Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Dear K,

Ако животот ти даде лимони, направи си лимонада. А лимоните 200 денари.

Може евентуално слика од лимонада да гледаш и да замислуваш колку е добра.

lemonade-2.jpg
 
Драга,

Завчера ги сменив зимските гуми со летни.Сабајлево заврна снег.

Поздрави ми ја 2020-та, кажи и дека е ѓубре.
 
Драга,

Земјотресот во Хрватска не бил случаен. Се случил зашто Хрватска го произведувала Сумамед, единствениот лек што помагал против короната. :tapp: Ете, и тоа го прочитав.

Ти арна?
 
Драга,
Колкав баксуз ме прати бе? Станав, испив кафе и си викам ај дури е вака тивко да искочам да прошетам. Си викам топло е надвор, вчера сонце печеше, и земав тексас јакната. Се симнувам доле излагам од лифт и гледам снег навеало :facepalm: :eek:
Аахх беее толку од мојата прошетка. Назад во кревет. Не излагам додека не се стопи, кој ќе ги бара јакните и џемперите:(
 
ДК

Кога и да слушнам полициски час од 21:00, одма ми текнува на песнава

Сто години ја немав слушнато, сега од глава не ми излегва.
 
Кајг,
искрено извини, за силниот ветер и за вчерашниот нов снег цела кривица ја има твојот член што во подтемата земјотрес ме провоцираше, ете му поздрав! :)
 
Веќе 2 ден плескам кантер со колеги, другари и другари на другари. Ако пуштите кајганџиски сервер ќе ви се приклучам.
Инаку еден колега е посветен целосно да не обезбеди за занимација за дома, 5-6 пакети по меил прати, пиратирани игри, хостира сервер и се пуштаме да тепаме досада.
Big thumbs up за ваквите позитивни луѓе!
Ја како дете што средно школо го поминав во играчница за мене ова е back to basics.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom