Dark Souls

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.612
Поени од реакции
27.729
Igra be nekoja Dark Souls? Ili nemate zivci za YOU DIED! na sekoj 30 sec.
Ako preminete peku faktot deka se raboti za los konzolaski port i deka ke mora da stavite kontroler za voopsto da mozete da ja igrate kako luge onda ve ceka edna sosema zadovoluvacka igra...Na momenti preteska i banalna ali mosne rewarding.
Se zasnova na chekpointi so lighting torches. Koa ke vlezes vo edna zona toa ti e kako rally point. Kaj sto se pravi refill na potions i sve toa...Ako pogines te vraka na toa mesto i neprijatelive pravat respawn
Fintata e kako sto umiras se podobro gi zapoznavas lokaciive...ke pogines za 2 min pa posle za 10 min pa posle nanovo seto toa za pola saat i se taka dodeka stignes do glavniov boss Obicno se zaebani freaking cudovista ala Japanese creative style Bisons with wings i takvi stvari. Se se zasnova na observing i mastering.

Igrata ne e vredna za Zaseben topik?
Кога веќе не го доби заслуженото внимание ионака, секако дека заслужува засебен топик. Или се предомисли? :)

Dark Souls (Prepare to Die Editions, како порт за PC)​

После импактот што го имаше Skyrim на форумов, очекував играта да биде полн погодок, дека сите баравме квалитетна замена, но сепак сите се вративте на COD серијалите, скокајќи фантастична игра само поради немање линеарност и ефекти и што се не, заборавајќи колку гејмплејот знае да движи каква било игра, ако е одличен. Играва примарно излезе за конзоли, а јас не сум тип кој премногу се интересире за историјат и whatnot туку повеќе plug-n-play kinda-guy, но овојпат толку многу ја посакував играта што потпишував петицијата да ја склопат за PC. Некој од форум ептен ја фалеше, и имаше оставено линк.​
Prologue​
Dark Souls e dark-fantasy, open world, role playing game без премногу cut scenes cgi филмчиња. Што значи ова погоре ќе е единственото нешто што ќе ве упати во приказната, се друго е сведено на истражување и дедуцирање. Немате мапа дури, минималистичка е играта. Единствено имате чекпоинтс или bonfires каде ви е respawn-от. Кога ќе се чекирате кај еден bonfire безразлика каде ќе умрете во светот ве враќа таму, со сите непријали одново живи што.. oh boy, е прилично фрустрирачки земајќи во обзир колку е тешка играва. Никогаш повеќе нема да си го ценете прогресот како во оваа, никогаш нема да влетате во борба без стратегија, внимание и фокус. Секој ебен клик е круцијален, затоа како што вели и играта, подгответе се да умирате. Ебено многу.​


До сите ентузијасти кои уште ме читаат, одново напоменувам играва ќе ви биде најтешката игра што сте ја играле, like, literally. Што значи ако клик-пук игрите не ви претставуваат предизвик оваа ви е премија, за останатите пекол. Што значи, бара кинење нерви. Што значи, ебено многу. Светот е премногу разновиден, исто како и непријателите. Oд undead варијации, до wildlife па се до демони. И секој од нив ебено тешко се убива, што значи играта е премногу rewarding, успехот ви е ценет, ептен оргазмична е секоја мала победа. Со преку 100 различни непријатели и оut-of-this-world сценографии каде се одвиваат борбиве, имаме и преголем избор на оружја, лакови, мечеви, штитови (кои ќе ги користете ебено многу), магии и опции за надградувања на опремата како и нејзино поправање. За тоа како и за се друго во играта ќе ви биде потребно humanity и души (souls) кои ќе ги собирате со убивање непријатели и босови. Да се навратам на тежината, и 3.000 души да соберете со умирање ги губите и мора да се вратите кај што сте умреле за повторно да си ги земете. Ви се потребни за отстранување магии, за оружја за се.. Босовите се оригинални и прилично тешки. За секој ќе ви биде потребно различна тактика, различна опрема, различни нерви (нови и неискористени :) ) Единствената игра каде не сте пичка ако бегате. :)
трејлер :vozbud:
Е сега, лошото. Играта излезе во 2011 за конзола, во Јануари 2012 беше поднесена петиција за PC. Во Август веќе излезе со напомена дека само ни ја овозможуваат да ја играме, не дека е некоја ААА игра која ќе ве запрепасти со графика. Играта е прилично лоша и темна од тој аспект, но дома доби фиксови и модови што ја направија повеќе од игрива. Немајќи премногу шминка, оптимизацијата е предобра, 1900х1080 плус со вклучени малкуте опции за графика, како што напоменав модови и фиксови, и играта заличува на повеќе од пристојна. Камерата и контролите на старт се ужасни додека да научите кое што прави, за борби ќе мора да "заклучувате" (lock on enemy) за да не се изнапромашувате у фри моуд. Инаку има неколку моменти кои графички се прејаки, сцени, пејсажи, од височини и сл. Но сепак се малку. Звучно нема премногу проблеми и е доста реална.​
И зошто не ја играте? Годинава најмногу време и остаив, ~100 часа и невозможни 50 левели дигнав. Обврските не ми дозволија повеќе. Ми остана непреболена љубов, но после распишувањето ги бришам сите непотребни игри и ѝ се ставам дневно минимум 2 часа, според мои критериуми е GOTY и несакам да ми остане недовршена.​
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.340
Поени од реакции
6.474
Сакам да ја играм ама не знам каков е портот, дали е среден со сите закрпи кои испаднаа итн.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.612
Поени од реакции
27.729
Сакам да ја играм ама не знам каков е портот, дали е среден со сите закрпи кои испаднаа итн.
Jaс ја играв кога излезе, единствен фикс имаше за маусот/камерата и за поголема резолуција како што памтам.
Raziel ја има завршено па нека те упати, или еве остави клучни зборови за фиксови и модови како да бараме, веќе кога планирам пак да ја играм.

Оh, сега имало и DLC плус.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
752
Поени од реакции
771
Jaс ја играв кога излезе, единствен фикс имаше за маусот/камерата и за поголема резолуција како што памтам.
Raziel ја има завршено па нека те упати, или еве остави клучни зборови за фиксови и модови како да бараме, веќе кога планирам пак да ја играм.

Оh, сега имало и DLC плус.
Нешто конфигурација да спомнеше,препорачлива?:)
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.612
Поени од реакции
27.729
Нешто конфигурација да спомнеше,препорачлива?:)
Minimum System Requirements:
OS: Windows XP , Windows Vista, Windows 7, or newer
Processor: Intel Core 2 Duo E6850 GHz+ or AMD Phenom II X2 545 3.0 GHz+
Memory: 2 GB
Hard Disk Space: 8GB
Video Card: GeForce 9800 GTX+ or ATI Radeon HD 4870+

Е сега некаде минимум сметаат доволно за да се пушти играта, некаде сосема убав да се игра дури на медиум.
Инаку вака од око, како игра од 2012та малку бара, на секоја конфигурација од 20к би се играла мислам.
На каква планираш ти?

protip za site, bez drake sword ke se prepotite.
http://www.youtube.com/watch?v=BKInSwyEiNc
 
Член од
28 август 2009
Мислења
752
Поени од реакции
771
Minimum System Requirements:
OS: Windows XP , Windows Vista, Windows 7, or newer
Processor: Intel Core 2 Duo E6850 GHz+ or AMD Phenom II X2 545 3.0 GHz+
Memory: 2 GB
Hard Disk Space: 8GB
Video Card: GeForce 9800 GTX+ or ATI Radeon HD 4870+

Е сега некаде минимум сметаат доволно за да се пушти играта, некаде сосема убав да се игра дури на медиум.
Инаку вака од око, како игра од 2012та малку бара, на секоја конфигурација од 20к би се играла мислам.
На каква планираш ти?

protip za site, bez drake sword ke se prepotite.
http://www.youtube.com/watch?v=BKInSwyEiNc
2.20 гигахерци процесор,Dual-Core,4gb Ram,1gb графичка картичка.Мислам доволно е или?:)
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.539
Ја имав симнато првично кога излезе, ама 15 minutes into the game се откажав, за после и да ја избришам, имав што друго да играм и не ми изгледаше вредна за да фатам да ги средувам баговите (а впечатокот ми беше дека ги има многу). Ама пак ме копка да ја пробам баш поради тоа што сите викате дека била претешка, само некаде после јануари тоа. :)
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
1.322
Абе деца земете работа воа оноа од игри само очи ќе си расипете.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.894
Поени од реакции
29.361
Здравје, ако земам нова машина во иднина(оти планирам да си играм игри и ко че остарам и фамилија да склепам), ја ставам на приоритетна листа. Закон изгледа, само пусти лап топ и глуп процесор, не го бива за такво.
 

Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.561
Поени од реакции
6.439
Сакам да ја играм ама не знам каков е портот, дали е среден со сите закрпи кои испаднаа итн.
Портот е катастрофа, ако го земеш како гол производ. Неопходен е џојстик за да не искубеш се од тебе кога би играл со глушец и тастатура. Фрејмрејтот е тиња, играта тера на заклучена резолуција(не знам точно која е ставена на default) и изгледа ептен лито. From Software токму тоа и го ветија. Direct port. No changes. Тоа и го добивме.
Затоа заедницата го среди останатото. Како hub на сите модови го имаш Dsfix, ти дозволува да менуваш резолуција, line of sight, framerate и до некаде регулира респонсивност кога играш со глувче и тастатура. Имаш и додатен мод, посебно за глувчето(DsMfix мислам се викаше), мод за одредени реони, мод за менување на конзолашките копчиња во менијата со соодветните од тастатурата...
Буквално сите глупости што се префрлија на PC се корегирани. Со малку работа имаш супериорна верзија на Dark Souls на компјутер, неспоредливо подобра од таа на PS или Xbox.

--

Зошто вреди? Затоа што, simply put, ова е најдобрата хардкор RPG ever made. Самиот факт дека воопшто ја има на PC е голем успех за платформата и огромно освежување од сите daily spawned cookie-cutter run of the mill игрички Ако си навикнат на тоа да млатиш крипови во Диабло, Торчлајт и да правиш кожа од змејови во Скајрим, овде треба посебна подготовка за борба со еден обичен скелет. Овде имаш отворен свет во кој буквално се може да те убие во 1-2 удари и секој misclick е скоро сигурна смрт. Играта не ти дава xp, gold, не те наградува константно со опрема и нема класичен quest system. Имаш отворен свет да се снаоѓаш без journal и преку собирање поени(souls), со кои купуваш опрема, поправаш опрема, качуваш левл...и ги губиш сите секогаш кога ќе умреш. Ако не ги собереш после првиот respawn и умреш пак, ги губиш перманентно. А ќе умреш и ќе губиш перманентно. :)
Учиш стратегии, тактики, внимателно пристапуваш, многу често бегаш од некој монструм како залутан во Припор. Секој бос е од двапати до стопати поголем од тебе и скоро сите се неверојатно тешки за куткање.

И пак. Зошто вреди? Затоа што, кога-тогаш, ќе ги кутнеш. Кога-тогаш, ќе ја научиш стратегијата за секое гомце. После толку смрт и толку нервирање, буквално ќе се гордееш со сам себе за секоја помината педа и секој мртов крип кој го чистел подот со тебе претходните два дена. Играта те наградува со самото тоа што ја играш. Со самиот прогрес. Не користи ефтини финти како трофеи и козметички надградби на веѓите ако убиеш 15 духови за една минута. Наградата е гејмплејот. Такво нешто сум видeл само во старите графички авантури како Monkey Island, во кои решаваш загатка, понекогаш и со денови, ја мислиш додека пиеш кафе и и' бараш чаре додека се сексаш со девојка ти... за кога ќе ја решиш да имаш храброст гордо да парадираш во дневната соба како да си го ослободил Брисел од злобните бирократи.

And, that, dear friends, is the essence of gaming. Dark Souls господари на сите пред неа, од Baldur, преку Diablo или Skyrim, до Amalur и Torchlight. Ниту една не можела вака да те изнервира, да те израдува, да ти го загорчи животот и да ти го направи денот. И срамота е што кај нас слабо ја знаат, а уште послабо ја играат.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.568
Поени од реакции
2.354
Pravdata e zadovolena...:)

THE_CHOSEN_ONE
Sto problem imas so igrite? Da ne ti preci i slusajneto muzika?..... a gledanjeto filmovi? Nemoj da mi reces deka ne gledas televizija
Koristis li ti voopsto nekakov vid na digitalna zabava?
 

HeRbEs

-WandereR-
Член од
21 јуни 2005
Мислења
766
Поени од реакции
271
Според ова што го прочитав да дадам свое мислење.Значи има глупо тешки игри и игри кои се навистина тешки.Од горенапишаново според описот играва спаѓа во глупо тешките игри.Секој знае да напраи игра од ваков тип многу просто.Ставај непријатели кој имаат 3милиони хп,и ти стегаат one shot ако направиш еден miss click?? Сериозно?Тоа е тешкото? Ако девелоперите на играва се мазохисти и сакаат кога играат нешто да кинат нерви, да им побелува коса пред време,да им се подувуваат вратни жили тогаш тоа е нивно право.Мерило за тежина да ти било ако не киликнам во даден момент на маусот да се респавнам 30минути наназад и да тепам све одпочеток.Сепак све е работа на вкус, но како што реков можеле барем ако сакаат да направат тешка игра да конструираат поинтелегенто AI кое пример ќе блокира,заобиколува ќе проба да те фати на некоја финта итн инт.One shot за мене дефинитивно не е мерлио за тежина едноставно е лесен и ефтин начин за креирање на "тешка" игра.
 

Raziel

Модератор
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.561
Поени од реакции
6.439
Според ова што го прочитав да дадам свое мислење.Значи има глупо тешки игри и игри кои се навистина тешки.Од горенапишаново според описот играва спаѓа во глупо тешките игри.Секој знае да напраи игра од ваков тип многу просто. Ставај непријатели кој имаат 3милиони хп,и ти стегаат one shot ако направиш еден miss click?? Сериозно?Тоа е тешкото? Ако девелоперите на играва се мазохисти и сакаат кога играат нешто да кинат нерви, да им побелува коса пред време,да им се подувуваат вратни жили тогаш тоа е нивно право. Мерило за тежина да ти било ако не киликнам во даден момент на маусот да се респавнам 30минути наназад и да тепам све одпочеток.
Точно. Вакви игри можат да се штанцаат. Треба да најдеме временска машина, да се вратиме во минатото и да им кажеме на Мијамото и компанија во нинтендо да не се занесуваат со правење игри како Марио и Зелда, оти тоа ќе бидат глупо тешки игри кои никој нема да ги игра, во кои лесно се умира и еден погрешен потег значи губење живот. Исто треба да им кажеме дека не им чини тоа што после секоја смрт мораш од почеток се да минеш. Да не си фрлаат џабе парите...
Исто ќе треба да поминеме и до Black Isle, Bioware и Troika, кога дотичните ги правеле Fallout, Baldur's Gate и Arcanum, да им сугерираме да нема толку one shot and you're dead моменти во тие игри, да намалат на тежина, да стават rechargeable health, оти ако ги издадат во таква состојба, не само што нема да бидат RPG револуција, туку нема ни да остварат профит.
Никој нејќе да се нервира, у право си. Затоа и овие наслови останаа незабележани.

Сепак све е работа на вкус, но како што реков можеле барем ако сакаат да направат тешка игра да конструираат поинтелегенто AI кое пример ќе блокира,заобиколува ќе проба да те фати на некоја финта итн инт.One shot за мене дефинитивно не е мерлио за тежина едноставно е лесен и ефтин начин за креирање на "тешка" игра.
Сериозно, Dark Souls токму поради интелегентниот дизајн и интелегентиот AI е толку квалитетна игра. Противниците блокираат, чекаат да спуштиш гард за да нападнат, те заобиколуваат за да ти удрат backstab, при напад знаат да направат parry & reposte, те навлекуваат во стапица...и не, немаат 3милиони hp. If you play your cards right, воопшто не се тешки.
Чекпоинтите(le bonfires) се дел од интелегентиот дизајн. Не мора 30 минути по respawn да си го бараш телото.
На крај, ова е RPG. Тоа што на почетокот ти мава one shot, со текот на времето и кревањето левл, ќе ти биде смешно дека воопшто некогаш ти претставувало проблем. Оne shot is not a permanent state.

И така.
Настрана заебанција, тешка е.
Многу. :D
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
17.612
Поени од реакции
27.729
Ми текнува на гробиштата во видеото, тие првиве скелетони.. колку бев само очаен, сум барал багови у графика, да ги фатам на финта, на скали, од ќоше.. какобило да ги убијам.
Се сеќавам и првиот пат кога ги убив маливе, и кога понатаму изникна големиот. Воопшто не се спротивставив со борба, стиснав алт+ф4 побргу од него и искочив на воздух. :)
Е сега, за одмаздата да не пишувам. Навистина е смешно што некогаш претставувале проблем.

AI-то е неверојатно и после respawn не постапуваат исто, така да неможеш на памет да пројдеш кој/штобило. Имаат одличен тајминг и борбите се прилично забавни. Со сите непријатели.
Инаку колку среќа сум имал со босовите само, ама затоа пак црните витези ми беа кошмар.
 
На врв Bottom