Билетите за настапот на Дејвид Гета во Скопје, закажан на 9 мај, ќе чинат 800 денари и од денеска (понеделник) ќе може да се...
... купат во Југотон, Розе-Веро 2, Камарад Рамстор, салоните на Тогетхер, кафулињата Змија, Бастион, Кино Карпош, Тренд, Ливингрум и Хепи.
Организаторите Биг саунд и Октопуси ентертејмент со настапот на светски познатиот ди-џеј најавуваат дека Македонија ќе биде сведок на врвен музички спектакл.
Најавуваат моќно озвучување, висококвалитетно осветлување и досега невидена видеопродукција.
Парижанецот Дејвид Гета е ди-џеј и продуцент, кој години наназад се наоѓа на самиот врв на светските топ листи.
Со клупските хитови The World is mine, Love is gone, Money, Tomorrow can wait, When love takes over..., Гета успеа да направи спој на поп со денс музиката, гламурот со андерграундот и да создаде совршена музичка целина, која беспрекорно добро функционира на подиумите секаде во светот.