Драга,
Не сакам вакви саати, ситни саати во кои не можам да бидам попродуктивна од зјапање во празно.
Не можам да се сконцентрирам на читање, мозокот ми дава сигнал дека ваљда доста му е од даноци и книжења моментално. А за спиење да не правиме муабет, си ја вратив старата лоша навика.
Непродуктивност.
Не дека тоа што иам уште една епизода од Сајнфелд е продуктивно, т.е тоа што изгледав девет сезони за два месеца. Али бар се фокусирав на нешто. Бајдвеј, топ три од ситкомите, со Фрејзер и Пријатели. Апсолутно ги обожавам.
Брат ми имаше роденден пред некој ден.
Му објаснив дека сакам да видам три парчиња торта за мене кога ќе се враќам дома. Ми кажа дека останало едно, ама вредно - било дебело.
Мајка ми не ја направила годинава тортата, купена е, што значи ќе биде заникаде, и тоа ќе бидат сосема празни и неоправдани калории што ќе ги внесам. Не дека не ми требаат, и новиве фармерки нешто полабави ми се гледаат.
Битно детето наполни 17, а јас више се осеќам сосема исфрлена од неговиот мал свет. Порано бар го влечев со мене ко мал, прилично сум сигурна дека една од другарките многу повеќе си ја сакаше од мене, но ајде, преминав преку тоа. Ме замараше со тоа да му пишам секакви глупи состави за школо, сега за тоа постои Гугл. Му правев за јадење кога моите не беа дома, дури и трчав бурек да му купувам кога ќе изразеше желба. Јас го јадев за сите негови глупости низ дома и надвор. Само оние поголемите сестри и браќа може да ме сфатат.
Мислам, беше слатко дете и се тоа, али беше pain in the ass понекогаш.
Сега не можам повеќе од парче торта да добијам. Туго моја.
На сосема друга тема, не можам да ги трпам повеќе женскиве муабети. Никогаш уствари не сум ни ги трпела нешто посебно, ме боли курац реално за тоа која пудра била поарна од која и дали лабелото ми одговара на тенот. Али, повеќе не е тоа акцентот на денешниве женски муабети. Сега треба да слушам како течел муабетот со дечкото, со мувачот, со ебачот, со потенцијалниот мувач/ебач/дечко. Ко да ми е гајле што си му кажала и што ти кажал. Боже! Не читам мисли, не знам што сакал да каже, а уште помалце сакам да му ги толкувам зборовите.
Земи учи нешто, надоградувај се, јазик или било каков курс, активирај тој мозокот за битни ствари, или пак земи вежбај, трчај по кеј, прави било што само не ми викај дека го чекаш да ти се јави и да ти каже тој како ќе ти тече денот! Ау, сакам трепките од очите една по една да си ги чупам од вакви размислувања. Но, не можам ова да го кажам директива, зашто више ми рекле дека сум знаела да повредам со збор. Па секако дека не ќе те тепам. Олабави ме ај.
Не сакам дожд, али интересна ми е улицава кога врне. Сфаќаш колку е уствари рамна. Аха.
А и семафорот е интересен. Зеленото стои 11 секунди, а црвеното 44. Знам дека многу повеќе дремам на семафор, отколку што иам фора да поминам, али не мислев дека е 3 пати повеќе. Ко целиот свет да те тера да си го поминуваш животот во чекање, отколку во некоја реализација од тоа чекање.
Криво ми е што прогнозираат дека и неделава ќе врнело, ај што ми е скурчено нели, али и ќе морам бус да фаќам. Не ми е проблем 40 минути да цепам, ама ич. Па и на враќање. Криво ми е во тој дел тоа што во одредени моменти кога ќе ме фати ритамот од музиката на слушалки, не можам да си поиграм на улица. Мислам, нејќам на Youtube да ме има, иначе ја би радо. Гледам и дека чудно ме гледаат кога одам по ивицата на тротоар, а да не збориме ако се полулам на лулашки! Па тие не се само за деца бе! Што има врска ебаго.
Доста беше, ме фати дремка.