Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Ја сакам кога е бела како излезена од приказна... Тогаш ја разбираш убавината на топлото, оганот, домот, добрата ракија....
 
Освен тежок јорган и тешки чизмишта, ништо друго не ми се свиѓа поврзано со зимата.
 
Освен тежок јорган и тешки чизмишта, ништо друго не ми се свиѓа поврзано со зимата.
А правење снежни ангели во штотуку паднатиот снег? :)
 
Најлошото нешто што ми се случило во зимата беше кога ме удрија со мраз во глава незнаев што се случува само се најдов на земја а околу мене другарите xD а тој што ме удри ми е братучед
 
Денес зимските задоволства не се толку спектакуларни. Посебно кога ќе ги видам сметките за струја. А и снегот не паѓа како порано ;)

Заради мизеријата во државава, ниту на едноставните работи не можеш да се израдуваш...
 
Освен моментите кога паѓа снег и празниците, неможам да ја поднесам зимата. Надвор ладно, не се излева, треба на тебе 300 чуда да облечиш пред да испаднеш некаде, ветришта, пусто, нема сонце и денот е прекраток... Ете потекнувам од едно од најтоплите места во Македонија, па имам среќа зимата да е ептен кратка, но мора да кажам дека оној период кога е ладно кај нас не го сакам воопшто.

За снегот давам согласност, преубаво е да се гледа како паѓа, преубава е прошетката по снег и слично, ама од друга страна после тоа кога се топи е најглупото нешто. Цело време треба да шлапаш. Празниците секако се еден преубав период од зимата, кога и немаме време да мислиме на ветарот, на ладното и слично. Освен зимата и есента не ја обожавам баш, пред се ради дождовите. Ама годинава, есента пролет испадна. :D Периодот од Април - Октомври + крај на Декември и почеток на Јануари ги обожавам. Другото, слабо. :D

Абе сонцето си е сонце.
 
Aбе не судам јас, секој со своето. (па макар и во шкаф) ;)

Него општо познат факт е дека Сунгерот Боб, е омилен цртан лик на хомосексуалната заедница. А на страна тоа, сунѓерот живее во местото „Бикини Задник„, најдобриот другар му е розова (машка) морска ѕвезда, со кој одвреме навреме се држат за раце и ја гледаат серијата „Авантурите на машките сирени и момчето школка„.

Прилично сомнителен избор за ник на форум, ако ме прашуваш мене. ;)
Абе човек ако сака да промрчи како ти во овој случај се ќе измисли и ќе каже :)


Онтопик: Тука во Гостивар чувството е како кај и да е ќе падне снегот...... мрзарници ;)
 
Убава е зимата ама можеби на планина со снег. Јас искрено ја сакам зимата, но како сум повозрасен се оттргнувам од романтичното сфаќање на зимата со снег и ги согледувам другите несакани последици а пред се поголемите трошоци, за греење, за облека, за потрошувачка на гориво и сл.

Оној еден ден ако заврне снег во Македонија е убав, но само тој еден, калосаните улици што следуваат потоа во нашите градови не се некоја идила

Заклучив деновиве дека јас најмногу ја сакам есента, токму овој период, нема поубаво годишно време во Македонија од есен, нема поживи и разновидни бои и нијанси во ниедно друго годишно време, сите тие нијанси на жолто и портокалово, времето не е престудено ниту пак пекол жешко, дури и дождот има некоја своја убавина.
Секако и пролетта е убава ама има некоја нијанса во есента што мене ми ја прави поубава.
 
Зимата е катастрофа, нема доволно светло, а со тоа природата инсистира да се прикажува во црнобело, студено е, а тоа значи повеќе трошкови, многу сезонски бизниси стивнуваат и тн...

Но добрата страна е во тоа што нема инсекти....
 
ако конечно имам вишок пари за даска за бордање, да платам за да ме научат да бордам и барем 10 дена некаде па макар и да се искршам добро се надевам дека ќе ја засакам, а засега си го сакам период меѓу пролет-лето поточно мај месец мојот месец и не го менувам за ништо. Али и летото не ми смета, колку помалку облека и потопло толку поубо. Од топло, пари и жени нема зијан :)
 
Па да, зимата ја сакам многу повеќе во последнава деценија отколку претходно. Порано често викав, мразам зима и снег, но сега никако. Снег не дека и сега обожавам ама зимата ми се допаѓа, многу, многу повеќе од летото. Прва причина спиењето, јорган и гајле немаш, мада јас две потенки ќебиња користам :) Наоблечи се, ќе успееш да го постигнеш многу подобро ефектот отколку во лето, соблечи се гол џабе ќе ти биде. Здравствено многу подобар него во летните денови на полен и слични срања со кои си имам проблеми, зимно време пиво пијам на снег и не ме фаќа настинка.
Да се надоврзам на Вертер со сличен муабет, сивило, тмурна атмосфера, инспирација за повеќе работи, тера на мислење, а секако и песни од овој тип:

 
Зимата ја сакам повеќе од летото поради повеќе причини. Полесно се заспива,се осеќа онаа дружба на снегот, се чувствуваш на по друг начин во зимата одколку во летото :) Е сега ја мразам зашто во моментов ми е изгасена печката и ме мрзи да ја пуштам а ми мрзнат рацете хахаха :icon_lol:
 
зима е најубаво годишно време,поготово кога има снег..убавини...:love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom