми дадоа наочари, ми вика слеп си. Не го глеаш светот ко што треба, а со наочариве бетар.

Петокот накај Скопје, сабота накај Софија. Ајмо куратари 7 души, ќе одиме Софија. Зошто, што, како, појма неам. Али ергенската морало да биде надвор од Македонија. Па нека биде.

Стигнавме во хотелот, е богами убав хотелот. Коа гледам „ БУЛЕВАР МАДРИД “....Ееее бреј си викам, вечер финале Реал-Атлетико а ние клошари наместо Милано во Мадрид те однесовме.

Симни тоа потот од тебе, смени алишта, да земеме кафе и алкохол за вечер....фудбалов да го глеаме...Ергенска веќе е на добар пат :ROFLMAO: Ај до центар...Е ај.....Кој ебан центар бе...20 минути одевме, нит центар нит ништо. Видовме некој парк, некакво си зеленило, ае тука кафе ќе пијаме.

Среќа матурите на бугаркиве им ги зачекавме, па богами одморивме. Не знам дали од кафето или од нив, али по расонето некако делував. Али бугаркиве леле мајко. Што е она бе?! Па американците не праат онолкави фешти за матура...

Собравме алкохолот назад во хотел. Алкохол поефтин него ли тука, али небитно :D....Секој различно пие. Да ме прашаш што видов од фудбалот ќе ти кажам дека Рамос даде гол, остатокот не знам...до продолжениа глеавме :D...Надвор на тераса, цигарче, Џејмисон и ја, коа не сме биле ние единствени гости во хотелов. Две соби до нас, од десно, 2 момички си прае фешта. По кошулче и ништо друго. Ајмо ко орангуатни сите на тераса, викај по нив. Фино лепо си се позаебаваа типките со нас, си ги прибраа тоа чорапите од маса, си влегоа во соба. Нит глас им чувме уше еднаш. Дур ја и уше еден од ергениве им мафтафме на тоа студентките во зградата преку улица што полуголи си се шетаа низ стан, се дур не спуштија ролетни, овие ја најдоа таа магичната страна :D...А богами и Дијана :sneaky: Ајмо Дијана, ќе те бараме накај 3.


ТAXI...5 лева, PM...Е тоа е клуб. Да те дочека како господин. Ние маса резервиравме тие во ложа не ставија. Ајде тоа водката на маса, 0.7 литри и не ја сеќаваш дур ја пијеш, али битно свети во темно :facepalm: 25 евра шише.

Чаша во рака, ај пред бина. Шо ќе правиме во ложа бе ?! САМО МАЖИ СМЕ !!!.... Коа ете опет матурантки...Си се задеваат момичките...Ако ...И ја знам да се задевам... Кумот го праќаш на друга маса кај другите момички, ја викам матуранткиве ќе ги соберам. Курац ќе ги соберам. Задевање, ѕенцање, пијачки, ти игра во скут, али со тебе во ложа не доаѓа. ДЕ БРЕ ВЕЛАМ !!! Вие 5 сте, ние 7. Ја сум прилично пијан да излезам на крај со 5, а не дека ако не бев нешо многу ќе сменеше, али не им кажав тоа :D...Не доаѓа и не доаѓа. Ае уште пола саат со нив дреме, играј, убедувај се, коа глеам кумот ги свлечкал овие назад. Аааа јбт....Кумов искусен....Им се популив уште троа, викам ја не дојдов до Софија во дискотека да се лапам....Ае водката со мене, надвор на цигара...да се отрезнам де...Коа само што ја палам цигарата си доаѓа една плава типка до мене, типацов и зборува нешо на Англиски, ја напнува...Го одеба фино лепо...Мене смеа ме фати почнав да се смеам...Шо си ? Која си? Од кај си ? На така пијано, изцепкан англиски, кога таа Бугарка да ти била.

Ајмо муабети, ние еве на ергенска....Што, кој, како, со кој сум..Не прашувај пошто не знам :ROFLMAO: Демек мажена била...Тој со другари таа со другарки...Со 2 деца била...Ја глеам вака...Ти повеќе од 27-8 шанса нема да имаш...26....на 17 се омажила....Али најбитно било да се има разбирање во брако !!

А така ли ?! :sneaky:

Ајмо внатре на пијачка, си ги собра другарките, ајде кај нас во ложа...Кај нас на маса, жив пес нема...Секој на своја страна....Ќе се врата велам...Ајде уште една водка...25 евра, али јбг...да се има разбирање во брако.....Се вратија ергинве, ајмо на цигара, ај пак внатре, ајмо на цигара....

Јебига ваљда и на сето тоа разбирање и требаше малку брачно советување :свиркам::kruna:

Ае фино лепом, си се вративме на маса...Саат глеам 4..:АБЕ ДИЈАНА !!!! Ај...таа пари бара, на овие веќе фрливме...Ај со нас...ААА НЕЕЕЕ ....зашо не....Една му вика ако сакаш ти со мене во стан...друга вика на мене рано ми е...која на работа била...која деца имала за чување....Мене гајле ми е...Вецеата чисти мајку му во клубов..Браво...Е ТОА Е КЛУБ !!! :ROFLMAO: Заеби што сметката беше 600 евра xD

Си излеговме како што дојдовме...пијани и без жени...Викам ало, дај бре да се вратиме не ни е на нас ергенска, него му е...НЕ ! Кај Клеопатра како фараон да се чувствувал....Е ај кај Клеопатра....

Таксистите со нас, ваљда мислеа и тие ќе ќарат, кој ги ебе:kuracc: Клеопатра само за злато играше....Ае уште 100че...Али бар фати силикон...Абе велам, тебе само за фаќање ли ти беше ? Доста е !...Поштуем (y) Не разбирам, али поштуем :D


7 саат сабајле бараме такси ти вика 20 евра...КОЈ БЕ 20 ЕВРА...ае пешки назад до хотел...Гулаби бркавме ебате...3 километри 2 саати ги одевме...Во 9 во хотелот, во 11 во кола...Ја спијан, 30 минути...Од очи алкохолов ќе ми излезе...Ае каснавме што каснавме...Ги остаив Скопје, ја назад за Прилеп.

Ме отече овој со договорите, морам уште посабајлечки да видам што напраиле дали се договориле. 9 саат Прилеп, 10 саат на пиво со другари...Тоа дека смрдам на пот и алкохол небитно :D...

2 саат дома, 7 на нозе...Како успеав и ја не знам...Нозеве не ми одат..:Ае 2 дена со тоа договорите се заебавај, средивме што можевме да средиме...Се договориле, нешто како демек. Тоа ништо не се договориле. Другаров што го пратив да преведува, ја усрал до немајкаде...Ае и тоа го оправив...Средено...Печат носиш ? Не....:facepalm::yid:

Шо ќе потпишуваш без печат бре ?! КАЈ НА НОТАР БЕЗ ТЕКОВНА ?! Ами само со пасош и потпис може....o_O

Вака и вака ти стојат работите...ААААА ЕПА ОКЕЈ !!! Ај уште еден ден печат да извадиме....Да средиме и тоа...бар нека се потпишат па следно идење на нотар ќе се заебаваме...Средено, направено, ае вечера до аеродром да се испратиме...Кешарица, а плус 2 штеки Малборо, пошто сум бил љубител на цигари...ЊАМА ПРОБЉЕМ !!! Хев а сејф трип, ајт назад во домата.

Пропратно овие 3 дена морав и родендени да славам и со другари што се неам видено 2 месеци да се видам...па и тука некако пијано пројде...

Муабетот ми е драга.....ТЕК ЈЕ 2-РИ ЈУНИ !!!! :ROFLMAO:
 
Драга,

Кога си во врска со дечко ми, ако ти треба локација да одиш некаде пеш каде што не ти е познато, ќе ти нацрта траса во Google Earth, најоптималната нормално, па дури и имаш обележано каде да ја преминеш улицата зашто понатаму моментално го копале тротоарот.
Сум се смеела насред пат ко мрдната. :D
 
Чувството кога ќе си го згмечиш прстот, со врата од кола. :yid:

Ja батка, деновиве ги планирав да вежбам математика за испит, ама некако спонтато се' излезе, три дена унапред да планирам да измислам торта. :ROFLMAO: Па така некако спонтано ја напраив. :D Утре планирам исто така спонтано мини пици да напраам. :D Најверојатно четири различни вида, ама ќе видам, сакам спонтано да изезе се' тоа. :D Порадо ќе се измачувам сама себе, ќе готвам за други, работи што не смеам да ги пробам, него ли да фатам да учам. Али неееема врска. :D(y)
После спонтано и собата ќе си ја чистам. Ништо унапред не планирам. :D

И знаеш шо? :D У ствари ти мора да знаеш, не смееш да не знаеш. :icon_lol: Мора да знаеш дека нема ништо боље од пижама. Значи пижама ти је права ствар! :D Значи пижама ти е... љубов бе. xD E, замисли сеа, си лежиш у пижамче, у десна рака имаш кочан ладно златно дабче и си уживаш и си пливаш. smileys-beer-608939.gif A знаеш шо е боље од тоа? Освен у десна и у лева рака да имаш златно дабче. :kruna: И плус у фрижидер некое да се лади.
Е, е, е! Кажи? :vozbud: Кажи? :vozbud:Кажи? :vozbud:Милина бе батка. :D

А ја нема да биде лошо да прекинам да си замислувам и да фатам тоа книгата. Мислам добро сеа... има време. :D

funny-student-books-head.jpg
 
Мразам да спијам на стомак, ама спијам...навика.

Главата ми е цел ден полна со глупости од оние клиповине ``мужа нема, слободна сам жена, два сина у затвор``, ``живим од социјалне помочи, берем картоне``, ``хтела би да се удам, ал ме нече нико`` хах.. :D:facepalm:

Единствена позитивна работа деновиве е што денес кончено добив позитивен одговор од професорката дека магистерската ми е готова за конечна верзија, кооонечно, ама знаеш шо значи к-о-н-е-ч-н-о! Досега беше ај види прочепкај уште малце, најди овде нешто, таму нешто, па ај после избриши го, па ај врати го... абе ми се качи не не главааа, не знам каде...

Прославив со две пива... добро било ова Smooth :D

И ај по можност, сакам секој ден да се смеам како денес! Не барам многу!
 
Неверојатно:
Кога ли ќе дојде човечето со чадорот да ме шиба по оваа моја тимба!?
Како и да е, не дојдов за тоа, туку да кажам нешто на енглески: One down, four to go!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom