Дали мислите дека пишувајки на форумов, менувате нешто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
И што со дружбата? Зошто си напишал 526 пораки? :) само заради дружба. Не си се потрудил да промениш нечие мислење?
 
Па, можеби.
Можеби, со моите напишани постови, може да се поттикне некој, да размисли малку повеќе на истата тема.
:pos2:
 
јас мислам дека малку нешто се менува барем на локално ниво на пример митинзи,протести или концерти што треба и кога ќе се одржи иако ТВ медиуми може да најавува ама има случаеви поради политички притисоци од власта и не сака да најавува па ете форуми за тоа служи барем малку колку за почеток и чекор по чекор може да прерасне во глобално ниво само треба малку да се потрудиме зашто колку што се сеќавам од неодамна што требаше да протестираме пред канцеларија на европска унија поради принуда или нешто друго за да измениме името (македонија) ако сакаме да влеземе во ЕУ ама имаше малку народ поради не знаење дека ќе се одржи протест;) па затоа треба МАЛКУ ДА СЕ ПОТРУДИМЕ и се разбира без штета;)
 
Ајде бе , кога ќе види возраст: 15 , кој би ме послушал ?
-Само сакам да прочитам нешто ново , интересно и поучно.
 
Скриј ја возраста и нема да знае колку години си :)

Муабетот ќе ти држи или нема да ти држи вода.

А дали мислите или знаете дека некој медиум не чита тука и пренесува мислење. Неколку пати до сеа, Сител споредно не опиша за не знам која вест, ама во глобала најголемото место на критично мислење во Македонија и не ни одделуваат 5 минути за некое важно случување.
 
Тука сум да споделам знаење и мислење.Дали некој ќе се согласи со нив или не баш и не ме интересира.
Ако сум помогнал топ,ако не,никому ништо.
 
Допринесуваме во дискусијата и разменуваме мислења...не знам што би промениле друго...
 
Не верувам дека нешто менува тоа што јас пишувам, но сепак многу пишувам по форумов.
 
Можеби сум помогнал на некој со моите постови,незнам :toe:
 
Нема што да менувам , секој си знае за себе.

Фактот што не се знам со никој од форумов (е добро де , со еден си пишувам, но не го знам лично кој е) ми олеснува , така да не ми е ни битно дали некој воопшто ќе ме чита што сум напишала.
 
Апсолутно! Им го менувам расположението кон подобро или полошо на оние што ми ги читаат постовите! :P
 
менувам да
али не сликици да се разбереме...
расположение менувам
онака монотоно на работа
сам у канцеларија, 8 саата да ги одседиш... фаќа досада..тешка....
затоа пиши си на форумче и терај си мераци...:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom