Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Причината поради која понекогаш не можам да догледам некое интервју е фактот што водителите не ги оставаат гостите да ги одговорат прашањата. Само што почнал да одговара, му се убацува со свои коментари, го одговара прашањето место него и слично... мислам у реду е, сум пуштила за да видам гостинот што има да каже, ако толку сакаш да одговараш на прашања и да збориш или направи си монолог во емисијата без гости или отиди кај некој колега во емисија и таму олеснувај си ја душата. Ова важи за секаков тип на емисии: и забавни и политички.
Не можам, сериозно ми се крева косата на глава секој пат кога ќе почнат така да дрднаат и најчесто после 5-10 минути едноставно менувам канал или ја исклучувам емисијата. НЕ ГИ МОЖАМ!
 
Се немам напиено убаво повеќе од месец дена, сега малце се заграв некоа ракија ама не е тоа тоа, мораше да прекинеме за жал, другиот викенд, живи и здрави, планирам убаво заседнување. :pivo2:
 
Дневна доза патриотизам и попис на членство на фејсбук
CegDGPlWAAAIGyQ.jpg
 
Интернетот денес... наместо поле со бескрајни информации, простор на спојување и разменување на идеи,мисли и инструмент за надградба на човештвото и човекот, стана алатка за его boost-ање на луѓето.
 
Batman vs Superman ? Seriously? требало да биде Justice League Dawn of Justice ...бем ти и филм и све коа 2 саата го тупат за на крај да се распукаат ко шо треба ...

Додатно на се, македончето е најголем шлајм и тоа се докажува дури и во кино - урлање ко орангутани, светење со ласер и оставање ѓубре ко на бувљак да сме ....ЕУ? у Африка не би не примиле...

Тоа е тоа накратко ....и мука ми е од животов али тоа у друга тема.

З
 
Драга Кајги сакав да ти пишам некни ама заборавив.
Значи враќајќи се тогаш од факултет, на автобуската имаше еден многу, многу, многу убав бел камион. :love: Ми идеше да го шутнам дечкото и да му го киднапирам камионот. Да видиш само колку беше убав така застанат стоиш го гледаш и мислиш ти вика "Дојди, дојди земи ме, вози ме...", и ете ти го автобусот стигна, морав да се качам и да ја прекинам таа моја мала кратка авантура. :place: Тежок е овој живот Кајгии тежок.

И уште ова да ти го кажам Кајги, Тоше ми фали секој ден не само на неговиот роденден. :(
 
http://okno.mk/node/54548
Не знам дали сум нормален шо се смеам на ова, али "колумната" за Бетмен хахахахахахаххах, мислев прашањето е реторичко пред крај :pos::pos::pos::pos:
 
Драга
Семинарска за VW во ниедно време. Пребаруваш се за скандалот и можни теории на заговор.
Доаѓаш до ова мастерпис, мислам дека е од досада е и ова ама добро ме насмеа
tumblr_inline_nvt0otVrwh1tqem84_1280.png

и сега мора говна да пишам од вакви глупости.
А, кога сме кај говна, пред три дена во Зегин-Буњаковец влезе ѓупац и се покака на плочки зошто не ги оставале да просат пред Зегин. Онака, ко ќе мислиш дека све си видел и ништо не можи да те изненади..
 
Знаеш дека си дно од човек кога Work од Ријана ќе ти влезе у глава и си ја потпевнуваш ко мрднат у себе. Уствари зашто КО...
 
Последно уредено:
Најмногу мразам неверство и предавство. Тоа за мене е ужас.
Сакав да пишам една случка од денеска, но не, секако немам никакво инфо.
Сега си слушам Iron Maiden. Сум приметил дека кога слушам хеви метал, тој период сум поприлично гаден човек, брутално искрен, терам во мајчина секој по заслуга.
Не ќе е да е на арно.

Кога спомнав неверство, сега баш се сетив на една дешавка од пред неколку месеци. На последниот ден каде што работев во Скопје, со шефовите последниот работен саат го пројдовме во пиење ракија. Пред да си појдам накај село, мораше да идам да го одјавам интернетот во Телекабел. И таму госпожата беше исклучително фина, на крај ме праша која е причината за раскинување, а јас простодушно со малку здебелен јазик и одговорив: Пиши неверство!
 
Кеј


Најбед е кога си искочен негде и седиш одма пред звучникот. Буквално на уво ти е. Еве уште ми зуе во главата ради тоа. Па уште се обидуваат и муабет да ти праат во таква ситуација. Џабе кога ништо не се слуша. И нешто најбитно да ми кажат нема да го слушнам. Али јбг сеа кога така беше резервирано..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom