Јој, и официјално надвор од бетонот.
Па шо знам, ќе фали малку, слободата, погледот и моментите.
Вчера седиме на клупичка, јас со ранецот и торбицата и она да ми праи друштво.
Чекав петка, ама клупичката малку подалеку од станицата.
Испуштив неколку петки.
Предтоа бевме мавнале еден кец, зачуван за црне дане. Ама од сабајлето тоа, од Охридо пред да си тргнеме. По пат се спиеше феноменално. Али не доволно. И криза за вода после, нели..
Едно детенце пред нас такво со точаче си вртка.
Ние го загледавме, викаме ај ќе му обратиме пажња, ни се глеаше претстава.
Ни упали!
Детенцево примети дека го глеаме и почна некои акробации со точакот да праи.
Почна со една рака само да вози.
Ја подигаше левата нога, мислејќи дека и тоа е некоја акробација..
Направи два-три брзи круга и под око погледнувајќи не. Ние се кикотиме. Смешки.
Па застана, го потпре и зема да го чепка задното апаратче и ланецот, демек нешо поправаше. Се притисна, малку писна, ама му текна, малку клекна (woah римава) и се качи пак на точакот.
Сврте уште едно кругче јако и го снема.
Ја викам 12, она, 8 години има.
Ај ќе го прашаме коа ќе се врати.
Ај.
Поминаа уште две петки, малце и се стемни.
Не се врати.
Толку ми се спиеше, и задремав у скут.
Ај оваа идам.
Не, уште една.
Е ај.
Па поминаа две.
Прдлево уште го немаше.
И у Кочани виножито. Real shit.