Dark

Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Не сум некој експерт ама серијава е во рангот на најдобрите. Чудно што не е толку популарна како што заслужува.:cautious:
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.556
Поени од реакции
52.348
Јас долго време ја избегнував заради јазикот. Конечно се натерав пред некоја недела да пробам, и воопшто не зажалив. Одлична (y)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Прва сезона изгледана за 3 дена.

Добар тајминг имаш за гледање на серијава, таман во очи последната сезона. Јас треба одново да прегледувам што се се случи затоа што лесно се мешаат тајмлајните.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Добар тајминг имаш за гледање на серијава, таман во очи последната сезона. Јас треба одново да прегледувам што се се случи затоа што лесно се мешаат тајмлајните.
Обично не практикувам да гледам незавршени серии. Ме мачи да чекам година дена за 10 епизоди кои ги завршувам во 2-3 дена.
Тука кога избиравме најдобри серии котираше високо и реков ќе ја гледам откако ќе ја завршат. Се надевам дека нема да има 4 сезона и дека оваа ќе е финална. (не читам ништо поврзано со серијава, многу често несакајќи отварам страни полни со спојлери или наслови во кој е речиси цела сезона опишана, а во оваа серија и тоа како е битно да знаеш што помалку однапред)

Следна после оваа ваљда ќе ми е Mr.Robot или таа Six Feet Under.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Мислам дека третата ќе биде последна сезона, бар така најавуваа...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.103
Поени од реакции
5.758
Еве ме и мене со коментар за серијава... Почнав да ја гледам пред 3 недели мислам дека. Првите впечатоци ми беа многу убави, бев преимпресиониран од првите неколку епизоди и си бев со мислење дека серијава е тоа што очекував "Stranger Things" да биде (side note: Stranger Things е срање и не ја продолжив после прва сезона).
Значи одлична кинематографија, сценографија, музика. Временските периоди ги погодиле феноменално. Бидејќи сè уште не знаев што точно се случува на почеток, серијава на многу пати ме наежи кога ќе откриеше нешто поврзано со друг временски период.

И сè тоа исчезна во втора сезона. Значи уште од прва сезона се збори дека некои ликови се враќаат во времето да го спречат тоа што се случи, за во втора сезона да продолжи истиот муабет, и како што течеше сезоната се случуваа баш оние работи кои што сакале да ги спречат да се случат. Цело време бев во исчекување да има некаква промена, да не е истиот тек на настаните, и ако не беше последната минута од втора сезона - сè ќе беше баш така. Но тоа што се случи на крај не е доволно да го промени фактот дека ЦЕЛА СЕЗОНА ДЕЈСТВИЕТО НЕ МРДНА ОД МЕСТО!!!

Значи гледам (а бидејќи можам да гледам само навечер, од толку што ми беше досадна многу често заспивав), и се надевам дека нешто поинаку ќе се случи.... Не. FUCK! ДА ТИ ЕБАМ СЕРИЈАТА ШТО МИ ПОТРОШИ 10 СААТИ ОД ЖИВОТОТ ПРИКАЖУВАЈЌИ МИ КАРАКТЕРИ ОД ДРВО ШТО ЗБОРАТ ВО ХИЕРОГЛИФИ!!!

Ни еден лик не е интересен. Развојот им е НУЛА. Дејствието е истото она што го знаеме уште од старт. Па да му ебам мајката, онаа сцената кога Јонас се буди од сон 10 пати ја има. Од серија што на почетокот ме наежуваше се претвори во серија која што ја гледав без никаков интерес за побрзо да ја завршам. Ќе ја гледам и трета сезона затоа што е последна, но стварно немам голема надеж дека работите ќе се подобрат.



Мал спореден муабет за time travel... Има 3 теории за time travel. Серијава цело време го тера првиот модел - fixed timeline. Филмовите што се спомнати во примерот на сликата се успешни затоа што дури на крај сфаќаш дека целото дејствие се одвива затоа што некој од иднината се вратил во минатато за да го спречи она што се случува во иднината, но всушност тој го предизвикал она заради кое се вратил. Многу помага и тоа што траат околу 2 саати, да не мора да си го тупиш многу мозокот. Но кога ова дејствие е раздолжено во 15 саати и од релативно рано знаеш дека тоа е тоа - станува досадно и измачување. И ова е и покрај фактот што решив да ги игнорирам сите парадокси (just for the sake of watching). Значи серијата нè тера да прифатиме дека Танхаус ја напишал книгата за time travel откако некој му ја дал од иднината со објаснување дека книгата сега едноставно постои. Ако земев да размислувам за овие работи уште тогаш ќе ја откажев.

Не знам колку од вас го гледале Predestination, ако ви се допаѓа оваа серија претпоставувам и тој филм ви се допаѓа (или ќе ви се допадне). Мене не. Цел филм е еден огромен парадокс и ми ја вреѓа интелигенцијата.

А ако сакате да гледате сериозно добар филм за time travel - Primer.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom