Во државава изгледа нема никаков закон за заштита на личните податоци на обичниот граѓанин...Имено, пред скоро време земав нов број на приватниот телефон и во моментот кога тој ист број ми го знаеја само тројца луѓе, ми се јави личност што последна на светот сакам да ја чујам и со години немаме никаков контакт..Бев фрапирана и кога го прашав од каде го има мојот број се насмеа дебилно и ми рече: -Ехх, јас ли...? -Сегде имам врски...
Е јас па сеа, да имав повеќе време и нерви, ќе фатев со тужби како најпрво до мобилниот оператор...
Мене поимот
мир во животот ми е тотална апстракција...!
И колку повеќе го запознавам менталниот склоп на некои луѓе, све повеќе го засакувам моето куче...Кога го гледам во очи, не гледам куче...
И често самотија, не значи да си осамен...Напротив...Баш напротив...Тоа на моменти е вистинско уживање, релаксирање, опуштање, одмор, хармонија, идила, време за филмови итн...
Осамени се вештачките фаци во сабота навечер, со едно кило пудра на лице и штикли од 20 см, напикани по смрдливи и бучни локали, чекајќи да им пријде некој, да внесе 'свежина' во нивните животи, да им го бере гајлето, бидејќи така треба и така е правилно...
Ги запоставив доста пријателите заради работата, но ми следуваат доста слободни викенди и се надевам ќе надохнадиме за изгубеното...
