Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Кој стар чоек ја сака зимата?!? Ем коски болат, ем ишијас фаќа.
А додека се наведнеш да облечеш ѕиври и чорапи, ете ти, пролет стигнала. :(

Не знам јас тоа, како ви е на вас старите...

:cool:
 
Подобро едуцирај се со време, ти мафтаме и те чекаме. :D

Ич да не ме чекате, не доаѓам...

:pipi:

Серизоно, оној момент кога на зимата престануваш да гледаш како на извор на задоволства, и почнуваш да гледаш како на извор на проблеми, е моментот кога стануваш стар.
 
Кој стар чоек ја сака зимата?!? Ем коски болат, ем ишијас фаќа.
А додека се наведнеш да облечеш ѕиври и чорапи, ете ти, пролет стигнала. :(

Бисеро, сè точно си кажвиш. Ниеден старчоек несакат зима оти ногу студит, плус и ладно е ногу. Ево јас ѕиврине научив да ги натнам релативно бргу, али термафорон со врелана вода ко ќе ми се дупнит на силегвење, секундарно ме попарвит и морам нови ѕиври да облеквам. Е то ногу мака ми прајт.
 
Ич да не ме чекате, не доаѓам...

:pipi:

Серизоно, оној момент кога на зимата престануваш да гледаш како на извор на задоволства, и почнуваш да гледаш како на извор на проблеми, е моментот кога стануваш стар.

Сериозно?
Кажи му* го тоа на мојата маленкост зимурливост.
И на 40+ со ладни раце и нозе.

* намерно не пишам и`, за да биди по битолски. :)

Бисеро, сè точно си кажвиш. Ниеден старчоек несакат зима оти ногу студит, плус и ладно е ногу. Ево јас ѕиврине научив да ги натнам релативно бргу, али термафорон со врелана вода ко ќе ми се дупнит на силегвење, секундарно ме попарвит и морам нови ѕиври да облеквам. Е то ногу мака ми прајт.

Петар, мене внучко ме подучи наместо термофор, да си клам шише од кисела вода, ем поцрвсто, ем за еднократна употреба. Ама, кај мене има друг проблем. Топлана вода ме терат да некои потреби, а маката да станам, откако сум се свиткала ко палачинка со јамболија, е голема. :(
 
Не ти е лесно, сестро слатка. Мене пак ко некемисестанвит ич не станвам, од принцип. А се истушил термафорон, а јас сум се подмочал, еписибир. Главно те топлит.
 
Не. За среќно заљубени парови ми е. Додека се држат за рачиња да им крцка снегот под ножињата.
 
Каква зима, бегај таму. Чоек да неможи од дома да излези. Едвај чекам март, април таму ко ќе почну да се затоплува.
Патем, имам купено едно радијаторче за во собата. Е сега ме интересира дали ако стои по еден час ете максимум два часа нека е уклучено (башка тоа што си има да се гасни ко ќе достигни одредена температура) колку отприлика ќе ми потроши струја месечно? Сигурно има и други вака што се топлат. Па ај дајте искуство.
 
Сакам зима сакам зима сакам зима ле але од Русија :)
Ова овде кај нас не е зима доста не се жалете, иначе си ја сакам и нашава зима само шо не се понашат ко зима е то батиња си е друг муабет.
 
Ја обожувам зимата, посебно оној поглед низ прозорецот додека врни снег :love:
Си имала свои убавини зимата, ама лето си е лето, дефинитивно:love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom