/gone/87
+++FOR CLEAN SKOPJE+++
- Член од
- 30 март 2009
- Мислења
- 1.769
- Поени од реакции
- 119
епа кажи им го тоа на тие што тераат шеми само по факс,со оглед на тоа што факсот им е завршен само ќе треба 4 години да се влече по факултетските простории, многу тешка работа,и после кај тато во суд,кај мама во министерство,кај дедото што пуштил корени во некоја државна фирма итнТи си, Новинарке, чудо од детета, сега ми е јасно!
„Немој да продаваш демагогија дека без факултетско образование може да се снајдеш многу полесно отколку со факултетско. “
А, бре, кој ти е, еј?!?!? Ти си читаш изглеа со твоја азбука... Плиз, ТЕ МОЛАМ, најди нешто такво во моите постови. И слушај... по 3 пат: Срамота е да ставаш зборови во туѓа уста!!! Тоа може да ти помине на кафе со другарките. Не на форум!
Од матурата, па сегрегација?!?! Што значи ова?! Каква сегрегација.
И она: „Луѓето се задоволни и среќни. И немаат работа. “ Е ова е за жестока доработка... пробај со „Измени“.
Аха... и како можам да се изненадам со резултатите од матура? Жити све, објасни ми?
За Ајнштајн. Ако он незнаел да пишува до 9 години, незначи дека сите останати кои незнаат да читаат на 9 години ќе бидат Алберт Ајнштајн кога ќе пораснат. Нема да бидат.
И ајде пак:
1. 85% е нереално висока бројка на бруцоши.
2. Секој заслужува да има можност да учи.
3. Не сите имаат капацитет, намера, мотив и желба да студираат (и ако некој ми каже дека овие 85% спаѓаат под оваа точка, жими све, ќе повратам врз лаптопов и нема да пишувам веќе тука)
...ова последново не важи за тебе, Новинарке![]()
Кога постовите повеќе ќе ти бидат наклонети кон тие што сакаат да учат макар биле и 100% ,а не тие кои чекаат диплома само да земат тогаш ќе ја разбереш РЕАЛНОСАТА кај НАС!!
........или може ќе чека ТАТО или МАМА да му кажат на кој факс да се запише,бидејчи после нивната работа наравно ќе ја наследи,:kesa:Секоја чест на оние кои навистина точно знаат што сакаат во животот. Јас не сум еден од нив. Јас побрзо се палам, ама и полесно се оладувам. Затоа и имам прилики да пробам да работам различни нешта. Оние кои ми се допаѓаат - ги доусовршувам.
Можеби, околу одлуката за кардиохирург, мене би ми помогнало да погледнам неколку операции на отворено срце (не неопходно физички во операциона сала - снимка е ОК), да поразговарам со 2-3 хирурзи за тоа што им е ОК, а што тапа во работата, да прашам пар сопрузи/сопруги на хирурзите како се снаоѓаат со докторот дома, и најважно од се (за мене) каков е односот вложување/исплатливост. Ако се во игра 10-15 години 'рмбачење, гзолижење и крвопљукање за да дојдам до занаетот - најверојатно не би го одбрал факултетот. Се плашам дека муката ќе ме промени повеќе отколку што би сакал.
За електроинженер... баш ме интересиракоја е таа професија?!?! Претпоставувам дека со тоа мислиш факултет, пошто професија електроинженер тешко да постои.
Тоа ми е мене муабетот низ целиов под-форум Образование и Наука:
За да запишеш факултет (или стручна школа) треба прво да знаеш која професија ја спремаш - за да можеш да избереш вистински факс.
Кај нас е извртено! Прво ќе одбереш факултет (пр. ЕТФ) и после ко ќе го завршиш мислиш дека по професија си електроинженер!
НЕ СИ! ПО ЗВАЊЕ СИ ЕЛЕТРОИНЖЕНЕР! По професија си НИШТО! Најверојатно, прво ќе бидеш продавач у фирма за компјутери. После ќе видиш кај ќе те однесе работата - не дипломата.
Затоа, јас советувам: Пробај, прашај, истражи, преиспитај се што сакаш да РАБОТИШ, а не што сакаш да завршиш! Откако ќе дознаеш што точно сакаш да работиш - студирањето е песна! Лесна песна со насмевка!
...а за гинеколог... незнам... чудни мотиви се тоа![]()