Дали имате некој вреден предмет, но по никоја цена не би го продале?

  • Креатор на темата Креатор на темата асфалт
  • Време на започнување Време на започнување
собирам пепељари и имам една купена од Виена,глава на лав,многу е тешка и ја влечкав со автобус,е неа никогаш не би ја продала
 
Џиш црвен свилен шал за околу врат, рачна изработка. Наследство од мајка ми, таа го носела како девојка. Нема цена на светов за која би се откажала од него.
 
Мислев, мислев, мислев..ама никако не ми текнува некој предмет кој многу го сакам или ми е многу драг. Неам таков. Имам спомени, слики..тие ми се најважни и најскапоцени.
 
Имам една кутија... И внатре чувам се` и сешто. Карти од концерти, фестивали, театарски/кино претстави, музеи, саеми, паркови, зоолошки градини, буквално од сите можни места на кои сум била (кај нас и надвор), а сум можела да земам некаков доказ за тоа, па макар било и парче хартија со дата и печат на него. Роденденски картички, од првиот ми роденден па до последниов, сите до една ги чувам, картички за Валентајн, писма и меилови, флаери од журки, фотографии еден тон, цртежи (мои и од други луѓе што ми нацртале), првите медицинки ги чувам, пенкала, разно разни сметки, разгледници, честитики, мои песни, па и ученичката книшка од основно ми е таму. Капчиња, знаменца, исечоци од весници со нешто мое објавено, споменарот (еден и единствен го имав бе
mysmilie_1198.gif
) првиот ми Мики Маус рачен саат, M&Ms тракатанци, видео ленти, играчкине од Киндер јајца на времето шо ги собирав :icon_lol:, молив од прво одделение што сум го довела до 2 сантима, movie poster од Титаник (не сум го ни отворила
mysmilie_163.gif
), папка со сертификати од свакојаки натпревари, учества во литературни/книжевни манифестации, некои книги, потпишани цедеа, налепници, автограми, привезоци и алки меѓу кои и лично изработени од драги личности што никогаш не сум ги носела, едно ланче од другарка од Куба, минијатурно шише со песок од Сахара, зрно ориз со името на него... Ќе ме раздени вака... :icon_lol:

Се` си чувам. Никогаш, и по ниедна цена не би се откажала од кутијата. Можда звучи глупо и смешно вака, можда еден ден ќе си се смеам на ова, ама мене ми значи. :pipi:
Ако не се важи ова погоре, тогаш никогаш не би се откажала од клавирот. Премногу сум си приврзана за него, и одамна си имам ветено, што и да се случи, клавирот си останува со мене. :pipi:
 
Имам да,но мислам дека никогаш нема такво нешто да ставам на рака небаре изгледало и пософстицирано,златен прстен кој му припаѓал на пра-дедо ми,го носел дедо ми и татко ми и викаат редот бил мене да ми се предаде,е го дадоа ама си седи во кутивче,чека наредна генерација,не сум тип што се кити со такви ствари...а и мислам дека ќе отседне уште многу генерации во кутивчето :icon_lol: ...и да, не би го продал за ништо и никогаш!
 
Дрес кој го добив лично од Горан Пандев. Не би го продал никогаш!
 
Дрес кој го добив лично од Горан Пандев. Не би го продал никогаш!

Капче од Лацио... со негов потпис. Хммм... нека ме изневери у финале на лига на шампиони, има да го фрлам низ прозор.

Е среќа на приземје сум, па ќе си го земам назад. Срце тоа убаво... (на Пандев мислам... не верувам дека постои фетиш кон качкети)
 
Сите мои 75 медалји кои си ги освоив при сите пливачки натпревари на кои учествував за време на моите 10 години пливачка кариера..Не се чисто злато или сребро али сепак ми се мн драги и никогаш за ништо не би ги менувала..
 
Имам оригинален дрес од Манчестер Ј. и не би го продал по никаква цена(освен за 1 000 000 евра) :)
 
~*~

Дали имате некој предмет, било што, што вам ви значи, и по никоја цена не би го продале... Јас на пример, имам голема колекција поштенски марки, можеби многу вредат (можеби!), но не би ги продал по никоја цена... ај пишете вие..

Токму така и јас имам прилично голема колекција на стари поштенски марки од целиот свет и за ништо на светот не би ги продала, душата ми е во нив, ги собирам од петто одделение.

Исто така, имам и една преубава златна белегзија од мама и тато што ми ја купиле кога сум се родила и таа не би ја продала затоа што страшно многу ми значи.

:te ljubam:
 
Едно малечко парченце ткаенина од мајка ми...и да сакам неможам да го продадам,ама во секој случај,не сакам бе...:).
 
Сите дресови,капи,шалови од Реал не би ги дал ни за милиони.Знамиња...
 
Моштите од пра-пра дедо ми.
Прстенот од баба ми.
Камата од дедо ми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom