Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Ја гледам ситуацијава со Израел и Палестина и ептен е страшно се ова, не сакам ни да замислам како им е на луѓето таму.
Арно ама, сфаќам дека и ситуацијата не е така црно-бела како што делува.

Би било добро да излезе еден спонзориран фејсбук пост каде Мирко Попов, Бени и Цацко ќе ми ја објаснат ситуацијата со Израел и Палестина за да знам што да направам и за кого да навивам.

Пошто јас сум глуп и стварно не знам, па сите мои ставови ги добивам од Мирко Попов, Бени и Цацко.
 
Драга,

Се чипирав денеска. Ќе има занимација Бил Гејтс у овие негови осамени денови, ќе ме прати како не правам ништо.

tenor.gif
 
2021 година, 21 век. Технологија, наука иновации во најголем подем. Можност за учење, надоградување, запознавање со надворешниот свет.
Иииии уште има луѓе шо коментираат АМИН на фб страници за лајкови... Како бее какоо? Старите луѓе ги сфаќам, им направиле фб не се у тек мислат воа е онлајн црква.. Ама млади луѓе бе да коментираат амин и споделуваат богородици за среќа.. Никогаш немаа да си го објаснам. Од вакви причини и слични малоумни работи до сега имам отпишано 2ца блиски другари од деЦво.



Ааа да и тие неизживеаните мајки шо до децата со памперси пишуваат колку месеци наполнило.. Секој месец човече. Еднаш со памперс после со помаранџи па влечки.. Па секој месец истите луѓе им коментираат со некои индиски гифови.. Жално.
Ау вака рано голем хејт ме удри..
А овие шо киментираат на слики '' Означи пријател на Ч и треба да те части трилече'' и овие се тагираат.. Колку од овие шо се тагирале според вас имаат добиено трилече? 0!
 
Последно уредено:
ДК
Да имам некаква надлежност за комунални редари би ставала исклучиво пензионери. Со дневници. Верувам дека со сета нивна упорност градот ќе го доведат во ред. Замисли ја само нивната сатисфакција кога ќе извадат легитимација...
 
Знаеш дека мејлот е добар кога извршната директорка на Јунајтед Банк оф Африка отвара со прашање "Аre you alive or dead?"

InkedScreenshot 2021-05-13 120231_LI.jpg
 
Кеј,

Станувам мртов у 10 легнав у 6 се пцујам самиот себе добри 20 минути , ставам кафето на биро и нотификација за тема пост кој сте изнасмеале.Читам 30 страни по бог знае кој пат истите не можам да се додржам од смеење одма денот подобар. Фала ти што постоиш
 
Youtube ми дава песнички од System Of A Down.
Мислам дека станав Ерменец.
 
Драга,

Ѕидот преплавен со честитки за бајрамскиов празник. Не ми текнува дека некој од бајрамциве честиташе вака Велигден. На еден не ми текнува.

Соживот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom