Dark Souls

  • Креатор на темата Креатор на темата wot
  • Време на започнување Време на започнување
Ја има ли некој Дарк Соулс за ПС3?

Ја имаш на Arenabg и на Zamunda...

Од Замунда симни ја... Мене од Аренабг ми правеше проблеми...
 
Последно уредено од модератор:
Ја имаш на Arenabg и на Zamunda...

Од Замунда симни ја... Мене од Аренабг ми правеше проблеми...

Не ми е чипуван, оригинал барав. На ПС стор ја нема веќе подолго време (n)

Бтв кецот го барам не новата верзија
 
Последно уредено од модератор:
Не ми е чипуван, оригинал барав. На ПС стор ја нема веќе подолго време (n)

Бтв кецот го барам не новата верзија
Го имаш ова видено или ова? Или пак ова или можда ова?
А ова? :)
И да ти ја пратат, не верувам да платиш царина пошто едно за твоја лична употреба е, второ не преминува над 50 евра.
 
Го имаш ова видено или ова? Или пак ова или можда ова?
А ова? :)
И да ти ја пратат, не верувам да платиш царина пошто едно за твоја лична употреба е, второ не преминува над 50 евра.

Од амазон не ми праќат овдека додека од гејмстоп 60$ шипинг ми бараат. Ај ќе се најде ваљда некој кај нас кој го има
 
preeska vlegov kaj Executioner Chariot, uf.. :place:

Тој е, бар од досега одиграното(94 lvl), единствениот оригинален и вистински интересен бос. Останатото е или копирано од кецот, или па копирано и мултиплицирано. Нема да давам конечен суд, немам видено се, ама досега сите босови или потсеќаа на тие од кецот или беа буквално истите. Ако ти си видел некој друг оригинален и интересен, кажи, со душа да го чекам.
Друго што многу ми смета кај босовите е бројката. Skeleton Lords, Ruin Sentry's и Bell Gargoyles се битки со тројца или четворица наизменично. А не е за такво нешто дизајнирана играта. За 1v1 е. Во кецот тој во катакомбите мутавиот само можеше да раѓа допелгенгери(а немаше ни време, кркаше one-shot), Bell Gargoyles беа двајца(со хендикеп, играта дозволуваше да го затепаш малку првиот пред да ти прати уште еден) и O&S беа двајца. Не памтам тепачка со тројца босови. И гледам зошто немало.
Музиката што ги следи е катастрофа. Тежок просек. Ништо не ми влегло во глава од цел soundtrack(таа во Majula ми нема излезено, ама оти прекурчи за два дена). Музиката на Sif, Gwyndolin, Priscilla, Gwyn и денес ја имам во плејлиста. Гадно потфрлиле со soundtrack-от.
Дизнајнот на светот досега е исто просечен. Не видов ништо што може да му се доближи на Anor Londo.
Скоро сите крипови имаат target tracking. До последна секунда те следи оружјето. На некој може му е океј тоа, мене ми е глупо. 500 кила стока свртена со грб за една секунда врти 180 степени и те погодува, дури и ако се движиш, без не мавнеш салто или да кренеш штит.
Bonfire скокањето е ретардирано. Не знам зошто го дозволиле од почеток.

Нема душа играва. :(
 
Сега делуваш разочарано оти не е подобра од кецот, а се надевавме дека ќе биде дури полоша. Мене ми е сосема ок уште една DS, со исти квалитет. Барем не е лоша.
Освен џиновските витези, мене ништо не ме потсети на кецот, светот ми е прилично нов и интересен исто и како непријателите. Пример сега сум во Huntsman's Copse, тројцата високи и брзи на влезот се прилично тешки за учење патерн и прилично заебани, влагаш понатаму во мрачнина ти се става дебел и те заковува во земја со два српа! Меѓутоа освен по некој крип тука таму и од банидити што се кријат зад дрвја треба да внимаваш, и се тоа е ок додека се шеткаш наоколу и одеднаш зелен отровен смог те посипува, одеднаш треба да внимваш и по дрвја од ебени пеперутки! На штреп бев цела област.

Друго што многу ми смета кај босовите е бројката. Skeleton Lords, Ruin Sentry's и Bell Gargoyles се битки со тројца или четворица наизменично. А не е за такво нешто дизајнирана играта. За 1v1 е. Во кецот тој во катакомбите мутавиот само можеше да раѓа допелгенгери(а немаше ни време, кркаше one-shot), Bell Gargoyles беа двајца(со хендикеп, играта дозволуваше да го затепаш малку првиот пред да ти прати уште еден) и O&S беа двајца. Не памтам тепачка со тројца босови. И гледам зошто немало.

Играта не е за 1вс1, одкога ги поминав неколкуте босови интересно ми е да гледам други како се мачеле по јутуб и не, само ние се мачиме, гледам еден повикува уште двајца со него онлајн, тие го млатат Пурсуерот а овој еднаш до двапати го мавна.. кога ти можеш да викнеш уште 2ца со тебе, сосема фер е со 3ца или 4ца наизменично да бидат битките со босовите. За нас пиратите е сјебано, но поголем предизвик.

Музиката што ги следи е катастрофа. Тежок просек. Ништо не ми влегло во глава од цел soundtrack(таа во Majula ми нема излезено, ама оти прекурчи за два дена). Музиката на Sif, Gwyndolin, Priscilla, Gwyn и денес ја имам во плејлиста. Гадно потфрлиле со soundtrack-от.

Не само што потфрлиле, туку воопшто како да го нема.. јас не се ни сеќавам музика да ме наежила овојпат, освен можеби за Last Giant, ептен ми се створи некоја атмосфера, енормноста, нешто музиче ситно а ја со меч-че му се затрчав у фаца! Ваљда прв бос дека..

Дизнајнот на светот досега е исто просечен. Не видов ништо што може да му се доближи на Anor Londo.
Скоро сите крипови имаат target tracking. До последна секунда те следи оружјето. На некој може му е океј тоа, мене ми е глупо. 500 кила стока свртена со грб за една секунда врти 180 степени и те погодува, дури и ако се движиш, без не мавнеш салто или да кренеш штит.

Не сум приметил искрено.. дури мислев е усовршено АИ-то. Според описот го имаше и во кецот тоа, пример Таурусот те маваше од цел полукруг! Овде обично те закачуваат кога си позади ако имаат долги мечеви или копја. Друго што приметив и ми се допадна дур се млатав со тројцата златни како и да се викаа, драстично побрзи беа од мене, пример додека го кружам со спуштен штит да ми се регенерира побрзо стамината, тој може да ме удри иако јас сум кликнал да го подигнам штитот, што значи автоматски не се бранам туку има real-time момент, може да ме удри додека мојот уште го подига штитот. Ебено потешко го прави тоа, но.. :icon_lol:

Bonfire скокањето е ретардирано. Не знам зошто го дозволиле од почеток.

Нема душа играва. :(

Апсолутно се согласувам за бонфајрот!

Мене ипак ми е добра засега, дури се осеќа како да има приказна овојпат. :pos:
 
Промашена игра...
 
Промашена игра...

Добро. Сфативме. Кажа еднаш веќе.

Глупа била оти си бил заглавен некаде без реална шанса да поминеш. Ама ете ние неколку од овде сме го поминале тоа, сме ја поминале и играта.

Па прашањето за милион долари е: кој навистина е глуп тука? :unsure:

тепај си го Алдуин со боксови, шо да ти кажам..
 
Една од големите грешки што сум ги направил во животов... Кој ме тераше да ја почнам играва... сите испити ќе заминат по вода :D
Одлична игра... ја немам почнато 2ката ама кај да е ќе ја почнам
 
Играта не е за 1вс1, одкога ги поминав неколкуте босови интересно ми е да гледам други како се мачеле по јутуб и не, само ние се мачиме, гледам еден повикува уште двајца со него онлајн, тие го млатат Пурсуерот а овој еднаш до двапати го мавна.. кога ти можеш да викнеш уште 2ца со тебе, сосема фер е со 3ца или 4ца наизменично да бидат битките со босовите. За нас пиратите е сјебано, но поголем предизвик.

Aко стигнавме до тоа онлајн компонентата да ја користиме како оправдување за дизајнот, ептен сме наебале. Тоа чудо во кецот беше скоро непотребно, не ни приметив некакво отсуство. Постоеше за ако сакаш да се дрнкаш со covenants или да фармаш глупости, кога ќе ти здосади single player кампањата. И за да оставаш пораки по земја. Единствено место кај што стварно беше од корист и нас ни фалеше беше пред Seath, кај тоа невидливите мостови. Овде мултиплеерот е суптилен DRM, обесхрабрува да ја вртиш сам, а, нели, тоа е и поентата на Dark Souls. Цела митологија, цела атмосфера околу играта ја темелеа на тоа дека играчот е сам, мал и во голем дел безначаен. Така и те третираат NPC ликовите во кецот. Тоа и беше смислата на Dark Souls.
Колку страствено го изнапишав ова. Да видиш само колку интензивно и брзо за мрзлив човек типкам тука. S-то ми пропадна скроз, сирото :(

Не сум приметил искрено.. дури мислев е усовршено АИ-то. Според описот го имаше и во кецот тоа, пример Таурусот те маваше од цел полукруг! Овде обично те закачуваат кога си позади ако имаат долги мечеви или копја.

Не мислам на хоризонтален sweep. Тој е океј, го имаше и во кецот. Тука и вертикално кога маваат користат target tracking. Врти околу желките во Iron Keep и ќе видиш. Нула тромавост. Те следат до последна секунда.
 
На пола сум од New Game Plus.
Многу ствари не држат вода што ги кажуе @Raziel

Toa што се фрустрираш зашто имало по 3 непријатели одеднаш не е проблем до играта туку до тебе. Нема тука правена е за 1вс1. Прeд се играта е осмислена да се игра Online Ако смета бројчаната надмоќност па фино лепо голтни едно Effigy имаш Фантоми да повикаш кој помагаат во самата борба или уште подобро 2 реални играчи со тебе. Во New Game + да видиш што се дешава, на сред борба со Lost Sinner ти праат иnvade 2 Dark Spirits од оние знаеш црвенине што излагаат. Кого ќе тепаш попрво?!?!

А.I.то е шема како и секоја игра. Се трудиш да го дознаеш pattern-от по кој се движат и реагираат и согласно тоа да реагираш. Интересно е што има некој добри шеми како на пример. Сентинелине во Lost Bastille пример откако ке го убиеш едниот напаѓаат останатите 2ца. Ако сте двајца, 2та Сентинели ке се свртат против 1 или уште полошо додека умре едниот другиов константно држи Guard и се труди да те внесе во борбата од овај што активен.

Мене ми е подобрена во сите аспекти. Довдена до стадиум каде нормален играч може да ужива во предизвикот што го нуди играта. Едино тоа да, многу асети се земени од првиот дел и употребени во двојката. Од дизајни до движења до напади..... Но што да се прави FromSoftware оргиналниот тим кој ги правеше Demon Souls i Dark Souls е зафатен со Project Beast. DS2 им беше даден на втората дивизија од FromSoftware кои само го искористија тоа што им беше при рака :)
 
На пола сум од New Game Plus.
Многу ствари не држат вода што ги кажуе @Raziel

Toa што се фрустрираш зашто имало по 3 непријатели одеднаш не е проблем до играта туку до тебе. Нема тука правена е за 1вс1. Прeд се играта е осмислена да се игра Online Ако смета бројчаната надмоќност па фино лепо голтни едно Effigy имаш Фантоми да повикаш кој помагаат во самата борба или уште подобро 2 реални играчи со тебе. Во New Game + да видиш што се дешава, на сред борба со Lost Sinner ти праат иnvade 2 Dark Spirits од оние знаеш црвенине што излагаат. Кого ќе тепаш попрво?!?!

Да, приметив дека е осмислена пред се за онлајн. Приметив дека целиот дизајн се врти околу тој мутав jolly cooperation. Дека е драстично подобрен PvP делот. Дека голем дел од гејмплејот е кондензиран во covenants. Дека има посебен прстен кај тоа мачката за да можат играчи да се поврзат.
Ама мене тоа не ме интересира. Да ме интересираше, ќе ја купев. Ниту сакам co-op, ниту некогаш сум викал фантоми. Само PvE делот ми е битен, во тој контекст ја гледам и од таа перспектива ја критикувам играта. Истото го правев и за кецот. Таму немаше вакви глупости. Тие малку што ги имаше, можеше да ја превртиш играта и да не приметиш дека воопшто постоеле.
Да, во New Game+ Lost Sinner има помош од тие Daughters of Chaos. Во NG+ Bell Gargoyles ти идат во група од 8-9...итн итн....мрзливо спамање повеќе исти противници за да те присилат на summon.

Но што да се прави FromSoftware оргиналниот тим кој ги правеше Demon Souls i Dark Souls е зафатен со Project Beast.

Знам. Знам и дека Demon's souls 2 ќе биде ремек дело. И дека ќе го прескокне PC целосно оти ќе биде PS4 ексклузива. Цела енергија таму ја трошат, оваа им е класичен corporate greed производ. Си имат мака и FromSoft. :)[DOUBLEPOST=1399314395][/DOUBLEPOST]edit
Еве и баткава се согласува.
Има нешто спојлери, тие што не ја свртеле, нека го прескокнат видеово.
 
Последно уредено:
Ми се допаѓа играва (Dark Souls) но катастрофа е на PC... Не знам за другите или можеби некој спомнал во предходните постови, ако ја играте играва играјте ја на конзола, многу се лоши контролите и движењето со маус и тастатура. За Dark Souls 2 не планирам да ја играм бидејќи сум перфекционалист :P Додека не ја поминам првата игра не идам на другата, така правам со сите игри што ги играм.
 
Го утепав тој белиот полубос или што и да е во шумата, и послем влегов во маглата и ме скинаа таму во рушевините.
Све се рестартира освен полубосот и немам повеке lifegems, и сега кога ке дојдам до рушевините сум со многу малце hp и нема шанси да продолжам натаму.
Има некој совети?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom