Bloodborne ја немам играно (се уште :/ ), али ја имам доста стримано и оставам огромен простор да и јас дојдам до ист заклучок како и многу други "Souls" фанови кои сметаат дека е подобра од Dark souls серијалите.
Но да бидам искрен мислам дека оваа Sekiro нема да ги исполни очекувањата.
Не знам можеби и сам себе се лажам. Можеби ќе испадни обратното (а и нема да ми е прв пат ^_^).
Вака на прв поглед успеав да забележам повеќе детали кои не ми се допаѓаат.
Како на пример прикаската врз која се базира и самата игра, а тоа е таа древна јапонска култура со самураи и ред други работи кои стварно не ги можам...
Апсолутно на истиот став сум и за Nioh.
Едноставно играва ми делува доста "сепаратистички" настроена (не знам кој друг збор да го употребам).
Фокусирана е и се базира строго на јапонска култура и историја и тоа не ми се допаѓа.
За разлика од неа ДС (делумно и ББ) делуваат доста поуниверзално со самото тоа што нивниот карактер е повеќе кој фикција, што за мене лично е посимпатично.
Можеби остава впечаток како малку побрза од ДС но тоа според мене не мора да значи автоматски подобра. Мене ДС ми беше одлична, поготово тројката во која им беа оптимизирани скоро сите недостатоци кои ги пратеа кецот и двојката.
Но (големо НО), најпрво треба да се проба па да се даваат критики кои би имале порелевантна тежина.
Многу ми е жал што не бев во можност да го испробам и кецот поради тие багови кои ги имаше на PC платформата.

Да, тука е Remastered, но повторно јас не сум почестен...

Поседувам машина со слаби перформанси.
Но работам на случајот, за неколку месеци планирам да си поклонам подобра.