Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга

Многу ме нервираат оние типки и типови што овде споделуваат некој скриншот од што споделил на фб, немаш ни ташлаци ни храброст да му коментираш, па ајде "скришум" овде да се напрајме демек "паметни" па да добиеме по некое лајк4е.. НАТИ!
 
Драгајче,

Еве колку за инфо да може типацов да спие на раат, споделеново е потпис од Беркут не е од на фб. Нека не се секира дали имам храброст или не, не ми треба лајкот, нека го повлече ;)
P.S. Еве му лајк од мене за грижата. :*
 
Драга тргнав со помисла 15 рандом мислења да му лајкнам на Асенчо, да не моли пак за лајкови. Али 14 му лајкнав, нека пукни од мака што има 1499. :kafence:
 
Драга Кајгана ...
Утре одам во војска доброволно ќе служам па после тоа се надевам преку конкурс би влегол во некоја единица ... Поздрав се гледаме
 
Влагаш у рандом бутик,и продавачката те следи ко куче трагач,и добиваш осеќај ко да си приморан нешто да купиш,а притоа не вика ни изволте ни ви треба нешто:tapp:.Ми идеше да и се свртам да и речам кој мој се влечеш по мене,ебате глупачата.Затоа пошутам бутик,у кој сам си пробуваш што сакаш,а притоа не ни мора да ги враќаш работите на место,него можеше да ги оставиш во гардеробата.Само ја од навика и таму си ги враќам.Е затоа ваквите бутици ќе имаат работа,затоа што вработените не им служат ко кучиња.
 
Kajгано,
мене ич не ми е битно шо младинците на Србија у фудбал освоиле нешо.
 
"Бара на медиокритети, каде куршуми летаат кон квалитетот и индивидуалноста. Се препелкаш во гомната и си среќен што робуваш за да можеш да ја продолжиш агонијата.

Придружи им се и откажи се од соништата, немаш право да бидеш туѓ, затоа што се плашат од туѓото. Ако си подобар-не си им по волја,ако си слаб- ќе те згазат веднаш. Успори го и сопни го тоа што трча, поткастри го тоа што штрчи. Ако некој се искачува, повлечи го надоле и скрши му ја кичмата. Сите во една пештера, биди како нив, тоа е патот кон среќата. Сега си дел од толпата избрани дебили кои сакаат да им ги кршат крилјата на луѓето."

ДК,

Еден извонредно талентиран момак од соседството го опишува ефектот на стадото, во една од своите песни. Ја преслушав денес, сосема случајно после подолго време.

Се натажив и обесхрабив:(
 
Последно уредено:

Викенд, 20 и 21 јуни, трет во месецот...
Малце политичка реклама, ама секогаш ја поздравувам одлуката за бесплатен воз за младите, со тоа што треба таа пракса да се зачести, а уште поубаво би било да имавме средства и самите да си ги плаќавме патешествијата низ Македонија :icon_mrgr:

Овојпат мета за посетување ни беа изворите на Бабуна кои се наоѓаат на планината Јакупица.
Две недели го ковавме планот и на крај решивме да тргнеме во сабота сабајле, да одиме до Богомила од таму до изворите на Бабуна, па да преспиеме во планинарскиот дом Чеплес и да се вратиме наредниот ден.
Како и секогаш најпрвин цело друштво се согласува, за на крајот само едни исти да тргнеме во вакви походи :icon_mrgr:

Времето беше една од големите пречки. Не се оди на планина на врнежливо време, особено не на Јакупица која е позната и како Мокра планина од причина што константно врне во повисоките предели. Два дена пред тргнувањето, во Скопје не престануваше да врне, додека сончевото петочно време беше показател дека сепак ќе се упатиме на патувањето. Сепак, вечерта ни донесе нови врнежи кои придонесоа да се двоумиме на 3-4 саати пред тргнувањето на возот. Одлуката падна, одиме сега или никогаш :icon_mrgr:

Во 6 часот се собравме кај нас во маало и тргнавме накај железничка. Како и секогаш возовите ги фаќаме во последни секунди, па така возот за Битола го фативме на минута пред тргнувањето. Моравме да седиме разделени бидејќи возот беше преполн и да бидеме приморани да слушаме муабети од старци. Цела лоза ја дознав на еден дедо што седеше во моја близина, уста не затвори :angel:
После двочасовното патување, запуштената станица во Согле беше знак дека треба да се припремиме за симнување. Во Богомила на пречекаа неколку луѓе кои ни нудеа превоз до Нежилово, селото од кое требаше да го тргнеме походот по Јакупица.
Решивме да не даваме пари и да пешачиме околу 9 км до споменатото село.
Како мал постојано за време на летните распусти одев во село, во околината на Дебар. Секогаш се враќав исполнет со еден куп спомени, со месеци раскажував настани и до ден денес братучетка ми знае да ми рече дека секогаш сум се враќал како нов после селските посети :icon_mrgr:
Овие два дена се потсетив зошто толку позитивна енергија сум добивал кога се наоѓам помеѓу такви стари градби, надвор од цивилизацијата, помеѓу живина и најразни овошја... :icon_mrgr:
Не сум знаел дека во Богомила некогаш имало фудбалски клуб. Игралиштето е обраснато со висока трева, се гледа дека со години не се игра фудбал на истото. Штета што и другиот клуб од општина Чашка, Бабуна од Мартолци се распадна сезонава... Во Богомила играла екипата на Железничар, која пред 20-тина години била дел и од втора Македонска лига...

Неизбежно беше да седнеме пред кооперација :icon_mrgr:
Извадивме јадењето, продавачката ни даде столчиња за седење, а од продавничињата ги купивме сите работи кои ни беа потребни. Продавница за се, од буреци и сирењаци од Жито Велес донесени тазе во саботното утро, до секакви пијалоци, цигари, ранци од уан дирекшн, лакови за нокти итн :icon_mrgr:
Цело село веќе беше на нозе, кој си ја тераше работата, кој бараше луѓе кои ги превезува до Чеплес или Папрадиште, кој си пиеше пиво пред кооперација, нешто што нема шанси да го видиш во градска средина, особено не во 8 и 45 во сабота:icon_mrgr:
Дојде време да тргнеме на долг пат. Се скапавме одејќи до соседното село, околу 8км, поминавме од крајот на Богомила до соседното Нежилово. Патот како од соништата, насекаде шума, се слуша само течението на Бабуна, мостичиња кои се појавуваат од време на време долж патот, а повремено тишината ја прекинуваат селани со трактори.
За Нежилово слушнав прв пат во животот. Ако Богомила има повеќе стотици жители, Нежилово со сигурност нема ни 50-тина... Нема асфалтиран пат, куќите се во страшна состојба, но заедничко е што сите имаат Total TV :D
На патот до селската чешма не дружеа една мајка и ќерка кои одеа на лозјето да го кроеле уште рано сабајле. Не :израдуваа" со тоа што ни соопштија дека имаме уште над 10 км до изворите на Бабуна, а не предупредија дека најверојатно истура дожд на тој предел.
На крајот од малото селце наидовме на хотел со рибник. После неколку минутен одмор, решивме да прашаме какви се условите во хотелот. Испадна дека цената е ниска, и дека добивме сто пати подобар смештај отколку во планинарскиот дом Чеплес. Си резервиравме соби, и набрзо тргнавме во финалниот поход.
Времето не ни одеше во прилог и веќе се слушаа повремени грмежи што морам да признаам дека влеа доза на страв дека ќе не учука некој гром, особено што бевме на многу лошо место,обиколени со дрвја од сите страни. На земјениот пат сретнавме само едно комбе со шумари и тоа на враќање од местото и уште еден човек за кој ќе спомнам подоцна :D
Еден од другарите беше решен дека ќе се враќа назад, ама не му дозволивме. Го убедивме со обратна психологија :kuracc:
Единствено нешто што гледавме по патот беа обележја за мал и голем маратон кои се одржуваат долж оваа патека, но немавме врска уште колку имаме до изворите. Знаевме само дека треба да свртиме десно во некое патче. Наидовме на некое патче и свртевме. Набрзо не исплаши шум зад едни дрва. Се опремивме со стапови и бевме подготвени за средба со диви животни. За среќа, немаше потреба за реакција... :icon_mrgr: Завршивме во една нива, каде што еден тракторист си ја обработуваше земјата. Не насочи уште 2 км над нивата... Патот до изворите беше многу стрмен, целиот беше со камења кои беа преплавени од мокри лисја, со оглед на тоа што долго време врнело. Со оглед на тоа што сите бевме по обични патики, едвај се качивме десет метри и решивме патувањето да го завршиме на падините од изворот на Бабуна. Не успеавме во намерата иако изминавме огромен пат, но сепак никој не си замина незадоволен :D
После дознавме дека пред извесно време некој планинар истотака се лизнал на камењата и на мокрите лисја и загинал на тоа место...
Полека почна да врне и беше време да се упатиме назад. Во наредните час и пол не искина дожд, а откако дојдовме во хотелот почна уште појако да врне.
Патешествието ни траеше од 6 часот до 16 и пол :D
Во хотелот бевме единствените луѓе, па изнајмивме повеќе соби од што ни беа доволно, пошто се плаќаше по човек :pos: Што ти се вика луксузирање :icon_lol:
Во рибникот имаше гости, можевме да ги забележиме шоферите од ЈСП кои ја возат 16-ка :pos:
Цел ден трештеше радио Роса :icon_mrgr:
Каква вечер имавме, се навратив на екскурзиите во основно :pos:
Нема игра што не ја изигравме, ама дефинитивно најсмешна е играта кога треба да погодиш кој лик ти го замислиле останатите. Аууу :pos: Животов ми се продолжи од смеење во овие два дена, само си се потсмевнувам дома, а на моите не им е јасно зошто :icon_mrgr:
Се изнаспавме 8 часови, и наредниот ден накај 11 си тргнавме да фатиме воз за Велес :icon_mrgr:
Да, Велес секогаш ни е попатна станица, ради добрата скара :pipi:
Патот до Богомила уште подобро ми дојде. Се исклучував на моменти, затворав очи и цепав мижеечки. Времето скиселено, автомобили еднаш во 15 минути, а патеката страшно ме потсеќаше на некоја патека од Колин Мекри релито... По пат имавме мала незгодна случка кога налетавме на еден тип што имаше пуштено кози на пасење, а ги чуваше со шарпланинец, и четири други кучиња кои ни се сснаа асално :icon_mrgr: Кога ги подбра со стап, нема лабаво. Типот ни беше генерација инаку, што значи сеуште има млади кои си го тераат селскиот живот, што искрено ме радува, со оглед на тоа што жалосно е да се испразнат сите села ширум Македонијава...
Каде што го тргнавме патувањето, таму и го завршивме, пред кооперација :icon_mrgr:
Продавачката тажно констатираше дека не ни се погодило времето, не праша како сме поминале, а кога решив да купам сладолед, на сите старци им кажа колку сме биле ненормални :pos:
Во недела не им носеле бурек, па моравме да се задоволиме со јадењето што ни беше останато. Се заигравме со селските кучиња и мачки, па си тргнавме да го фатиме возот. Еден другар ја зезна нешто ногата и куцаше на 20 метри позади нас. Поминува еден старец и ни вика:
-Она позади ваше е? Она што куца... Да не е од Сирија или Либија, они вака куцаат :aplauz:
Каква констатација човече :icon_mrgr:
Следна станица Велес, следно место за посета, Кај Димче :icon_mrgr:
Си легна скарата, си легна и десертот и време беше конечно да одиме во Скопје. Возот доцнеше половина час, со оглед на тоа што беше линија Гевгелија-Скопје, знаевме што не чека :icon_mrgr:
Доаѓа со еден куп полиција, задните вагони наменети за имигрантиве, а за нас само предните два. Со еден од другарите им улетавме на Сиријците, па не симна полиција и кога се качивме во предните вагони стоевме 18 души во мало ходниче :pos:
Другите другари беа на другиот крај, едниот зашмекал некоја типка, па чекаме да ја ќари и идеме на одмор во Охрид, на нејзина сметка :icon_mrgr:

Изодевме преку 40км во два дена, се изолиравме малце од светов, уживавме во планината и селската убавина, ама првичната цел не ја остваривме целосно... :icon_mrgr:

11653260_10206080883078843_1932301604_n.jpg

Јакупица кај и да е, ќе испари целосно :icon_mrgr:
 
Па Драга, дојде и денот Перница Кралица Пласибо да ги гледа во живо. Ќе си вриштам, ќе си плачам од среќа. "But I'm leaving this worry town!":vozbud: Ајде денес како турист, утре здравје дијаспора.
 
Кајганке

Заради службено патување надвор од земјава, брат ми ми ја довери бремената снаа на чување, додека тој не е тука. Потсвесно си велам “ајде нема белким да се породи кога тој не е тука, па да незнам што да правам“.:cautious:
Утрото беше посебно. Денес е денот Д, проектот кој што го спремав точни 4 месеци, конечно требаше да ја види светлината на денот, т.е да биде презентиран.
Цела ноќ око не склопив, како ќе биде, што ќе биде, милиони прашања, се имав наоружано со сите можни информации,( совршено добро знам колку ситничари можат да бидат странците).
Се спремив, (дома се во најдобар ред ја оставив снаата), колата и пут под ноге, тргнав за на работа.
По пат ме обземаше некое си чувство на адреналин, што и како ќе биде со презентацијата, ама колку бев добро подготвена што ништо неможеше да ми застане на патот.
Ете ме, на работа, прво утринско кафе. Ми звони телефонот, ме бара снаата „Брзо доаѓај дома, мислам дека треба да одам во болница“:confused: - „Аманннннн морииииии сега ли најдееееееееее“ - си помислив во глава. Ги грабнав клучевите и ајде дома по снаата. Во главата 300 нешта ми поминуваа, дали да мислам на презентацијата, или да мислам што и како во болница, што ќе биде со жената. Стигнав некако дома, јас сина - зелена од грижи, таа насмеана од уво до уво да оди на пороѓај:eek:. „Оффф мори мајко мила, зошто воопшто се согласив да остане кај мене додека брат ми не е дома, што ми требаше и таа обврска да си ја земам на глава, ама се стори“. Ете ме сега со бремена жена во кола, што брзам да ја однесам во болница да се пораѓа:vozbud:.
На што да мислам побрзо, дали да се јавувам на работа да видам како течат подготовките за презентацијата, дали дошле странците, дали да се грижам како да оставам бремена жена во болница и да си заминам на работа, или да се радувам на помислата дека ми доаѓа на свет внуккккккк:vozbud:. Мозокот ми работи 300 на час.
Ајде стигнавме некако во болница (уз пат ја прашав 200 пати дали и е добро, пусти страв да не ми се породи во кола човече, ќе не пишуваат во весници:D). Ја зедоа снаата таму, јас седам и чекам, гризам нокти незнам што да правам, дали да чекам тука, незнам ни колку треба да се чека, може да се породи за час, два, три, може ќе се породи ноќта некогаш. Од друга страна, имам уште 2 часа до почетокот на мојата презентација. Мојата презентација, истата онаа што ја спремав толку долго време, онаа што сите ме пофалија.:pipi: Леле мајко мила ми гори под нозе, кој пат да го фатам, што да направам. Телефонот ме умре, ми звонат моите, ми звони брат ми, ми звонат од работа.
:mad:Збудалевввввввввввв,
Сакам, несакам одлучив да се вратам на работа, да ја оставам кутрата жена сама во болница. По пат ме гризеше совеста ќе ми прости ли некогаш што ја оставив сама, како ќе се чувствува ако се породи за брзо, а да нема на кого да му ја соопшти радосната вест докторот:(. Стегнав срце и ете ме на работа. Само јас знам како го дочекав почетокот на презентацијата:(. Моментот што требаше гордо да го земам, сега се претвори во пекол. „Работа е работа, емоции си се емоции, стегни срце и немој да ја оплескаш сега на крајот“- си реков и почнав. Час и половина подоцна ете ме мене во кола на пат за болница. Презентацијата помина во најдобар ред, :vozbud:, Странците ме испофалија за сработеното, одиме понатамуууууууу.
Стигнав во болница, доаѓам до чекалната, ја прашувам една сестра „таа и таа дали се породи“ - ми вели „Сеуште НЕ“ - ооооооооооооооо не да ми падна камен од срцето, туку цела планина.
Повторно уште една тура гризење нокти, ајде дојдоа моите (веќе беше полесно). После долги 2 часа чекање во болница, се роди мојот внукккккккк
Најзгодниот фраер на светов :love:
22 .06. 2015 година НАЈСРЕЌНИОТ ДЕН :vozbud:
 
Седам со децата и поголемиот ме прашува "Од каде е купено блатчето мое?"
- Штркот го донесе.
- Нема штлкови во болница има мајки.
- Му викам па го сечат стомакот на мајката и доаѓа бебето.
- А кој го стави таму? o_O :cautious:
 
Драга Кајгана,
Абе дојде летово, надвор сонце има, луѓето навечер шетаат по кратки.........., но незнам зошто, јас некако не чувствувам дека е лето онака како што чувствував порано.
:unsure:
 
На секоја една добра работа што ми се случува во животов , доаѓаат 10 лоши.Што ѕвезда ќе имав у пичку матер.Мислам дека да се качам у воз ќе полета и ќе се сруши у Багдад сите ќе изгинат , а јас ќе преживеам за да ме убијат леприне пред камера и да докажат дека Алах > Хесус.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom