Ремек дело, баш ремек дело како што кажа и авторот на темата. Првата и втората сезона ги имам изгледано во еден здив буквално подзината и без излегување од дома. Нема да се роди лик ко Декстер жими се, каква појава е, го обожавам. Друго, многу поштуем серии/филмови кај шо размислуваат на глас онака ми дава шмек на целокупното дејствие. Фала му на Филмакедон за иако малата - пикантна увертира, зашо постојано ја мислев сцената, онака како заврши 6та сезона, ја мислев Дебра. Искрено баш ми е мило што ќе има 8 сезони и не верувам дека ќе ги затупат...напротив, зашто самата помисла дека ќе заврши ... ме растажува. Не може да заврши. мора да продолжи, макар со синот на Декстер, ама тој концепт, таа возбуда и исчекување, тој лик е вечен !