Дали мислите дека пишувајки на форумов, менувате нешто?

  • Креатор на темата Креатор на темата Volkswagen
  • Време на започнување Време на започнување
Не! Ќе си напише секој шо сака (ако е нешо безвезе ке јаде бан) и никому ништо, универзумот продолжува да постои.
 
мислам дека не менува, ама нема ништо лошо и во разменување мислења. :)
 
мислам дека не менува, ама нема ништо лошо и во разменување мислења. :)


Во најчестите случаи тука на форумов ретко се доаѓа до заклучок од различните ставови... не е проблемот што немаме слични или исти ставови... не ни треба да имаме... дури и во бракови и во врски меѓу паровите се случува одлично да функционираат, а сепак да имаат различни ставови и тоа не го гледаат како проблем, туку како доближување на двата става, однсоно креирање на еден нов, кој ќе содржи компоненти и од двете размилсувања, односно, ставови. Тука на форумов не често се случува тоа... Претежно луѓето сакаат да им биде нешто кажано, онака како што сакаат да слушнат!
 
Дали мислите дека со пишувањето на форумов успевате да смените нешто во општата ситуација во која се наоѓа нашето општество?
Или само ги покажувате слабите „карики“ на сето она што не опкружува?
Јас искрено се надевам дека барем јас (лично зборувам за себе), имам предизвикано некаква промена во размислувањето кај посетителите на форумов, или можеби е нарцисоиден заклучок?

мислам дека не е нарцисоидно човек да помисли дека прави некаква разлика со тоа што постира овде, или креира теми. Ако си постигнал некаков ефект, ќе знаеш по начинот на кој луѓето реагираат на твоит етеми или мислења. иако се согласувам дека луѓето најчесто се навикнати да посочуваат на слабостите, недостатоците и проблемите, а немаат ниту еден збор да кажат како истите тие да се решат или поправат.

Факт е дека и повеќето вртат глава кога се спомнува решение. Општеството може да се смени, а за тоа е потребна искрена волја, и решенија. Тоа што и двете денес недостигаат, тоа е причината зошто се уште нема никаков прогрес на тоа поле. Дали се прави разлика со тоа што тука ќе произведеме дискусија? Да, ако таа дискусија произведе решение. До сега, колку што сум бил присутен на форумов, не сум наишол на решенија за поедини проблеми, но сум сретнал луѓе кои искрено се желни нешто да променат. Со нив понатаму и ќе се смисли некое креативно решение.

Во најмала рака, би бил среќен ако со моите постови/теми, поттикнам некој на размислување. Креативно размислување.
 
Секое живо суштество,или предмет,или што и да е,има потенцијална моќ да смени нешто во општествово.Доволно е и најмало чкорче да запали пожар.Луѓето на форумот се поделени на оние кои мислат дека смениле и мислат дека не смениле нешто.Но заедничко е што СИТЕ МЕНУВАМЕ НЕШТО.Порано кога луѓето имале заеднички мислења за некои работи,се групирале во секти,друштва итн.Денес преовладува интернет комуникацијата,достапна за речиси секого.Можам слободно да кажам дека форумов не е само место на кое можеш да се олесниш(има WC за тоа).Можеби потсвесно,ние веќе менуваме нешто,ние веќе формираме едно колективно мислење за некои работи за кои се пишува на форумот.А бидејки ги прочитав само првите неколку страни од темава,и го видов мислењето на Morbidnio,една порака до него:Друже,што ке се случи ако едно влакно од косата ти фати вошки? =) Овој форум ме смени и мене во некои сфери,убаво е да се види како размислуваат луѓето за нештата.Поздрав =)
 
Искрено си кажувам што имам, некогаш и кога не сум во можност да кажам на некој си пишувам тука, сакам да добивам совети а и да делам. И мислам дека менувам многу. :pipi:
 
Да, менува. Давам совети колку што можам и се надевам дека се корисни. Исто така и јас примам совети и ми помагаат во врска со тоа што ми се случува.
 
Се менуваат некои мали нешта, малце по малце се прави голема разлика :)
 
јас мислам дека ништо не се менува:toe:
 
Vaka ko sto sum pocnala da pisuvam , ke se cudat forumdziive sto covek sum i kojznae kakvo mislenje ke izgradat za mene , no bitno da se druzime i da nema nervozi :wink:
 
Се обидувам да ги просветлам останатите со моето генијално размислување.:pos2:
 
Секако дека менувам. Ги менувам сопствените расположенија: се нервирам, си подсмевнувам, се радувам (кога ќе начекам хит на денот)...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom