Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајг ...

Многу е лошо коа у некој си имал доверба, да чуеш како ти прави муабети зад грб, а притоа тие работи што ги кажува се неточни.

Али ако ... мечот е со 2 острици, јас сум бескрајно толерантна личност, и преку многу работи сум преминала ... али enough is enough, сеа ќе се види и другата страна на мојот карактер, каква личност можам да бидам коа некој ќе ми го пукне филмот.
 
ДК,
Ко веќе запнале со кампањите од 500000 евра, нека уредат некоја за здрави мишки.Се качвиш в такси, смрдит.Влегвиш по институции, по продавници смрдит.Ај пензионерине се посебна екипа, ама врвот е млади луѓе бре по 20-30 години :вонзем:
Кампања во 100 дезодоранси.Нова свежина за новите генерации!
Проект на Влада на МВРО.​
Па после контра протест - за право на слободна миризба.
BTW, на сликине кај постон од @zmej gorjanin го ------- протоколот.Свинското го наредиле по столој.Страшна работа.
 
Интересно е кога цел ден чекаш меил на yahoo заборавајќи дека уствари си испратил на hotmail и одговорот ти бил стигнал на вториов уште во 5 изутрина. Ништо битно, ништо битно не ми ни вратија, нема што да се чита овде, продолжи си со скроблање.
 
Draga:giggle:

Custvoto koga posle 3 dena craving i dusa steganje za cigare izlagas na terasa i palis edno vo tisina i mir.

tumblr_mwbjspGLcr1rvzbdgo1_r1_500.gif


edna godina nemav zapaleno:cool:
 
Драга Кајгана.

Едно од првите работи кои ме научи стариот како дете беше да секогаш да си ги признаам сопствените грешки, да си сносам последиците и да учам од нив. Така и денес.
Ме упеца џандарче.
-Зашто немаш светла?
- Затоа што е 4 попладне, си помислив. Па му ја кажав вистината. Заборавив.
- Ај, кај колегата.
- Ајде.
Едниот од колегите му, заплескан во некоја игра на мобилниот, очите му шараат во стилот на Шојиќ по телефонот.
- Може казнени поени, може пари.
- Ке си зеам казнени. Добро.
Целата процедура трае добри 10-тина минути, зашто мора казна и налог да ти напишат.
За тоа време, љупобитно очите ти ја впиваат реалноста во која живееш. Прво поминува џандар во цивилка, без светла, без таблички, претпоставувам тазе увезена кола, со 100-че сигурно. Му свирнува. Си креваат рака.
Поминува уште еден пријател на келавкото што ме застана. Пак без светла.
Моментот кој онака ме насмеа беше еден, претпоставувам Холандски шофер, кој помина со преку 150-160. Зборам за истото место каде што загина Петар Милошевски. Ке го утепаше на лице место. Ни крена палка, ни тргнаа по него.

Си мислиш, па за кој красни те плаќам? Да, тоа се мои пари од кои те ранат тебе и твоето семејство. Ти си во служба за која јас плаќам. Зашто пред мои очи го правиш ова? Каде е она, сите сме исти пред законот?

- Имаш извадено животно осигурување? Му викам саркастично.
- Што ми претиш ли? - не ја разбра заебанцијата со Холанѓанинот.
- Мислев на човекот што ке те собереше, не за казната што ми ја пишавте.

Ја си ја прифатив вината. Иако законот е апсурден. Така ме учеле. Ке си ги сносам последиците.
 
Драга, официјално и јас полнолетен т.е. од вчера е официјално пошто 3 и пол сабајле е сатот. Како вчера да беше денот кога првпат стапнав на училиште, кога дремев настрана од шо бев многу срамежлив. Колку брзо поминуваат годините... Сега ќе можам рајат да одам в кладилница и да си порачам пивце в кафана :D. Иначе секој втор ден има причина заради која ќе има некоја журка на која секако се прам дроп. Ми требат едно 3 дена лежење по дома да не мислам на алкохол.
 
Кајг
сите убави работи завршувале некогаш и некаде... во скроз погрешно место и уште по погрешно време. Она кога се будиш ко зомби за да се истуриш негде, дури сонцето ти ја гаѓа уште пенџерата, чадот од цигари уште не избегал од глупава соба, а ти се вртат милион работи. Се будиш и сфаќаш дека се отишло у мајчину, дека одамна си го бараш спасот да почниш од некаде и нешто ново. Не дека сакаш, убаво ти е старото, смирено и досадно поминато време.

И тогаш одеднаш некое чувство на вина поради несигурност, дежурен кривец ебате. Она безчуствително створење што сите го знаат. Не, некои работи не продолжувале исто колку и да сакаш и да се трудиш, нешто мора да пропадне. Мора да се сруши кулата од карти, некаде и некогаш, колку и погрешно да звучи.
И само понекогаш животот те тера да си ги промениш одлуките, и тоа некои ситни работи, ама не бе, инает.

нати и песна, одам да пробам да спијам или нешто.
 
Она кога ќе отидеш во аквапарк и ги гледаш вработените (спасителите) дека се јаки пички на твое годиште, сериозност, професионалност во нив, а ти трчаш се радуеш со тоа гумата за спуштање ко некој ретард, скалите нагоре ги трчаш 200 на саат, деца плачат, врискаат, летаат на кроФ, ама ти се бориш за врвот, стасуеш до нив и нагло се успоруе, се уклучуе Mafia Mode - ON, изиграваш кул со доза на шмекеризам, се има... :icon_mrgr:

giphy.gif
 
Последно уредено:
Во Македонија религијата се искажува преку лајк. Доколку не лајкнеш, те сметаат за муслиман, џихадист и потенцијален бомбаш самоубиец.
Абе ебете си мајката.
 
Синоќа до доцна заглавив.
Сабајле требаше да станам накај 8 за да пуштам телма дека едни мои другарки ме напнаа, ќе ги имало на телевизија.
И ај, станав, одам накај дневна, седнав пред телевизор и чекам.
Трепнав еднаш. Ги отварам очите и гледам 11 саат. Долга трепка богами.
Битно уште телма беше пуштено хаха, моите ми ги почитуваат желбите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom