Драга,
Животот е калеидоскоп. Некогаш гледаш бои, некогаш гледаш темнина. Некогаш, некој ќе ти го осветли цело небо со вистина.
Во аголот пред пазарот кај Тафталиџе има една жена, јуродивка, што ги храни локалните мачки. Што да види човек - 13 мачки на број, одат по неа во чопор, а таа ги храни. Им зборува, ги дружи.
Мало вештерство на големо пространство.
Ми вика - Еве, купив една мекица од 15 денари живи гладни се животинкиве, за три свеќи кога ќе умрам...
Уште ми одѕвонува гласот во главата
за три свеќи кога ќе умрам
за три свеќи
М.