Dexter

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
27.670
Аууу стварно, се двојат ептен двајцата! а тука би го додал и Хју Лари, иако серијата станува досадна сепак глуми за сите пари...
досадна за тебе
мене ми е едина што е константно интересна.
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Пффф Boardwalk Empire, ???

The Good Wife??

LOL!

Каде е Брејкинг Бед? во овој избор Декстер е без конкуренција, немам муабет.

П.С. Одлично што си ги изгледал Калифорникејшн и Брејкинг Бед, барем ќе имам со кого да водам квалитетна дискусија кога ќе почнат новите сезони :)
Премногу важност и даваш на Брејкинг Бед, можеби за тебе е WOW ама серијата е просечна. Од 3та сезона единствено ми се допаднаа последните 2 епизоди (особено претпоследната епизода кога Волтер ги среди со колата дилерите), но серијата е бавна, нема - поради недостаток на музички линии од време на време и воедно ја имаше најдосадната епизода на сите времиња од било која серија, онаа со мувата. FFК цела епизода беше околу една мува - жити досадната оригиналност. Californication е ОК за гледање, ама не е којзнае што, не е реткост ликот на Духовни.

The Good Wife претпоставувам не си ја гледал, но серијата е една од најдобрите ако не и најдобра legal drama што сум ја гледал.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
27.670
е а знаеш што, баш тој дел со колата коа ги среди волтер на psy не му се свиѓа :DDDDDDDDDDDD
ама најозбилно тоа ми збореше, вика топ е серијата ама ова кога ги прегази со кола многу тапа ми беше

каков контра човек е psy... него се залетавме многу оф топик

p.s. со мувата беш топ епизода не зезај
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.726
Поени од реакции
18.473
Премногу важност и даваш на Брејкинг Бед, можеби за тебе е WOW ама серијата е просечна. Од 3та сезона единствено ми се допаднаа последните 2 епизоди (особено претпоследната епизода кога Волтер ги среди со колата дилерите), но серијата е бавна, нема - поради недостаток на музички линии од време на време и воедно ја имаше најдосадната епизода на сите времиња од било која серија, онаа со мувата. FFК цела епизода беше околу една мува - жити досадната оригиналност. Californication е ОК за гледање, ама не е којзнае што, не е реткост ликот на Духовни.

The Good Wife претпоставувам не си ја гледал, но серијата е една од најдобрите ако не и најдобра legal drama што сум ја гледал.
Просечна? гледај го концептот и идејата, каде во друга серија си го видел тоа? професор по хемија дилер на дрога? :) серијата е спора но тензијата е перфектно опфатена и се гради во совршен баланс во зависнот од текот на серијата. Глумата е одлична, сценариото исто така. Негативците се одлично вметнати, Тито? типот со цвикерите за којшто дилаат Џеси и Волт? изнеднадувањата се на секое ќоше. Серијата успеава да се приврзе со гледачот многу лесно и добро, сочуствуваш со ликовите ова е за мене најбитниот фактор во една серија, и истото е многу редок случај. Ако ми е сеедно кога го гледам главниот лик како проаѓа низ одредени периоди во серијата џабе ја гледам, како на пример Nip Tuck, дознаваш дека еден од главните ликови има нарушено здравје и сеедно ти е? значи профилите на актерите во серијата се идеално финализирани, Волт е гениј Џеси е младич од кој просто зрачи позитивна енергија и coolness factor од највисок ранг.

Брејкинг Бенд е епитома и пример за крими серија заедно со The Wire & Sopranos, све друго ( од тој жарн) може да и плукне под прозор исто како што на Six Feet Under другите драми неможат да и се приближат, уникатноста и конекцијата со гледач/ликови пред све!

@ Anon, да тој момент не ми напраи ќеиф затоа што беше премногу нереален...

П.С. Може да се премести во генерална дискусија забегавме..
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Кога Лумен му кажуваше на Декстер дека ќе си оди мислев дека Декстер ќе ја убие и ако се случеше тоа финалето ќе беше спасено и нормално следната сезона ќе имаше друг тек, простор за маневри со карактерот на Декстер ама заебаа работа.
Истот го помислив и јас во еден момент, ама кога се заврши и тоа се дојде до заклучокот дека го зезнаа крајот.
Ама ајде во 6тава сезона Квин знае нешто, ќе дознае уште нешто (ваљда) и би требало да биде интересна.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Браво за финалето на 5та сезона. Одлично го средиле, го испланирале како да биде што да биде.
И ми се допадна последната сцена
Декстер и eye contact-от со камерата:)
 
T

Tetro

Гостин
Браво за финалето на 5та сезона. Одлично го средиле, го испланирале како да биде што да биде.
И ми се допадна последната сцена
Декстер и eye contact-от со камерата:)
А девојчето што го глуми Астор, докажа дека не е спремна за актерка. Или само ние двајца забележуваме цело време дека не ја бидува ич?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.707
Поени од реакции
27.670
да само вие двајца сте, не иритираше никој друг девојчето :S:S:S
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Ве читав тука, особено Псајсајд со првиот коментар и сеуште не ја изгледав епизодата а ја симнав уште од сабајлето во понеделникот... после ќе ја изгледам и ќе видам со кој од тука треба да се караме.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.258
Поени од реакции
2.253
Со сите со кој! Финалете, да, беше ептен филмско, ама затоа останатите епизоди, посебно претпоследанта беше најдобра од сите 5 сезони ми се чини. Таа лутина и агресија во Декстер ја немам видено!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
А девојчето што го глуми Астор, докажа дека не е спремна за актерка. Или само ние двајца забележуваме цело време дека не ја бидува ич?
Леле, мислев дека ако глуми срцка ќе ја бива. Ама ноуп. Ни така не и иде.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Добро стварно толку ви смета Астор?? :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не знам како се провлекла низ кастингот, затоа што гледано по другиве актери, истиот бил доста ригорозен.

И ај сеа си ветувам дека ќе ја чекам да излезе цела 6та сезона пред да почнам да гледам:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom