Досега во животов сменив 4 пасоши и конечно денес извадив без да има некои дешавки својствени само за државава
Првиот пат извадив пасош на 8-9 години откако почнав да идам по натпревари, не можев веќе да бидам на пасошот на мајка ми. Идеме во МВР да пополниме барања, поднесуваме и тетката на шалтер им вика на мајка ми и татко ми со бледа фаца, „Извинете, девојчево не постои“

Најпрво да кажам дека поради тоа што имам потешко и невообичано презиме за просториве, ботот што најпрво го запишал татко ми во Струга во матичната книга на родените, го запишал под различно презиме од тоа на баба ми и дедо ми

А кога сум се родила јас и ме пријавиле моите, мојот бот кој ми го испратиле наречниците, што којзнае што направил да не постојам, пак си внел негова верзија од презимето.
Да ја скратам приказнава, три генерации дома имаме три различни верзии на презимето, а да не зборам за роднини
Се враќам на првичната приказна, прашува таа вие сте му родители на девојчево и татко ми и вика па гледаш дека личи на нас

викна таа некој од погорните сектори и тој рече дека за да ме внесат во базата ќе морало изводи да донесат мајка ми и татко ми. Лошата вест, својствена за ФИРОМ нели, беше тоа што татко ми мораше да оди до Струга да го вади изводот зошто таму е роден, како демек нема средства за комуникација и во Македонија и праќање пораки по голуб е нова технологија. Среќа не ми требаше за итно пасошот па го средивме тоа. Да знаев дека не сум внесена и не постојам во базата на граѓани на Република Македонија (иако имав извод али ај еве фиром е фиром) ќе откажев и пливање и школо и се`, криминал ќе фатев.
Вториот пат кога извадив, надвор -30, гужви во МТВ колку сакаш, го земам пасошот конечно после ред чекање од саат и нешто, отворам да видам дали е се` во ред, неписмените ми го ставиле презимето од татко ми и мајка ми

и викам на таа, извинете, ви пишува таму дека јас се презивам вака а моите онака, се чита јасно нели. И ми вика, извини, почекај уште малку, сега ќе средиме. И да, знаете за колку време ми беше готов новиот?
20 минути. Е толку требаше да се изработи на три пати помалце државна администрација од денес.
После требаше да се смени пасошот оти немаше веќе страни за визи (спорт и играорна, тоа е муабетот) и влагам да се сликам за биометрискиве, во станицата еден од браќата. Ми вика, ти си Мачедонас? И викам да. Ми вика ми делуваш како друго државјанство да си хехехехее (еееееее

) Си викам леле not again и мислев се зеза ама братов стварно проверуваше да не имам друго државјанство, налет тоа што го закочи некако системот, па го згреши пасвордот кај што бараше, па му даде unauthorized access па мораше да се рестартира со картичката, направи гужва од МТВ до мост Гоце Делчев
Психички се спремав за овој ден денес, презимето во уплатниците го напишав со капс лок и одвоени буквите убаво и читко да нема шанси некој да згреши, во формуларот презимето на мајка ми и татко ми исто така го потенцирав и дечкото ми вика ааа ова глупостиве со презимињава, тоа е, неписменоќа. И ми рече дека ако сакам да се пресликам ќе ме преслика зошто сум била левак

Му викам како сакаш сликај се, исти си си, батали му викам, дај ливчето и да се губам. Ми го зедоа постоечкиот и сега можам само друштво да им правам на мигрантине од Евзони до Табановце.
И така, многу чудно се чувствувам кога ќе завршам работа низ државава а вклучува лични податоци а не треба да го диктирам буква по буква презимето. Бидете среќни вие што сте Ивановски, Јовановски, Петрески, таков благодет во животот многу вреди, јас да ви кажам.