Dark Souls

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.549
Поени од реакции
52.342
Ова "Ask Me Anything" да не ти е :D
Да, затоа што тие што ми ги следеа мислењата тука, знаат дека ФС игриве беа меѓу последното нешто што би го играл :D

Враќај се на ДС1,2 и 3 тогаш! :D
Чинам се изјасни дека не ти беа пробани...
Се имав изјаснето дека ова не е мој тип на игри и дека концептот ми е глуп :D
Јбг, не можам да го убедам Донев да ја сака и игра Дарк Соулс.
Дали Секиро го смени тоа? Па не баш.

Јас си сакам лабаво гејмање, не сакам предизвици и не обожавам да умрам милион пати пред да успеам да направам нешто. Секиро ја имав пробано лани, без да знам што се уствари ФС игрите и после пола саат кога стигнав кај првиот генерал сфатив дека не е за мене, исклучив и избришав.

На почеток на месецов немав баш што да играм и некако ми се пробуваше нешто поразлично. Гледав на ИГН како играат Бладборн и си реков може да пробам нешто такво, па ми текна на Секиро. Во Секиро уствари уште првиот пат ме привлече сетингот, графиката, ама не ми се свиѓаше тежината. Сега, со многу изиграни игри последнава година, можев да седнам сериозно и да и дадам шанса. На почеток пак беше падни стани и не ми се свиѓаше, ама после некое време кликна нешто и почнав да уживам во играта. На крај Ишин го тепав цела недела и уште не ми е јасно како издржав да не се откажам. Ќе пишам деновиве ваљда подетално за целото искуство со играта.

Дарк Солс ич не ме привлекуваат. Ја пробав првата 15-20 минути, ама мислам дека сепак тоа нема шанси да се натерам да го играм. Мислам дека на Бладборн ќе и дадам вистинска шанса затоа што ми изгледа поразлична, ама кога ќе земам РЅ5 затоа што не ми се купува :D
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
Слично и јас на тебе, не сум некој фан на жанров, некој фанатик да речам само ова да го играм и да мислам дека околу македонија се е море, ама уживав и го респектирам. Ма неможев да ја сварам Дарк Соулс бидејќи секогаш почнував од ДС1 нели така е редот од почеток, ама кога го видов трејлерот на Секиро си реков е ако почнувам ќе почнам од тука. Четири дена ме растури адреналин ама ја свртев, потоа ја продолжив Бладборн од кај Висар Амелиа каде што ја прекинав поради Секиро, ја направив платинум со се ДЛЦ и се мислев што сега.

Реков ќе ја чепнам пак ДС ама ДС3, 1 и 2 никако, ќе ме оладат ќе ја баталам и тројката, и да ти кажам право не е толку лоша од техничка гледна точка, има добра гравика, доста е исполирана, звук/музика исто на ниво, приказна... би те советувал да ја пробаш барем неа. Можеш да грајндаш и тука и во Бладборн за разлика од Секиро, така да секое заглавување ќе го поминеш а нема да ти изгледа како игра правена ептен одамна. Можеби има и по некој мод за ПЦ за да ти ја разубави или дополнително да ја подмачка.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
На почеток пак беше падни стани и не ми се свиѓаше, ама после некое време кликна нешто и почнав да уживам во играта.
Само оваа реченица ќе ја извлечам!
Доколку од мене се бара само низ една реченица да ги опишам соулс игрите - со оваа реченица би завршил.

Пошо не си некој фан, после Секиро донекаде и разбирливо е да те е „глуп„ ДС серијалот.
Fair enough.
Автоматски споено мислење:

Реков ќе ја чепнам пак ДС ама ДС3, 1 и 2 никако
Јас и ти во различно време сме улетани во светов, и тоа е гејм-чејнџер.
Реално, јас почнав со кецот, ама пошо сум пц фанбој... кецот немаше среќа да ме проба :cool: (сјебани контроли)

Ова што Донев го зборува (тоа што јас му го цитирав) мене ми се деси со двојката.
 
Последно уредено:

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.652
Поени од реакции
7.234
Да, затоа што тие што ми ги следеа мислењата тука, знаат дека ФС игриве беа меѓу последното нешто што би го играл :D


Се имав изјаснето дека ова не е мој тип на игри и дека концептот ми е глуп :D

Дали Секиро го смени тоа? Па не баш.

Јас си сакам лабаво гејмање, не сакам предизвици и не обожавам да умрам милион пати пред да успеам да направам нешто. Секиро ја имав пробано лани, без да знам што се уствари ФС игрите и после пола саат кога стигнав кај првиот генерал сфатив дека не е за мене, исклучив и избришав.

На почеток на месецов немав баш што да играм и некако ми се пробуваше нешто поразлично. Гледав на ИГН како играат Бладборн и си реков може да пробам нешто такво, па ми текна на Секиро. Во Секиро уствари уште првиот пат ме привлече сетингот, графиката, ама не ми се свиѓаше тежината. Сега, со многу изиграни игри последнава година, можев да седнам сериозно и да и дадам шанса. На почеток пак беше падни стани и не ми се свиѓаше, ама после некое време кликна нешто и почнав да уживам во играта. На крај Ишин го тепав цела недела и уште не ми е јасно како издржав да не се откажам. Ќе пишам деновиве ваљда подетално за целото искуство со играта.

Дарк Солс ич не ме привлекуваат. Ја пробав првата 15-20 минути, ама мислам дека сепак тоа нема шанси да се натерам да го играм. Мислам дека на Бладборн ќе и дадам вистинска шанса затоа што ми изгледа поразлична, ама кога ќе земам РЅ5 затоа што не ми се купува :D
За колку боса гледаше турториал .
:gjavol:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.549
Поени од реакции
52.342
Само оваа реченица ќе ја извлечам!
Доколку од мене се бара само низ една реченица да ги опишам соулс игрите - со оваа реченица би завршил.

Пошо не си некој фан, после Секиро донекаде и разбирливо е да те е „глуп„ ДС серијалот.
Fair enough.
Во Секиро ми се свиѓаше брзината, вертикалноста, боите. Тоа беше тоа што првично направи да сакам вистински да пробам да и дадам шанса. Затоа другиве уште не ми изгледаат како игри што би ги играл, ама можеби ќе и дадам шанса на ДС3.

За колку боса гледаше турториал .
:gjavol:
За повеќето. Не знам какво ви е мислењето за тоа, ама според мене ако побараш туториал воопшто не ти се намалува искуството. Само упатства се, пак мора сам да научиш како да го направиш тоа.

Според мене игриве е подобро да ги играш со друштво. Или паралелно, или со некој кој веќе изиграл. За да зборите, да споделувате совети и стратегии, да те води во играта. Сфаќам што сакаат да направат без мапа, без патокази, ама премногу е лесно да се изгубиш и да потрошиш саати безвезе без никаков прогрес. Ај што губиш саати на секој бос дур го поминеш, не мора да губиш и дур најдеш кај треба да одиш. После околу 4-5 саати стварно бев изгубен и поима немав кај да одам следно. Тогаш отворив гајд и се водев според тоа за каде да одам се до крајот на играта. Мило ми е и што се водев според тоа за да не го изберам погрешниот крај и да изгубам неколку саати контент. Уште пред да го отворам гајдот иначе ми текна дека тука и на други места имам читано за некој бос Лејди Батерфлај и баш побарав кај да ја најдам. Јас имав веќе отидено во Хирата, и стигнав до заклучената врата, ама бувот не сум го видел кога поминував за да ми го даде клучот. И најверојатно никогаш немаше да ја најдам, а немаше ни да ја завршам играта доколку продолжев така, а баш после борбата со Лејди Батерфлај почнав да уживам во играта и да ја играм со вистински интерес.
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.508
Поени од реакции
4.331
ама според мене ако побараш туториал воопшто не ти се намалува искуството
Очекував некој да ме тагни на ова во стилот... "ask Berzerker about Four Kings..." :LOL:
Повеќе ќе си бев благодарен на себе доколку порано се сетев да проверам на нет како се иди до босов, и дека ти треба некаков ебен прстен за тоа :tapp: :angel:
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.652
Поени од реакции
7.234
Да, затоа што тие што ми ги следеа мислењата тука, знаат дека ФС игриве беа меѓу последното нешто што би го играл :D


Се имав изјаснето дека ова не е мој тип на игри и дека концептот ми е глуп :D

Дали Секиро го смени тоа? Па не баш.

Јас си сакам лабаво гејмање, не сакам предизвици и не обожавам да умрам милион пати пред да успеам да направам нешто. Секиро ја имав пробано лани, без да знам што се уствари ФС игрите и после пола саат кога стигнав кај првиот генерал сфатив дека не е за мене, исклучив и избришав.

На почеток на месецов немав баш што да играм и некако ми се пробуваше нешто поразлично. Гледав на ИГН како играат Бладборн и си реков може да пробам нешто такво, па ми текна на Секиро. Во Секиро уствари уште првиот пат ме привлече сетингот, графиката, ама не ми се свиѓаше тежината. Сега, со многу изиграни игри последнава година, можев да седнам сериозно и да и дадам шанса. На почеток пак беше падни стани и не ми се свиѓаше, ама после некое време кликна нешто и почнав да уживам во играта. На крај Ишин го тепав цела недела и уште не ми е јасно како издржав да не се откажам. Ќе пишам деновиве ваљда подетално за целото искуство со играта.

Дарк Солс ич не ме привлекуваат. Ја пробав првата 15-20 минути, ама мислам дека сепак тоа нема шанси да се натерам да го играм. Мислам дека на Бладборн ќе и дадам вистинска шанса затоа што ми изгледа поразлична, ама кога ќе земам РЅ5 затоа што не ми се купува :D
За колку боса гледаше турториал .
:gjavol:
Во Секиро ми се свиѓаше брзината, вертикалноста, боите. Тоа беше тоа што првично направи да сакам вистински да пробам да и дадам шанса. Затоа другиве уште не ми изгледаат како игри што би ги играл, ама можеби ќе и дадам шанса на ДС3.


За повеќето. Не знам какво ви е мислењето за тоа, ама според мене ако побараш туториал воопшто не ти се намалува искуството. Само упатства се, пак мора сам да научиш како да го направиш тоа.

Според мене игриве е подобро да ги играш со друштво. Или паралелно, или со некој кој веќе изиграл. За да зборите, да споделувате совети и стратегии, да те води во играта. Сфаќам што сакаат да направат без мапа, без патокази, ама премногу е лесно да се изгубиш и да потрошиш саати безвезе без никаков прогрес. Ај што губиш саати на секој бос дур го поминеш, не мора да губиш и дур најдеш кај треба да одиш. После околу 4-5 саати стварно бев изгубен и поима немав кај да одам следно. Тогаш отворив гајд и се водев според тоа за каде да одам се до крајот на играта. Мило ми е и што се водев според тоа за да не го изберам погрешниот крај и да изгубам неколку саати контент. Уште пред да го отворам гајдот иначе ми текна дека тука и на други места имам читано за некој бос Лејди Батерфлај и баш побарав кај да ја најдам. Јас имав веќе отидено во Хирата, и стигнав до заклучената врата, ама бувот не сум го видел кога поминував за да ми го даде клучот. И најверојатно никогаш немаше да ја најдам, а немаше ни да ја завршам играта доколку продолжев така, а баш после борбата со Лејди Батерфлај почнав да уживам во играта и да ја играм со вистински интерес.
Сите сме гуглале за соулс лајк игри гајдови за скриени ајтими или локации за скриени босови.
Ако играш дс3 пробај без турторијал да ги тепаш босовите знам дека ќе ти одземе време ама стануваш подобар во играта.
П.С. Инаку чим си ја прошол секиро дс3 ќе ти е поспора и полесна и останатите надолу дс2 и дс1 се се поспори и поспори
Фромсофт го бустна гејмплејот и на блодборн и на секиро.
И да ќе заборавев демонс соулс ќе ти е смешна колку е лесна за разлика од Секиро.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.640
Ја свртев Секиро :cool:
AMA
kolku kontroleri iskrshi?
Автоматски споено мислење:

Реков ќе ја чепнам пак ДС ама ДС3, 1 и 2 никако, ќе ме оладат ќе ја баталам и тројката, и да ти кажам право не е толку лоша од техничка гледна точка, има добра гравика, доста е исполирана, звук/музика исто на ниво, приказна...
Ne moze taka, ne biva trojkata bez kecot.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.549
Поени од реакции
52.342
kolku kontroleri iskrshi?
Не кршам, а и не се нервирам лесно :D

Само на крај на Ишин се нервирав затоа што и после неколку денови се осеќав како да нема никогаш да го поминам. Да не беше последен, сигурно ќе се откажев. И не беше толку поради тежината, туку фактот дека има четири фази. Против Геничиро научив одма. И за првата фаза Ишин не ми требаше премногу време. Ама во третата никако не можев да научам точно како ми одговара да играм и проблем ми беше што за да ја вежбам мора пак да ги поминувам првите две и дур стигнам пак до третата... Последната фаза ја видов само два пати. Првиот пат глупо се залетав и ме уби, вториот пат го убив.
Со други често ми се случуваше на еден удар до победа да се залетам мислејќи дека го имам и да изгубам, ама не ми беше голем проблем тоа.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
kolku kontroleri iskrshi?
Автоматски споено мислење:


Ne moze taka, ne biva trojkata bez kecot.
Ќути ме вознемируваш :(
Ништо во животот не почнувам од средина или крај или пак оставам недовршено. Де факто почнав од ДС1 ама само не ја изиграв :D
Некој римејк се надеввам ќе го рекуперира тоа "прескокнато" искуство.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.251
Поени од реакции
27.640
Ќути ме вознемируваш :(
Ништо во животот не почнувам од средина или крај или пак оставам недовршено. Де факто почнав од ДС1 ама само не ја изиграв :D
Некој римејк се надеввам ќе го рекуперира тоа "прескокнато" искуство.
Ne pa zatoa sho DS3 e direktno prodolzenie na DS1, dodeka DS2 mu doaga kako side story.
Drugo e koa odis na primer niz nekoja lokacija u DS3 i si vikas hmmm, ova kako da mi e poznato, i posle sam da si povrzes raboti. :)
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
356
Очекував некој да ме тагни на ова во стилот... "ask Berzerker about Four Kings..." :LOL:
Повеќе ќе си бев благодарен на себе доколку порано се сетев да проверам на нет како се иди до босов, и дека ти треба некаков ебен прстен за тоа :tapp: :angel:
Абе се дешава. Јас морав по втор пат да ја почнам Бладборн за да видам како да влезам во ДЛЦ-то, мислев инкорпорирана е во смисол додадени се некои задскриени босови. Кога видов дека сум ја оплескал си викам како ќе кажам сум ја свртел а Лејди Марија, Орфан оф Кос, Лудвиг, Лоренс... ги немам истепано, се чуствував како лоад да сум одбрал место сејв после цел ден играње :D
Автоматски споено мислење:

Ne pa zatoa sho DS3 e direktno prodolzenie na DS1, dodeka DS2 mu doaga kako side story.
Drugo e koa odis na primer niz nekoja lokacija u DS3 i si vikas hmmm, ova kako da mi e poznato, i posle sam da si povrzes raboti. :)
Те сваќам потполно ама небива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom