Дарио

  • Креатор на темата Креатор на темата rossoner stefan
  • Време на започнување Време на започнување

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Возраст
34
Долго време на форумов барам некоја тема за една од нашите најголеми музички имиња, за на крај да заклучам дека ја нема.Па затоа и ја отворам, бидејќи цврсто сум убеден дека постојат доволно цврсти и убедливи аргументи дека тој тоа и го заскужува.Дарио Панковски.
Човек кој веке 27 години успешно опстојува на македонската музичка сцена.Уметник во вистинска смисла на зборот.Преубави композиции, содржајни текстови, одличен вокал, со еден збор перфекција.
Она на што сакам да обрнам внимание се неговите текстови, за кои и самиот вели дека се интимни , со преголеми емоции, а голем дел од нив се и автобиографски.
Од постарите генерации имам слушано дека на времето Дарио бил навистина многу популарен.Мегутоа дека по еден концерт во Скопје, за кој се вели дека бил фантастичен(за тоа време) не добил никаква награда(бидејки тогаш за успешно организирани концерти давале некој вид на признанија).И секако следело големо разочарување.
Во овој контекст Дарио, и ден денешен ги критикува македонските радио станици за кои вели дека немаат континуитет. Ќе свртат неколку песни кога се издава албум и толку. По еден месец сѐ се заборава. Треба малку поинтензивно да работат- потенцира тој.
Неговата последна активност (колку што можев да најдам на гугл) е од 13ти Март, 2008 година кога го издал видео-записот за песната Човек без спомени.
За неговата 27годишна кариера неможе да се најдат голем број на податоци.
И се прашувам во која насока иде нашата музика.До кога ке се зборува само за она што е скандалозно и пренатрупано си кич и шунд.До кога ке се збори само за она што е направено со сила и со помош на мама и тато.Кога ке почнат да се ценат вистинските вредности?Кога ке почне да се цени вистинската уметност?
Сега за сега, ке ставам едно видео од Дарио, барем она кои лично мене ме наежуваа, и придонесува целосно да се соживеам со песната.





 
Баш и ја се мислев да отворам тема за Дарио али све некако ме мрзеше...:)
Звер човек , ме натераа спотовите од к-15 ТВ ( исечоци од универзална од неговиот концерт ) да симнам дел од неговите и песни и баш се зачудив пошо имаше фантастични текстови на добра музичка подлога, а и специфичниот негов глас знае да ги долови на еден посебен начин...

Би ги издвоил Капар, Човек без спомени,Тебе, Очите лажат, Меѓу сите ѕвезди, како за мене најубави негови песни иако ни другите не заостанувааt премногу...
Штета што не е поактивен во последно време за да им покаже на помладите како се прави добра музика со давања на целата душа во песната, а тоа дека сцената само ни оди надолу е резултат на тоа што има се помалку како него...
 
Баш и ја се мислев да отворам тема за Дарио али све некако ме мрзеше...:)
Звер човек , ме натераа спотовите од к-15 ТВ ( исечоци од универзална од неговиот концерт ) да симнам дел од неговите и песни и баш се зачудив пошо имаше фантастични текстови на добра музичка подлога, а и специфичниот негов глас знае да ги долови на еден посебен начин...

Би ги издвоил Капар, Човек без спомени,Тебе, Очите лажат, Меѓу сите ѕвезди, како за мене најубави негови песни иако ни другите не заостанувааt премногу...
Штета што не е поактивен во последно време за да им покаже на помладите како се прави добра музика со давања на целата душа во песната, а тоа дека сцената само ни оди надолу е резултат на тоа што има се помалку како него...

Морам да се надоврзам и да ја споменам Жена за сто години!Фантастична композиција.Барав по ЈУтуб , ама никаде ја нема, па ако ја најде некој на друго место нека ја стави.

иде вака некако

Два три збора обични
во право време кажани
вредат многу повеке, од сите романи напишани.
Демони ме гонат, и бродови тонат,
незнам што би со себе
тогаш некој ке ми каже:
Ало, здраво како си, еве баш мислам на тебе!
Како во кугла стаклена да гледаш кога си ми ти најпотребна
тоа не го може секој, туку само некој, некој како ти
искрено што љуби, чувствува и губи, Боже дал те залсужив.
А знаеш да бидеш и злобница права, но некогаш си ангел небесен,
оган или лед, дали си вулкан или жед, и после толку години, сега знам
јас што си ти, жена за 100 години.
:smir:
 
Дарио своевремено беше навистина популарен. го паметам уште од времето кога со него имаше бенд МИГ-21. Инаку за тоа време има многу контроверзии, трачеви, полувистини. Сигурно е дека МИГ-21 се распаднаа по 2-3 години дружба со Дарио.
Од светлата страна гледано. Дарио издаваше 2-3 песни годишно, но сите тие вредеа. Негов албум може да се спреди со бест-оф Дарко Димитров, и пак квалитетот на кантар ќе натежне на тасот на Дарио.
Чисто информативно, тој кариерата ја започнува во бендот Бон-Тон.
И од мене придонес една песна која ме гаѓа во десна преткомора :)
 
На времето да одличен пејач со одлични текстови...но како што оди понатаму се полоши му се текстовите со некој лош поп-фолк ритам што воопшто не ми се допаѓа...нешто во стил Немам што да облечам :tapp: незнам зашто го смени стилот човекот кога толку беше популарен,само се избламира :toe:
 
Од Дарио највише ја сакам Ќе пеам за нас..текстот е лудница. Исто може да се напомене и плачела плачела(на спотот мислам)
 
Како бе досега никој не ја спомна Дупла вотка ?? Според мене најдобра песна од Дарио
 
Одличен пејач, не е ни чудо што му дошло преку глава и се разочарал кога некој од трета класа добил признание за концерт на годината, срамота.
Дарио има класика песни, одлични песни, мене најубави ми се Дупла водка, Ќе пејам за нас (мислам така се викаше) и Немам што да облечам.
Скеогаш има преубави деовјки во неговите спотови, штета голема што не е активен во поново време, али тоа се должи на фактот што луќе од типот на Џеј Џеј и компанија вадат песни скеоја недела и не може да им се парира на топ листите.
Како и да е, Дарио треба да продолжи да работи, ете го Владо Јаневски кој е се уште на врвот и кој не се откажал заради тие нови млади имиња
 
Дарио има многу добри песни оставено зад него, што стварно вредат, само некако со поновиве песни не ми прави мерак баш.
 
Дарио е добар пејач. Стар волк. Сеа малце не се занимава со музика и си тера работа. Порано правеше и концерти и се. Омилен меѓу жените над 30 години.




Една од неговите најдобри песни. Неможев да најдам со подобар квалитет.
 
Мене најмногу ми се допаѓа "А која ли си ти". Прекрасна песна, преубава.
 
добра ќерка има :D
 
Уф , добар беше Дарио едно време.
Сега како што поминува , последното нешто што го чув од него беше „Немам што да облечам“ кое што сметам дека имаше примеси од турбофолкот и поради тоа беше бајаги неквалитетно.
Ама старите песни му се одлични , и сметам дека нема човек кој нема чуено за него (или од Него).
 
Дупла Вотка

Еден ден некаде некогаш
Штом сите бајки ќе завршат
Грб ќе ти свртат засекогаш
Сите што без тебе неможат.
Дојди без шминка без изговор
На иста улица исти број
Не треба насмевка, солза, збор
Дојди јас сум сеуште твој.
Сонце гледам сонце не ме грее
Дупла вотка и ништо важно не е
Кој те добива а кој те губи
Јас те сакам некој друг те љуби
Сонце гледам сонце не ме грее
Дупла вотка и ништо важно не е
Кај и да си еден ден ќе сватиш
Јас сум тој што чека да се вратиш.
За мала слика во новина
За секунда една во тв-спот
Стануваш сечија своина
Му правиш друштво на секој скот.
Но еден ден некаде некогаш
Штом грб ти свртат засекогаш
Подигни слушалка сврти број
Дојди јас сум сеуште Тој.
 
Баш денес читав дека во скоро време ке издаде нова песна ‘‘Латовица‘‘ која со нетрпение очекувам да ја слушнам.И што е најважно најави дека е автобиогравска во која секој од нас може да се пронајде.Едвај чекам:pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom