Дали е добро 85 % од младите да се запишат на факултет?

  • Креатор на темата Креатор на темата alek34
  • Време на започнување Време на започнување
Во јавна администрација, таму каде што повеќето сакаат да се вработуваат ќе нема веќе места оти вака може да оди уште година-две.

Чул те Господ!!!

Патем овие единичари матуранти од годинава се надевам најкултурно ќе бидат одбиени од факултетите според некоја логика.
 
Кога веќе го спомнавте волонтирањето...
Во нашата држава се вол-онтира на големо...во конфекциските, бакалчињата и слични фирми. Тие пари што им ги даваат се за трошоци, не се плата во никој случај. Само потсетување за нашата (налик на индиска) реалност :toe:
 
Во нашата држава се вол-онтира на големо...во конфекциските, бакалчињата и слични фирми. Тие пари што им ги даваат се за трошоци, не се плата во никој случај. Само потсетување за нашата (налик на индиска) реалност :toe:

овој што се бави со млатење празна слама, мислеше на поинаков вид волунтееринг, и ова е само потсетување на нашата “и њанна бе сомеоне елсе“ talk show host
 
Дали ќе има некој кој во оваа држава ќе треба да работи физичка работа?

На пример - ќе имаме ли медицински сестри, ѕидари, мајстори за коли, продавачки, шофери, ...

Или ќе имаме невработрени доктори, архитекти (за кои нема доволно ѕидари), невработени машински инжинери, невработени економисти ...

Ако досега завршувале 10% од генерацијата факултет, а на другите 20% им пропаѓало времето и на крај завршувале како невработени и остарени, дали сега тоа нема да им се деси на 60% (ако не и повеќе) од младите?

Што ќе правиме со толку факултетски образовани?

Знае ли некој???
Во никој случај нема да има недостаток од работна рака.Како што се наоѓа работа во државава особено.Познавам еден куп примери кои и покрај завршен факултет работат физичка работа поради неопходноста од финансиски средства.
Не е тоа проблемот толку колку што е проблем квалитетот на образованието.85% од младите се запишуваат а завршуваат 85% од запишаните.Веќе се заборава на квалитетот на образованието и се гледа само на квантитетот.И потоа испаѓаат полуписмени кадри...
Епа така е кога не се знае веќе ништо,секој може на факултет.....
 
Каде се да работат физичка работа? Кога кај нас ќе се надогради системот на останатите 15% кои нема да се запишат на факултет? Зар тие нема да бидат способни функционирање на одредени работи, ќе се најдат и луѓе кои со задоволство ќе бидат ѕидари, медицински сестри, авто-механичари, продавачки, и тн...
Знаеш како викаат, ти имај ја дипломата во рака, за работа, ќе се најде. Е сега, знаеш кој е најголемиот проблем. Тие 20% кои останале невработени сакале веднаш со дипломата да си го седнат газот во фотеља на некоја јака функција. На пример сите дипломирани студенти веднаш бараат работа за која треба време додека да се стигне до неа. Не може штотуку дипломиран информатичар да бара место како шеф на оддел во некоја фирма, кога сите фирми бараат искуство. Не може новопечен новинар да бара место на главен уредник кога пред тоа мора да помине како репортер, колумнист (и не знам што таму друго) за да стигне до саканата функција. Ако постојано има еден принцип на циркулирање на невработените (а високо-образовани личности) ќе се добие една слика на навидум добро организирано општество. Е кога сите ќе сфатат дека работа може да се најде, тогаш нема да има толкава стапка на невработеност. Имаше еднаш една тема, нема работа или нема кој да работи... Мислам дека темата е одговор на прашањево
 
Не е добро. Ама уопште! Неможам ни да ги избројам тие на рака што по цели школски години не се појавуваа на школо и ги влечкаа им криеа изостаноци и слично, а сега НЕ само што се запишани на факултет, туку се влезени во ДРЖАВНИ КВОТИ! 4 години вадат просек 2-3 и сега се на државна! Ми иде да плачам да се убијам од плачење. Утре некој таков ќе ти јаде бурек на глава и шеф ќе ти биде. Многу тужно. Тужно на куб!
 
Дали е добро или не не знам и нема да коментирам, но и покрај тоа добро или не барем секо во државав кој посакува да има високо образование ќе му биде овозможено. Еве јас оваа година завршив матура и се запишав на електро. Од кај ја да знам дали треба јас или некој друг да биде ѕидар или не знам која било друга работа да работам. Си сакам да си студирам и си се запишав. Друго е да биде гледано од друга страна, а друго е кога и во моментот ти си засегнат од таа работа.
 
Дали се запишале 85 % не е толку битно, битно е колку % завршиле. :smir:
 
Дали се запишале 85 % не е толку битно, битно е колку % завршиле. :smir:
Абе малку е битно и колку се запишале, пошто и година дена да поминал на факс, тоа е за џабе утепана година. Сега пробај да пресметаш колку од мив ќе останат ти години на факс а ќе дадат по 5 испити само. Ќе се соберат илјадници години неработа и товар на мама и тато. За џабе.
 
Пример јас сум на Машински и сум трета, од прва до сега во мојата група се имаат откажано одприлика околу 10-ина луге од вкупно 60.
А инаку јас мислам дека најмногу се откажуваат на правен и економски кои јас ги сметам за пропала инвестиција факултети, затоа што покрај тоа што ке се искривиш од учење 4-5 години исто така тешко се наога добра работа (освен ако не си татин син/керка) затоа што има многу дипломирани економисти кои не можат да најдат работа и со тоа и конкуренцијата за тие струки е голема.
Тоа беше и една од причините што ме натераа да се запишам на Машински (покрај тоа што завршив средно економско у кисела вода), затоа што нема доволно кадар и како што би рекле економистите не е заситен пазарот со ваков кадар, напротив има голема побарувачка од истиот исто како што има и за IT кадрите.
Поздрав.
 
Дали ќе има некој кој во оваа држава ќе треба да работи физичка работа?

На пример - ќе имаме ли медицински сестри, ѕидари, мајстори за коли, продавачки, шофери, ...

Или ќе имаме невработрени доктори, архитекти (за кои нема доволно ѕидари), невработени машински инжинери, невработени економисти ...

Ако досега завршувале 10% од генерацијата факултет, а на другите 20% им пропаѓало времето и на крај завршувале како невработени и остарени, дали сега тоа нема да им се деси на 60% (ако не и повеќе) од младите?

Што ќе правиме со толку факултетски образовани?

Знае ли некој???

еден форумџија...не е важно кој ми прати слика која откако ќе ја видите ќе увидите дека истата е доказ за тоа колку се манипулира со народот од знаење и сила до ванаби александар...
ете одговорот...од толкју ќе испаднат неколку...салам а другите
 
П.С ПОДДРЖАНО ОД ВЛАДАТА НА РМ
(знаете со специфичниот глас на тој новинарот:pos2::pos2::pos2:)
 
Оваа година над 90% се запишале на факултет, па каде бре луѓе го има тоа ??

Треба ли да се направи некој филтер, па не се сите створени за учење, не се сите за факултет, има деца со интелегенција за чукање ореви ми се запишале, и со нив треба да си еднаков на академските клупи?! Со нив треба да дискутираш за важни прашања? Ова не смее да се случува во иднина.
Па и тие со над 40+ год и тие на факултет заедно со младата интелегенција. Уште тие фалеа..
Дали со ова ќе намали бројот на невработени, но само од списоците во бирото?
 
не треба да има повеќе од 50% запишани на факултет, дури и таа бројка ми се чине голема. Има премногу луѓе кои завршиле факултет, а се без работа, после толку многу учење, сите тие еден ден ке завршат на некоја тезга во пазарот или ке работат некоја друга физичка работа, со која едвај за леб ке имат :uvo::uvo:
чичко ми има завршено факултет и тоа дури после 20 години го примаа на работа како наставник и тоа преку партијата, ако се смени СДСМ од Струмица, му отиде работното место, сепак мислам дека СДСМ би се задржала на власт во Струмица уште добри десетина години.
таква ни е државата! :zid: :nesvest:
 
Оваа година над 90% се запишале на факултет, па каде бре луѓе го има тоа ??

Треба ли да се направи некој филтер, па не се сите створени за учење, не се сите за факултет, има деца со интелегенција за чукање ореви ми се запишале, и со нив треба да си еднаков на академските клупи?! Со нив треба да дискутираш за важни прашања? Ова не смее да се случува во иднина.
Па и тие со над 40+ год и тие на факултет заедно со младата интелегенција. Уште тие фалеа..
Дали со ова ќе намали бројот на невработени, но само од списоците во бирото?

Многу убаво кажа, факултет не е за сите. Мислам дека се оди контра западниот систем на образование. Во Америка, за споредба, високо образование завршуваат само 27% од лугето(сперед некоја статистика на ЦИА). Кај нив за разлика од нас, образованието е скапо, така да добро треба да размислиш дали ќе запишеш факултет. А тие што немаат пари, а ги бива, се финансираат од федерани пари преку грантови и стипендии, у превод, ако и имаш квалитет, не ти бега дипломата.

Таков филтер е потребен. Кога веќе им се дава на сите шанса да се запишат, треба да се припази малце и на квалитет. Како на пр. професорите би можеле да го почитуваат минималниот процент за положување на испитот(60%). Сега поради големата бројка на студенти, професорите ја спуштаат оваа граница пониско, до 50%, а некои проценти до мизерни 40%. Како може студент кој има знаења кои чинат помалку од половина од материјалот, да положи колоквиум или испит?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom