Дали вие ја сакате зимата ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Matt Bevilaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Зимата не толку ,ама есента ја обожавам.(y)
 
Зимата и да и не. Не ја сакам поготово не во град каде има голема фрекфенција на автомобили во зимскиот период, а да не зборуваме за во Македонија ај што е гужва туку е и каша снегот калови. Нозете ти се мокри скоро до колена, мораш да мислиш што да облечеш, кога доаѓаш дома да сушиш јакна, капа, ракавици, ладно ти е, му ја мислиш дали ќе се разболеш.

Ја сакам зимата кога сум дома на топло, гледаш низ прозор како паѓаат снегулки, повеќе сме фамилијарно дома викендите и се прави добар зимски ручек со седење долго на масата, па има многу моабети на многу теми а одвреме навреме гледаш низ прозорецот како паѓаат снегулки. Зима сакам затоа што се тогаш празниците Бадник и Божиќ.
Исто би го сакал доколку би одел често или живел на планина/ скијачки центар. Во планина нема толку автомобили, не е каша толку снегот калови, исто ако би скијал па пауза малку некаде на терасичка, топло чајче и гледање во планините и луѓето кој скијаат, се санкаат. Живеам во Тетово али поради тоа што одамна не скијам ретко одам на Попова Шапка.

Лето сакам најмногу затоа што си лесно облечен во кратки, не му ја мислиш дали ќе се разболеш (не дека не можеш во лето да се разболеш но шансите се помали) Исто повеќе сакам море, сонце, плажа, вода и плус роден сум на лето.
 
Последно уредено:

И јас сум роден во лето, ама па за жива глава не можам да поднесам вруќина....Арно е тоа се`, помалу облека итн. Ама не, полесно ми е да се згреам во зима, отколку да се оладам во лето. xD
 
И јас сум роден во лето, ама па за жива глава не можам да поднесам вруќина....Арно е тоа се`, помалу облека итн. Ама не, полесно ми е да се згреам во зима, отколку да се оладам во лето. xD
Златно лето не му ја толку мислам и мокар во коса да излезам надвор или седам дома дали ќе настинам плус никој од мојте нити било кој друг не ми труби исуши ја косата со фен, облечи чорапи, дај не седи во ладната соба дојди во топло, не излегувај надвор по патики, облечи џемпер, седи дома кај ќе одиш сега кочан ладно е надвор..
 
А не бе. Што е до моите, не е важно која сезона е, мора тоа "не иди бос, не шетај без маица" итн. xD
 
Не баш, ЕВН таксиметарот брои, загадување градов - подобро само пушач на чисто да бев, облека, обувки, чешми мрзнат и пукаат, кишкаец, врева од дрва цепење наокулу... Ама пак и летото е тапа. Жешко, клими врева кучиња врзани во 2 метри квадратни лаат цела ноќ. Крив курац да ти ебам градот, менталитетот, сиромаштијата, немоќта и мизеријата. Јас не гледам што сите убаво виделе тука, ова е срање, ама изгледа нема подобро.
 
Да!! Кратко и јасно!❄❄❄☃️ обожувам студ, снег, планини, скијање, снешковци значи се што е поврзано со снег... сакам да е ладнооо и многу да е ладно не ми смета, јас ни греење не уклучувам кај мене у соба, уживам кога ми студи, лани беше ладна зима :X3: се надевам и оваа година.❄
 
❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄❄
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom