Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Претерано ја сакам.Ладно,снег,нема никој по улиците,милина.
 
Лошото во зимата е...

Се прави општ хаос во градот кога ќе наврне снег. Мораш да излагаш најмалце 20 минути порано од дома за да стигнеш на некое место. Па лизгавите патишта, незнаете колку имам страв кога одам по замрзната улица, уште од мали години ми е влезен стравот во коски. Па потоа кога ќе почне да се топи снегот, и ќе ја добие онаа сива боја, па калови едно-друго. Морам да се сложам и со Лет3 за оние банални ситни работи за кои мораш да внимаваш во зима. За да појдеш до продавница ќе ти требаат 10 минути да се наоблечеш, па со мокра коса на тераса никако, чистење на дворовите/ автомобилите итн...

Доброто во зимата е...

Дефинитивно првиот снег, она чувство што останало како дете во вас. Ве потсеќа на безгрижните детски денови кога со другарите главен приоритет ви било да направите снешко. Друго, оние 30-тина дена почнувајќи од 19 декември (СВ. Никола) па се таму до крајот на Јануари со празниците. Тогаш цело семејство го фаќа празнична еуфорија, многу празници, трпезата колку што може да е пополна, секој со својот стандард. Па кога ќе наврне убаво снегче, онака кога ќе излезеш и ќе шеташ по дворовите и оставаш отпечатоци на паднатиот снег. Телевизииве знаат да дадат некое "екслузивно" филмче старо 30 години, и потоа пак се враќаат на сериите нажалост. Потоа кога се будиш насабајле и гледаш дека надвор вее снег, ладно е, а ти си легнат по гаќи под топлиот јорган... :X3:. И дефинитивно нема поубаво време од зимата за гледање филмови, па уште ако ти се трефне да немаш некоја работа, правиш маратони по цели денови.
 
Од кога мажи се мажат? Што не кажувате дека и ваква мода има кај нас :D

Прегледај го приврзокот 76741Прегледај го приврзокот 76742Прегледај го приврзокот 76743Прегледај го приврзокот 76744Прегледај го приврзокот 76745
Роден сум во една од најлошите зими во МК и ја обожавам :love:
Убавина немам зборови
 
Ја сакам ептен и полесно ја поднесувам за разлика од летото.Има нешто во неа што позитивно ми влијае.Едвај чекам да падне снег за да шеткаме со дечињата .
 
А дали зимата ве сака вас?
 
Ич, ама ич, ич не ја сакам. Нит ме интересира прв снег, нит враќање во детство, нит погледи од затоплени простории, ништо. Зима ме асоцира на смрзнат нос, смрзнати прсти и смрзнато расположение. На тешка облека, задимени простории, настинки и мрзнење пред кафичи и кафани за цигара која од ладното не ми ни прави кеиф.

Единствено нешто што малку од малку ја вади зимата е зимницата :) Ама и од тоа би се откажала за константна температура над 20 степени.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom