Дали лепите постери во вашата соба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Имав 5 годни постер од Кометал Ѓорче Петров(кога станаја европски шампионки со медалите на нив) на вратата али некој го одлепи од моиве....:toe:
 
img1938i.jpg
 
Имам еден календар од Тиквеш со Николина Пишек :)
 
имам постери ..со Лост(серијата) и некој мачиња,кучиња.. од пред 2,3 години стојат ... и аматерски графити од мене и другаркитее ...
 
Како помал т.е. копиљ, цела соба излепена со NBA кошаркари, од Тони Кукоч до Шон Кемп и Џон Стоктон. А братучед ми кој е 8-мо одделение пред некој ден го прашувам за постери и ми вика - "Тоа е одлика на пониските класи" и ми идеше да му врзам еден шамар. Се зачудив просто колку дегенерирани станале новите генерации. Па сега речиси и се нема детство како што ние имавме. Не е во ред тоа.
 
Секако дека да :) Неможам да замислам да станам од кревет без да погледнам кон постерите на Федерер ( најголем идол:) и моите омилени бендови. Многу сум горда и на огромниот Саут Парк постер што ми виси над кревет кој ми го купија друштвото за роденден. Подобар роденденски поклон амин :pipi:
 
Порано лепев постери, сега не. Памтам дека лепевме со брат ми од фудбалери и од НБА кошаркари, и тоа оние постери што беа од списанието Наш Свет ( не знам дали уште се издава), и оние постери од списанија од весници за време на светски и европски првенства. Еее то беа времиња.:wink:
 
Имам многу постери во мојата соба од играчите на Јувентус нивни интервјуа разни сувенири кои ми стојат на сталажите две големи и едно мало знаме исто така од Јуве еден голем постер од Металика и едно големо знаме од Диму Боргир. сеа за сеа толку за понатаму,здравје :smir:
 
Порано во куќата,пред да се преселам собата беше полна со постери.Од се имав,од фудбалери,групи,пејачи,глумци....,а сега кога се преселив немам ниту еден постер.
 
Имам доста постери низ соба и уште планирам да лепам, сакам цели ѕидови да ми се покриени :)
 
Порано како помал, лепев многу. Сега имам 2-3 постери само од Јунајтед и то е то.:manutd:
 
значи јас лепам постери најчесто од тоше,од фубал и некоја природа поубава ако се најде
неможам да ставам слика дека реновираме моментално,но кога ке се среди ке сликам да видите
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom