Револт Драга.
Спрема другите а всушност спрема себеси. Не научив да останам среќна, весела, насмеана. Научив да се смеам пред тагата, да живеам пред смртта, да бидам смрт пред животот, сокривајќи се и нормало suppressing. Кај ме доведе ова навлегување во сопствената личност?
Пролетта да ми мириса на тага.
Смртна пролет да биде таа а не полет.
Дејствувањето – одбројување и тоа разнебитување.
Колку тешко ги чекорам патеките зад кои ги оставивме нашите чекори, само да знаеш. Колку болно те оставам уште малку кај мене – а вечно!
Секој здив проголтан ми ја носи илузијата за сите минати, тековни и идни настани.
Заглавено чекам да помине мигот за да дојде наредниот, уште повеќе неподнослив. Да поминам и јас како време, да помине времето на мојата иднина, времето, на мојата денешница.
Сакав да се најдам среде планина, среде чиста шума, од човечкиот вид, кој прогресивно неподнослив ми ја уби желбата за поврзување. Сакам да се најдам среде поле од зрак чувано, без трошка самотија, која ја повикувам лажно, за да се сокријам среде себе, сред осаменоста и пустата желба, пуста да остане.
Не успевам да го поместам фокусот, штета...
Зошто примарното останува примарно колку и да се залажуваме низ друго. А под примарно се разбира мислам basic human needs.
И ич не ми е јасно песнава зошто ме растажи, не комити и војводи, мелосот нешто тага...