Tи мислиш дека никој не ти се налутил, всушност зад грб те пцујат, и не им се оди на гости кај тебе, слушај што ти кажувам, само лице ти прават. Јас лично, кога треба да одам кај вакви гости, одам само од зорт, чест да направам, на родендени и слично, од што морам. И си одам најбргу што можам. Едноставно, не ми е лезет седењето. Налет и мезе и пијачки и се, да седам ко казнет.
Им го почитувам куќниот ред, ако не се пуши кај нив - океј, не пушам, или излегувам на тераса, ама самите треба да се чукнат по глава и да се замислат. Плус, сите што вака се фураат се тешки намќори, не им смета цигарата, на нив во животот се им смета. Како тип на луѓе се такви.
Е затоа, кај одредени персони - кур што одам на гости. "Ало, ај дојдете во петок", "Аааа, фала, имам работа нешто...ќе се видиме другпат".
Ти пак не ја сфаќаш (или не сакаш да ја сфатиш) поентата. Апсолутно сме за тоа непушачите да бидат заштитени и пушењето на јавни места да биде забрането, но мора да постојат простории наменети за пушачи.
Никој не те дискриминира, имаш места наменети за непушачи. Дискриминацијата е да не обезбедиш и места за пушачи.