Дали е добро 85 % од младите да се запишат на факултет?

  • Креатор на темата Креатор на темата alek34
  • Време на започнување Време на започнување
Ти си, Новинарке, чудо од детета, сега ми е јасно!

Немој да продаваш демагогија дека без факултетско образование може да се снајдеш многу полесно отколку со факултетско.

А, бре, кој ти е, еј?!?!? Ти си читаш изглеа со твоја азбука... Плиз, ТЕ МОЛАМ, најди нешто такво во моите постови. И слушај... по 3 пат: Срамота е да ставаш зборови во туѓа уста!!! Тоа може да ти помине на кафе со другарките. Не на форум!

Од матурата, па сегрегација?!?! Што значи ова?! Каква сегрегација.

И она: „Луѓето се задоволни и среќни. И немаат работа. “ Е ова е за жестока доработка... пробај со „Измени“.

Аха... и како можам да се изненадам со резултатите од матура? Жити све, објасни ми?

За Ајнштајн. Ако он незнаел да пишува до 9 години, незначи дека сите останати кои незнаат да читаат на 9 години ќе бидат Алберт Ајнштајн кога ќе пораснат. Нема да бидат.

И ајде пак:
1. 85% е нереално висока бројка на бруцоши.
2. Секој заслужува да има можност да учи.
3. Не сите имаат капацитет, намера, мотив и желба да студираат (и ако некој ми каже дека овие 85% спаѓаат под оваа точка, жими све, ќе повратам врз лаптопов и нема да пишувам веќе тука)

...ова последново не важи за тебе, Новинарке ;)
епа кажи им го тоа на тие што тераат шеми само по факс,со оглед на тоа што факсот им е завршен само ќе треба 4 години да се влече по факултетските простории, многу тешка работа,и после кај тато во суд,кај мама во министерство,кај дедото што пуштил корени во некоја државна фирма итн
Кога постовите повеќе ќе ти бидат наклонети кон тие што сакаат да учат макар биле и 100% ,а не тие кои чекаат диплома само да земат тогаш ќе ја разбереш РЕАЛНОСАТА кај НАС!!

Секоја чест на оние кои навистина точно знаат што сакаат во животот. Јас не сум еден од нив. Јас побрзо се палам, ама и полесно се оладувам. Затоа и имам прилики да пробам да работам различни нешта. Оние кои ми се допаѓаат - ги доусовршувам.

Можеби, околу одлуката за кардиохирург, мене би ми помогнало да погледнам неколку операции на отворено срце (не неопходно физички во операциона сала - снимка е ОК), да поразговарам со 2-3 хирурзи за тоа што им е ОК, а што тапа во работата, да прашам пар сопрузи/сопруги на хирурзите како се снаоѓаат со докторот дома, и најважно од се (за мене) каков е односот вложување/исплатливост. Ако се во игра 10-15 години 'рмбачење, гзолижење и крвопљукање за да дојдам до занаетот - најверојатно не би го одбрал факултетот. Се плашам дека муката ќе ме промени повеќе отколку што би сакал.

За електроинженер... баш ме интересиракоја е таа професија?!?! Претпоставувам дека со тоа мислиш факултет, пошто професија електроинженер тешко да постои.

Тоа ми е мене муабетот низ целиов под-форум Образование и Наука:
За да запишеш факултет (или стручна школа) треба прво да знаеш која професија ја спремаш - за да можеш да избереш вистински факс.

Кај нас е извртено! Прво ќе одбереш факултет
(пр. ЕТФ) и после ко ќе го завршиш мислиш дека по професија си електроинженер!

НЕ СИ! ПО ЗВАЊЕ СИ ЕЛЕТРОИНЖЕНЕР!
По професија си НИШТО! Најверојатно, прво ќе бидеш продавач у фирма за компјутери. После ќе видиш кај ќе те однесе работата - не дипломата.

Затоа, јас советувам: Пробај, прашај, истражи, преиспитај се што сакаш да РАБОТИШ, а не што сакаш да завршиш! Откако ќе дознаеш што точно сакаш да работиш - студирањето е песна! Лесна песна со насмевка!

...а за гинеколог... незнам... чудни мотиви се тоа :)
........или може ќе чека ТАТО или МАМА да му кажат на кој факс да се запише,бидејчи после нивната работа наравно ќе ја наследи,:kesa:
 
За електроинженер... баш ме интересиракоја е таа професија?!?! Претпоставувам дека со тоа мислиш факултет, пошто професија електроинженер тешко да постои.

Кај нас е извртено! Прво ќе одбереш факултет[/B] (пр. ЕТФ) и после ко ќе го завршиш мислиш дека по професија си електроинженер!

НЕ СИ! ПО ЗВАЊЕ СИ ЕЛЕТРОИНЖЕНЕР!
По професија си НИШТО! Најверојатно, прво ќе бидеш продавач у фирма за компјутери. После ќе видиш кај ќе те однесе работата - не дипломата.

Хммм... чудно. Едно голем број колеги кои што завршуваме (завршивме), пред месец два се исповработивме и пази со професија: Software engineer.

А јас, сиротиот, не дипломиран сеуште ... немам звање како што велиш ти, ама на професионално ниво визитката друго зборува.

/me confused
 
Точно. Заради тоа што креираш/инженираш софтвер. Тоа ти е професија. И можно е и да не ти побараат диплома. Се додека бркаш работа.

Електроинженер не е професија. Таква професија не постои. Тоа е звање стекнато со завршување на факултет. Неможеш да го ставиш на визитка... или барем не би требало :| Со тоа не се бавиш.

Професија = тоа што го работам, позиција во фирма. - Практично
Звање = наслов со кој сум награден, титула која сум ја стекнал - Во принцип, теоретски.

Затоа Software Engineer е професија. Со или без диплома.
Електроинженер е човек кој завршил електро. Има диплома. Може да работи и као фризер или као раководител на IT сектор у банка, софтвер дизајнер, магационер, систем билдер или продавач у чорапара. Тоа се професии.
 
Точно. Заради тоа што креираш/инженираш софтвер. Тоа ти е професија. И можно е и да не ти побараат диплома. Се додека бркаш работа.

Електроинженер не е професија. Таква професија не постои. Тоа е звање стекнато со завршување на факултет. Неможеш да го ставиш на визитка... или барем не би требало :| Со тоа не се бавиш.

Професија = тоа што го работам, позиција во фирма. - Практично
Звање = наслов со кој сум награден, титула која сум ја стекнал - Во принцип, теоретски.

Затоа Software Engineer е професија. Со или без диплома.
Електроинженер е човек кој завршил електро. Има диплома. Може да работи и као фризер или као раководител на IT сектор у банка. Тоа му се професиите.

Дјууд, насоката на која студирам и која треба да ја завршам сега се вика Software Engineering.
That's my point.
 
Дјууд, насоката на која студирам и која треба да ја завршам сега се вика Software Engineering.
That's my point.

Што е сериозно попрецизно од Електроинженер, кое е академско звање.

Твоето е професионално звање. Со својата рефлексија во позицијата Software Engineer во фирмата каде си вработен. Во друга може да ти пишува Software Developer или Software Designer.

Ти, друже, си завршил Висока стручна школа вешто маскирана во Факултет (како и речиси сите други високи стручни школи во земјава). На запад тоа се вика Vocational Education and Training или попрецизно, во твојот случај, Computer School. На VET студираш за конкретна професија: фризер, шеф, детектив, дизајнер на софтвер или балерина.

Дипломиран електроинженер не е професија. Како што не е ниту Дипломиран економист.
 
За последното, да. Се согласувам... замисли :)

Вака, допрецизираните или погенералните академски профили неможеш само да ги поделиш на професионални или „звањски“ како ги викаш ти. А професијата во никој случај не е тоа што го работиш.

Имаш електроничар за дигитални уреди кој ти се грижи за сите дигиталки во некој систем. Имаш електроничар за аналогни уреди и инжињер за телекомуникации кои се грижат за комуникацијата и сите A/D конверзии. Имаш енергетичар задолжен за „високите“ енергии или за генералниот аутпут на системот. И имаш електроинжињер кој се случил да се разбира од се по нешто и едноставно ја комплетира синергијата во целиот процес. За овој последниот не можеш да кажеш дека по професија не е електроинжињер.

За економистите ... не е моја област, не можам да направам аналогија :)
 
Фер. Постои. Сега го пребарав.

Electrical engineers design and develop electrical systems and/or components to high specifications, focusing on:

  • economy;
  • safety;
  • reliability;
  • quality;
  • sustainability.
They are involved in projects from the concept and detail of the design through to implementation, testing and handover.

:icon_eek:

Поштовање.
 
Колку е само се обратно во Македонија!
Тоа чудо електроинжинер кај мене буди смеа, и никаде во свет не постои,
а камо ли пак да завршам информатика и да добиам звање електроинжинер, ШТО КОМЕДИЈА Е ОВА АХ МАКЕДОНИЈО
 
Абрее, 85%. А никој од медиумите да крекне зошто не ги даваат сеуште дипломите од средно. Понеделник почнува упис, тие уште ги мафтаат со дојди си -ојди си.
Али битно е да се разглоби процентот, а не диносаурус образованието (од забавиште до постдипломски).
 
Секако дека е добро, само во оваа дупка нема работа.
 
Секако дека е добро, само во оваа дупка нема работа.

Абе, добро... нема, ама и има... ама работа, нели, се бара. И тоа е баш full time job. Моите пријатели кои „бараат“ работа ја бараат еднаш неделно до Завод или преку викенд, навечер на пиво. Тоа не е барање. Тоа е небарање. Сега, неќам да претпоставувам другите како бараат работа, може стварно се грбачат, а нема, ама овие ја што ги познавам ко да се плашат да не ја најдат.
 
Добро е, пола ќе ги вработи Грујо, пола ќе ги извези во туѓина.

Ах Грујо Црни Грујо!
 
а зашто мислиш дека не е почнат???
јас на правен сум приморана да се запишам на тие мастер те постдипломски студии затоа што со ектс шитот јас сум потрчко... неможам да полагам правосуден и џабе сум ги поминала тие 3 години...

краткорочен план на Владата за намалување на невработеноста што многу лошо ќе се одрази на сите нас
Точно за планот...грешката повеќе во приватните факултети каде се е за парите и неписмени завршуваат бидејки целта на секоја приватна фирма е профит...и што се случува понатаму?и државните го симнаа критериумот со цел да привлечат клиенти, конкретно на твојот правен со заокружи е направено боза а на фон, европски не ни мора да заокружиш, асистентот ке помогне затоа е нели?се девалвира образованието тие што учеа ке имаат иста диплома со неписмените..тоа го немаше во комунизмот, болоња е катастрофа ...
чаре учете си но најбитно е да имаш контакти у живот, ако се поврзеш со прави луге и со 8 одд ке успееш...а со хиперпродукцијата на дипломи? врскаџиите со 3 год фак ке си работат кај саккат а луге што постара програма во просек од 5 год завршуваа факс ке седат дома доколку немат врски.затоа најбитно е образованието да биде под државна капа со приватниот почнаа проблемите

Абе, добро... нема, ама и има... ама работа, нели, се бара. И тоа е баш full time job. Моите пријатели кои „бараат“ работа ја бараат еднаш неделно до Завод или преку викенд, навечер на пиво. Тоа не е барање. Тоа е небарање. Сега, неќам да претпоставувам другите како бараат работа, може стварно се грбачат, а нема, ама овие ја што ги познавам ко да се плашат да не ја најдат.
Не е така тешко е да се волонтира некаде без врски а не па да се најде работа, збориме за високо диплома..работа е најтешко да најдеш полесно е да докторираш него да се вработиш... една порака до помладите: деца бегајте од факултет доколку откако направите анализа и размислите долгорочно оцените дека нема можеби да ви се исплатат времето и парите...

Ма никој не ти вика тебе да се откажеш од факултетот или од животот таман работа, него ние тука само ја претставуваме реалноста во Македонија, е сега ти ако сакаш да си ставиш перде пред очите не ја гледај реалноста, животот ќе те научи на неа понатаму, уште си млад, него работа можеш да најдеш точно е тоа само тука во Мк без врски можеш да најдеш работа за 5000ден, во некоја фабрика кај некој приватњак маста што ќе ти ја вади и ќе се изживува врз тебе и можеш во странство да најдеш работа, опциите за работа се тие.
Хаха така е тоа е реалноста ко се снаџе преживече
 
Не е така тешко е да се волонтира некаде без врски а не па да се најде работа, збориме за високо диплома..работа е најтешко да најдеш полесно е да докторираш него да се вработиш...

Вистина дека не е лесно, ама могуче е. Мислам дека до волонтирање е полесно да дојдеш доколку не се обидуваш со семејни и политички врски. Спакувај добро CV и добра 3 минутна презентација во која експлицитно ќе кажеш дека не бараш надомест или некакви посебни услуги освен реална препорака по завршувањето на испомошта. Мислам дека ќе се изненадиш колку фирми ќе бидат заинтересирани.
 
Кога веќе го спомнавте волонтирањето...

За неколку години вака ќе изгледа работава со нашата образована нација.
По завршувањето на средно пошто сите идат на факс а и пошто е добро да се студира ќе се запише човек на факс.

По завршувањето на 3 години факс пошто ништо нема да може да работи со 3 год. ќе иде на мастер. По мастер пошто нема работа ќе оди на докторат. Откако ќе докторира за да добие добри препораки и за да се стекне со некое искуство ќе волонтира (колку?). А годините си врват.

Откако ќе изволонтира ќе почне да бара работа. Барањето работа е процес кој обично не трае недела дена или месец дена. А годините и понатаму си врват. А за да испраќа молби по фирми ќе бара пари од таткото и мајка пензионери. И на колку години човек ќе може да се вработи.

Во јавна администрација, таму каде што повеќето сакаат да се вработуваат ќе нема веќе места оти вака може да оди уште година-две. Не е битна администрација, ај тој што има “среќа“ ај ќе најде ссодветна работа. Пошто ќе има многу доктори и уште повеќе мастери и уште повеќе бачелори не може сите да имаат среќа, а во меѓувреме родителите можеби ќе ги нема да даваат од своите пензии, па некој доктор или мастер ќе мора да се вработи да врти ќебапи на скара или слично. Итн. А годините си одврвеле.

А што праиме со многудетното семејство. И тоа е нели важно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom