Шо убаво кога ќе си го фатиш денот по сабајлечки.

Уште од пред саат време завршив со ручекот, со благото и со собата. И сеа се досадувам, немам што да правам.

Иначе си ја добив првата понуда за работа, баш таа што си ја сакам.

Само штета што во погрешно време и морав да одбијам.
Сите нешто се жалат ладно им било, а ја уште по летни пижами си седам, а немам уклучено греење. Шо знам, ваљда до психа е.

Све е до психа луѓее.

Моиве запнале јакна да сум си купела или чизми, пф... зимава скоро и да помина. Некој месец плус - минус големо чудо.
Машкиов пол само се жалат како цело време не' трпеле за време на пмс, а они малку да покачат температура одма ко бебиња се понашаат, готово умираат. Ај нека ги боли истовремено кичма, јајници, гради и све во едно, 12 пати у годината, по недела/две па ќе ги видам како ќе се жалат после.
Го сонував Груевски бе, Боже сачувај.

И' кажувам на другарка, ми вика ааа ти печена си за кај нас у партија. Фала, ама ипак не сум на дроги.

И двапати се сонував во психијатриска болница како нејќеле да ме пуштат да си одам. А бе некој нормален сон да имав, нееекој.
Ај, чао.
