Дали ги (психо)анализирате луѓето?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Thief
  • Време на започнување Време на започнување
Да, речиси секој човек што го познавам сум го анализирал барем накратко (намерно или ненамерно)

За разлика од некои други кај мене првиот впечаток не е најбитен, бидејќи може да создаде многу погрешна слика за личноста и неможе 1 личност да се процени од прв пат па колку и да изгледа искрена, дружељубива или слично. Секој може да направи лице и да го покаже своето алтер его... (ова од лично искуство го кажувам)

За моја среќа, доста добро ги проценувам луѓето (благодарение на некои искуства од минатото) и немам проблем во комуникацијата или слично, а знам кој и како да го одбегнувам...

И најважно од се, кога анализирам некој чувствата ги оставам настрана!!!
 
Кога евентуално морам да пуштам некој во овој така наречен живот, најверојатно па и како мерка за сигурност односно превентива е да го анализирам. Не дека треба да постигне неки високи стандарди, но еве.. да не е доволно глуп да ме испровоцира до левел кој би бил фатален за него. Уа.
 
До скоро се подзанесуев у нивна анализа. Се тешев дека тоа ми дава контрола, као те прочитав punk, нема шанси да ме упуцаш.

Сеа се учам само себе да се изанализирам. Другите нека си платат за психолог.
 
Не правам мисловна психоанализа. Само чувствувам инстинктивно што човек е.
Ко животно сум. А интуитивно размислување прилично слабо. Можеби затоа што не сакам јас да бидам анализиран од друг па ни јас не го правам тоа.
А би требало. :) Барем за себе, не морам да му го кажам нему или на било кој начин да му покажам дека знам што човек е.
Всушност се плашам дека рационалната анализа може да биде погрешна, а дури и да е точна сепак може да створи погрешна представа за таа личност.
 
Секогаш !!! Обожавам психологија и во секојдневниот живот , психоанализата ми доаѓа како пракса на она што го читам !
Цврсто верувам дека познавањето на психологијата е многу моќна работа. А и се повеќе прецизна и константна наука .
Има толку многу од што можеш да процениш една личност , поглед , стил на облека, начин на носење на облека , став , движење, глас, дикција..... меѓутоа пед се мораш да се водиш од инстинкт.
е сега дали психоанализата и откривањето на личноста на луѓето е заради нкое чувство на моќ незнам. Ама во секој случај , добро е да ги познаваш слабостите на оние околу тебе, незнаеш кога ќе ти затребаат. Јбг, суров е светов во кој живееме. Мораш да држиш асови во ракавот!
 
Пробам да правам... Не знам колку е точна ама почесто точна е...
Ја правам со цел да знам како можам да се однесувам во присуство на личноста, со што можам да му го одвлечам вниманието, како да го владеам... :pipi:
 
Често, бар со оние со кои сум се видела минимум 3 пати:).
Го следам нивното однесување дури и кога не се приметува воопшто.Слично како и Правниче погоре, бојата на гласот, насмевката, одразот на лицето, одделните гримаси ако ги има, можам сеќ да забележам, до најситен детал, а потоа во исто време да анализирам.
Најчесто анализите ми се точни, иако сум правела по некоја утка па ми требала втора анализа.
Не го правам по потреба или затоа што морам, онака само ми доаѓа.Може и спонтано да исчезне како што дошло, анализирањето де, но податоците се секогаш складирани во посебен оддел во мојата глава:).
 
Интуитивно-спонтано... Знам лесно да „приметам“ благо-попуштени ликови, ископмлексирани граѓани, „јаки фраери/ки“, ситни души и жени за избегавање.
Имам дарба да „скенирам“ духовен сурат.:smir:
 
Увек кога се среќавам со некоја личност, во себе си праам една анализа водена од интуицијата. Во почести случаеви е точна, па сеуште се водам според неа
 
претежно да се трудам да ги анализирам тоа ми е хоби. :)
 
Луѓето кои се околу мене,пријатели,роднини,секогаш ги психоанализирам.
Просечно овие мои анализички се точни,секога знам под погледот што се крие.
Знам што очекуваат од мене и знам што сакаат а што не.
 
Да ги анализирам, ама не според потезите или фаците што ги прават туку според делата. Како се однесуваат во одредена ситуација. Многу добро знам да ги проценам и моето мислење не го делам...нема потреба сите да дознаат дека јас сум ги анализирала тие и тие...ми се случило неколку пати да приметам некои потези или пози во седење и слично и да го проценам човекот по тоа...

Имам една другарка кога е нервозна брадата ја потпира врз дланките...тоа значи дека ја анализирам, ама нервозата е особина што е минлива и што после некое време таа нема да биде нервозна..

Добро е да се анализираат карактерите на луѓето околу тебе, за да знаеш и ти како да се однесуваш. Многу пати сум пробала да се анализирам себеси и никако неможам...ми се мешаат сите работи...
 
зависи...доколку сум расположена за тоа
ми се случило така да се занесам и да забележувам и најмали детали кај некоја личност.не дека ми е навика туку така едноставно некогаш ми е интересно да откријам како размислува некој,што значат одредени негови постапки,зборови...
 
Јас не ...Некогаш анализирам ама не секогаш.Не сакам да се замарам со такви работи.Едноставно и јас мн работи не кажувам и не сакам некој да се труде да ги открие...А препознавам некој кога лаже но не сакам да ја дознаам вистината.Како шо викат шо помалку знаеш помалку мислеш и посрекен си
 
Па да... Прилично. Особено оние со кои што се дружам, ги согледувам промените во однесувањето, зборувањето, начинот на поглед...и сите оние работи што ме интересираат, но за оние што не ме интересираат едноставно ги игнорирам (секако ако не ми го привлечат вниманието со нешто) :). Интересно, но прилично сум добар(сам да си се пофалам) :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom