Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Многу народ во државата смета дека ако некој има пари да се луксузира , автоматски е должен да помага на тие шо врзуваат крај со крај. Не , не е должен. Ако сака да донира или да даде од срце да , али во никој случај не е должен.
И секој човек што има малце повеќе пари од нив не е чист , сигурно е во матни работи заплетен. Неможат да го прифатат фактот дека на некои повеќе им фаќа главата за правење пари , мора да си најдат изговори за да се тешат.
 
Порано немаше нова година, мислам покасно дојде, или така нешто.
 
36768.jpg


Нека ви текне :icon_mrgr:
 
Драга,

Едвај се натерав вчера да ставам нешто во станов, демек празнично. Лани украсив на 3ти декември уште. Ретко кој се радува веројатно на празници бидејќи низ цела населба ламбички дали има на 5 тераси надвор. Нема празнична атмосфера, само студ.
А и што да се слави у пм. Се трудиш да си сработиш твоето, организирано и средено, добиваш дерење. Со една другарка месец дена се договараш да се видиш, не може зашто полагала за две недели. Ќе репризира ГоТ или некоја мизерија од серија пак, али битно дома ќе седи. Брат ти е себично, самоуверено и арогантно створение кое нема гајле за никој освен за сам себе. А моите се толку исфрустрирани и изморени од животот што ми ја убиваат желбата да се насмеам на некоја мала, незначајна работа што ми прави ќејф. Тоа е најлошо, што тие околу тебе ти ја убиваат таа желба да ти се битни и да се радуваш на мали нешта. Не сум човек што бара многу, али не ми се потсмевај на некои глупости кои ги правам и за момент ме прават среќна. Ме нервира, а не треба, зашто сите си имаме такви глупи навики.
Понекогаш ќе си се запрашаш да не е ептен во тебе проблемот, што не чини во животот. И тука мора да се пресече, да не ја отвараме таа врата. Ако треба пак да се прават промени, тие не ги сакам ептен. А некогаш се потребни. Не знам само како толку можам да ги нервирам луѓето. Што правам не ми е јасно. За некој да те гледа со омраза и да сака да ти ја залепи една.
Како и да е, не е на арно. Папагалчето повеќе од година не седи со мене, за негово добро го оставам дома кај мене, повеќе луѓе се, го галат повеќе, а тука нема ни каде да слета, ни кај да си шета низ воздухот баш. И затоа не сфаќам зашто ги нервирам толку луѓето, фина сум! А може и кон луѓето само да не сум. Who cares, let's not open that door.
 
Ми ѕвони некој со скриен број во еден по полноќ. Ќути хомо сапиенсот од другата страна на телефонот, а во позадина се слушаат некакви новогодишни ѕвончиња... Се осеќам како да е 2003-та година повторно...:love:
 
Kej,

У недела идеме у кафана како предновогодишна просслава со овие колегиве.

Верувај Сунгер ќе е мал збор.

:brlav::pijani::pijani::pijani::pijani:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom