Знаеш како, добро би било кога секојдневните грижи и нервози не би влијаеле на среќата, кога среќата би била независна состојба. Не викам дека среќата не зависи од самиот човек, не викам дека човекот не е сам ковач на својата среќа и несреќа. Но викам дека колку и да се труди човек да ја оттргне својата среќна состојба на умот од секојдневните грижи, не може.Не може а да не биде загрижен за нешто, за било што. Ако може, тогаш не е во тек со реалноста или толку упорно ја игнорира, што не е добро.
И за крај, да, среќата влијае од годините. Зошто инаку нарекуваме некој постар кој успева да си ја зачува постојаната насмевка, дека е" вечно млад"? Кога сме веќе кај фразиве, тогаш што е и со "безгрижен како дете"?
Колку е човек помлад, толку го гледа светот порозево, толку повеќе сонува, толку повеќе се надева. Ако земаме типичен тинејџер, адолесцент, среќен е додека егзистенцијалните проблеми му ги бркаат родителите и единствена обрвска е учењето и раскревањето на станот. Потоа кога доаѓаат посериозните моменти, кога човек ќе мора да почне со работа, кога ќе му се натоварат обврските и одговорноста не само за својот живот туку и за други животи, човекот мора да се соочува со проблемите. И друго нешто, како што одминуваат годините, забележуваш ли секундарно растење кај луѓето, забележуваш ли восочни безизразни лица, кои во темнината на својата душа патат зошто сфаќаат дека соништата им отишле во неповрат, а исто така и дека времето тече пребрзо и одминува додека да трепнеш?!