Денес сум многу поубав од вчера, а многу помалку од утре!
Направив добро дело денес. Келнерон Кадмо ме части пијачка, Љупче од Феникс ме части пинерла.
Све ми одеше добро денес, ко Бен Стилер во Meet the Fuckers.
Направив добро дело затоа што си дозволив еден подарок кон себеси - да си купам литар боза.
Неверојатно чувство, мислиш дека го пијаш оној еликсир на младоста. Затоа што и после 7 години пијам боза од кај истиот Чичко Коцо.
Си дозволив уште еден подарок кон себеси - смислив една убава идеја, знаеш... Најдобро е некогаш да си креативен. И да, секако дека ќе бидам успешен во тоа што го смислив.
Денес направив добро дело со тоа што им се насмевнав на многу луѓе и им го разубавив денот. Денес направив добро дело затоа што изгледав секси вечерва.
Направив добро дело што му реков на гитаристон од Твистерс да ја свирaт You shook me all night long.
Сега ќе направам уште некое добро дело. Ќе изненадам некои личности со смс.
Колку добри дела, а колку краток ден. Утре е ден за повеќе добри дела! Утре е ден каде мојата креативност ќе излезе на виделина.
Ама утре е дури утре... Така?