- Член од
- 12 декември 2010
- Мислења
- 11.063
- Поени од реакции
- 12.423
неееееееееее:icon_eek: ке нема рмбачи па така сите пред :tv:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

......сите пак ќе го завршат,...........но проблемот е во тоа што скоро 60% од бруцошите студираат/ле на Економски и Правен,а сеуште немаме ЕФИКАСНО ПРАВОСУДСТВО и СТАБИЛНА ЕКОНОМИЈА.....И 99% да се запишат, колку од нив ќе го завршат?![]()

.........а тоа се прави според регуларни процедури(конкурси за вработување) или преку непотизам???Ако де нека си завршат луѓето факултет, убаво е младите да се образовани, и сега по завршуванјето на факултет кој има срека , врски ,партиска книшка ке се вработи ,а кој не , ке мора да се занимава со други дејности сточари, столари, земјоделци, шофери .... па нели мора и тоа некој да го работи , неможе сите да сме во канцеларија
.........а тоа се прави според регуларни процедури(конкурси за вработување) или преку непотизам???
поради ваквите размислување НЕМА НИКОГАШ да бидеме економски и политички стабилни,некој мора тоа да го работи,па зашто ТОЈ НЕКОЈ МОРА ДА БИДЕ просечниот и сиромавиот,зашто да не биде тој НЕКОЈ син на судија,ќерка на адвокат,внук на министер итн
..........јасно е тоа дека мора од нешто да се егзистирам,,,,,,,но во денешно време НА СИТЕ НЕ ИМ СЕ ДАВА ПОДЕДНАКВА ШАНСА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ...............затоа мене лично,ми е преку тасета со таквите размислување МОРА ТАКА ДА БИДЕ кои не ги пласира сиромавиот,просечниот и чесен граѓанин,туку се наметнати од поелитниот ешалон во нашето општество се со цел да не се обесхрабрат луѓето разочарани од П...ДЕРСКИОТ НАЧИН на вработувањеВо ред се согласувам со тебе, и јас сум против тоа да се вработува по партиска линија , роднински врски, непотизам. Поентата ми бесе што кога еве конкурираат 10 луге за едно работно место,и избираат само еден ..и што сега другите треба да чекаат подобри времинја или пак да најдат работа која можеби не им е по струка ама сепак ке работат ,мора да се егзистира од нешто
Јас сум на економски факултет и оваа година се проширија квотите и се запишаа околу 1000 студенти.Значи оваа година на економскиот факултет има грубо околу 300 студенти повеќе.Мислам дека македонската економија нема капацитет за толку економисти.Најуспешните и најснаодливите ќе се бутнат по банкиве и по ретките добри компании во нашава земја.Но тоа ќе биде случај со не повеќе од 100.Што ќе биде со другите 900 студенти?Ќе работат нешто што нема врска со тоа што го учеле.И џабе маката,потрошените пари и време..Виновници за ваквиот хаос не само на економскиот факултет туку и во другите образовни институции се оние што ја спроведуваат ваквата политика и самите студенти.
Зошто оние што ја спроведуваат ваквата политика(владата,деканатот,професорите)?
Системот на нашево образование е катастрофален.Целта на еден образовниот систем е да се обезбедат квалитетни и обучени кадри кои ќе бидат спремни да ја работат ппонатамошната работа професионално.Но кај нас целта е да се соберат што повеќе пари од партиципација и да се земе шти повисока и сигурна плата.Значи нашиов систем ја изгубил целта.Програмите и учебниците се превземени од надвор , што значи дека не се прилагодени за овдешната средина итн. инт.
Зошто студентите?
Сите одат на факултет колку за да се здобијат со диплома или поради тоа што сега сите одат на факултет.Не се откриле самите себе што сакаат и за што ги бива.Немаат јасна визија за нивната иднина и така се влечат 4 години по амфитеатрите чекајќи да диплмираат при што мислат којзнае што направиле во животот.Јас сум сигурен дека повеќе од 5% од студентите на економски не ги интересира економија.Катастрофа...