Дали би го испушиле...

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно е, се субвенционира производството на тутунот, а од друга страна се забранува пушењето. Едно од овие две нешта не ми иде никако. Според второто, со првото се прави ист криминал како со дрогата. А и како што рече Принц, после десетици години кој од новите генерации на деца ќе поверува за Ленка :)?
Токму така.
Затоа и ваквите закони ми личат на лицемерие.Као, ќе одгледуваме легално хероин, ќе го преработуваме и продаваме, ама немој, не го користи лош е за тебе.
Кога државата/власта/олигарсите/криминалците не би профитирале од тутнската индустрија, би поверувала дека навистина се борат против истата.
Вака е само шминка.

Како и да е, јас три месеци не се дружам со цигарите, па со законов ќе ми биде уште полесно да не се здружиме пак.
И дефинитивно станувањето пушач е една од поглупите одлуки кои може да ги донесе човек.

Но, велам, ваквите мерки не се борба против пушењето.
Всушност, делот со поскапувањето ми е и симптоматичен, односно ми личи на профитирање (т.е затоа што клиентелата ти е де факто зависна, знаеш дека и покрај зголемената цена, сеуште ќе ти биде потрошувач).
 
Ова ако навистина се спроведе и по дискотеките и ноќните клубови, онда, тоа ќе биде и мој кам бек по дискотеки и клубови, иако ќе има и други пречки, пример гласната музика, која воедно е и лоша. Нејсе, ќе се преживее.

Иначе, закониве се идиотски. Особено за хедонист како мене, кој на крај после 9 години смоукинг, откажа, и сега веќе чист 4 години. Не се знае денот, кога ќе пропушам пак. :)
 
Секој декември истиот муабет.....:pos2:

И лани ова време напишав.....ако не даваат пушење по кафаните, ќе се преориентирам на чајџилници, па нек дојде таму инспектор...:helou:
 
Ебате Дискриминаторскиот Закон ебате!
 
Баш ми е гајле,и онака не им искачам по кафани,сеа и дискотеките ги усраа сите,срање до срање,на турбо фолк не ми се пие,уште помалце па ми се пуши,Ај џст донт кер!Viva la cigarettes!

Пиииииииии а што убава идеја за кафич имав заебан закон :nesum:.

Ова ако навистина се спроведе и по дискотеките и ноќните клубови, онда, тоа ќе биде и мој кам бек по дискотеки и клубови, иако ќе има и други пречки, пример гласната музика, која воедно е и лоша. Нејсе, ќе се преживее.

Иначе, закониве се идиотски. Особено за хедонист како мене, кој на крај после 9 години смоукинг, откажа, и сега веќе чист 4 години. Не се знае денот, кога ќе пропушам пак. :)
Пак ве мрзи да читате постови подолги од еден ред? :cry: Ако ве интересира зашо сум ве цитирал, читајте најдоле.
Секој декември истиот муабет.....:pos2:

И лани ова време напишав.....ако не даваат пушење по кафаните, ќе се преориентирам на чајџилници, па нек дојде таму инспектор...:helou:
Кафани, да, кафичи, не. Барем јас така го толкувам текстот, еве го пак...
Пресонлајн напиша:
Согласно Законот, јавни простории се објекти за воспитно образовна дејност, здравствени објекти и социјални установи, отворени и затворени простории во кој се одржуваат спортски натпревари и културни манифестации, собири и приредби, јавен превоз на патници, објекти во кои се произведува, служи, продава или конзумира храна како и други простории како сали, канцеларии, чекални и ходници.
Значи, уште еднаш ќе пробам, го знае ли некој законов како вистински изгледа на хартија? Точно ли е ова напишаново, ако не е, кое е точното, ако е, како го толкуваш, во кој дел од напишаните јавни простории се спомнуваат кафичи и дискотеки?!
 
Последната цигара ќе ја запалам на 31.12.2009 и ќе ја пушам до 31.12.2058 :)
Сега условите ќе ми ги сменат и ќе ми мрзне газот или ќе ми се поти,ама законов не ми предизвика реакција да ги откажам.
А ако сите си заминат од кафана,ќе има штрајк пред влада :)
 
Значи, уште еднаш ќе пробам, го знае ли некој законов како вистински изгледа на хартија? Точно ли е ова напишаново, ако не е, кое е точното, ако е, како го толкуваш, во кој дел од напишаните јавни простории се спомнуваат кафичи и дискотеки?!

Сакаш да кажиш дека се забранува само во ресторани?
 
Сакаш да кажиш дека се забранува само во ресторани?

Токму тоа сакам да кажам. Од местата каде народот излегува за забава, само кафаните ќе настрадаат, бидејќи се служи храна.
 
Токму така.
Затоа и ваквите закони ми личат на лицемерие.Као, ќе одгледуваме легално хероин, ќе го преработуваме и продаваме, ама немој, не го користи лош е за тебе.
Кога државата/власта/олигарсите/криминалците не би профитирале од тутнската индустрија, би поверувала дека навистина се борат против истата.
Вака е само шминка.

Како и да е, јас три месеци не се дружам со цигарите, па со законов ќе ми биде уште полесно да не се здружиме пак.
И дефинитивно станувањето пушач е една од поглупите одлуки кои може да ги донесе човек.

Но, велам, ваквите мерки не се борба против пушењето.
Всушност, делот со поскапувањето ми е и симптоматичен, односно ми личи на профитирање (т.е затоа што клиентелата ти е де факто зависна, знаеш дека и покрај зголемената цена, сеуште ќе ти биде потрошувач).

Самиот факт кога се вели дека со закон се регулира е доволна причина за регулираните да се мотивираат за што поголемо кршење на законот, а со самото тоа и гарантирано испушување и на годинашнава реколта од произведениот тутун + дополнително полнење на буџетот со по некоја казна (во зависност од тоа кој во првите денови од донесувањето на законот ќе го попуши и на тој начин :) ). Се на се, во целата таа контрадикторност, лицемерието е веројатно заради некакви услови кои треба да се исполнат за влез во ЕУ и адаптирање на законодавството со ЕУ, а субвенционирањето е пак заради заживување и мотивирање на поголемо производство на тутун како една од целите на владата за развој на земјоделството, кое понатаму ќе поттикне развој и на останатите преработивачки капацитети. Сепак законот како закон за нас непушачите е најнеконтрадикторен, бидејќи ќе ќариме троа чиста незадимена просторија, ќе добиеме уште некој новопечен непушач од големото семејство на пушачи, а кога поле тутуново ќе погледнеш, очи заморени ќе одмориш од прекрасната зелена боја :), субвенционираните пак тутунопроизводители ќе си ја продадат овогодинешната реколта, а пушачите... пушачите пак ќе продолжат да си пушат и патем ќе ме засмејуваат со голем број на интересни бисери кои ги принесуваат како факти со кои го оправдуваат пушењето. Сумирано контрадикторноста е во контрадикторното задоволство на сите :)... а лицемерната ЕУ нека види малку што значи лицемерие :)
 
Токму тоа сакам да кажам. Од местата каде народот излегува за забава, само кафаните ќе настрадаат, бидејќи се служи храна.

Точно. Сеа само кафиќите кај што служат храна (она ладни сенвичи а-у) да ги тргнат од мени и ке може слободно и понатаму да се пуши таму.
 
Точно. Сеа само кафиќите кај што служат храна (она ладни сенвичи а-у) да ги тргнат од мени и ке може слободно и понатаму да се пуши таму.

Пааааа, мислам дека не е толку едноставно. Секој “кафич“ си има лиценца за бар, пивница, ресторан или не знам шо. Нема лиценца за работа под името “кафуле“. Сите мутат уствари. Шо значи, дури и да си регистриран како месара а внатре продааш цигари реално, нема да имаш дозвола за пушење.
 
Фраерот: Фрла цигара на патот...
Полицаец:Те видов ја фрли цигарата, ајде сега 50 евра казна..
Фраерот: Не ја фрлив Ми падна (се наведнува го зима и продолжува со пушење)
:))))))))))))
Финта за на улица хахахахахахахаха
 
На полицаецот за да не го казни? :pos2::pos2:
 
Не верувам дека еден смешен закон би можело да ме натера да се откажам од тутунот :) Ќе си продолжам и понатаму да си се дружам со тутунот... Ко прво не верувам дека ваков закон ќе се донесе во целост заради фактот дека сме втора држава во Европа по број на страстни пушачи... Плус искрено не би ми сметало ако забранат пушење по кафичи и слично... не е проблем поретко ќе ги посетувам... пошто и така не ги посетувам оти сум воодушевен од нив туку ради добро друштво... а знам дека ќе имам добро друштво пушачи кои ќе ме дружат на места кај шо се пуши (дома, надвор било каде... не можат секаде да забранат нели)... и гарантирам дека нема да ги откажат цигарите. Заправо од сите луѓе шо ги познавам и се дружам често дали 5% се непушачи... а од другите 95% пушачи после законов гарантирам дека ќе останат едно 90% да пушат...

Иначе во врска со тоа колку ми пречат... Треба да знајш како да се контролираш и како да се пазиш... Ете јас сум добри 7-8 години пушач и кур не ми чуе.... 50-60 склекови дневно плус физичка активност каква шо ретко кој пушач може да замисли... јадење овошје и зеленчук ко мрднат... е сеа притисоко знае малце да паѓа од време на време :) ама пиј вода ко камила и нема да имаш гајле... или пиво, вино... пак ќе речам немојте да ме сватите погрешно, пушењето во никој случај не е убава навика... ама и не верувам дека тоа срање ќе ме падни на колена некој ден или ќе ме убие... :) Попрво би ме лупнала кола на улица, со оглед на тоа дека ретко кој знае да вози... :)
 
Пак ве мрзи да читате постови подолги од еден ред? :cry: Ако ве интересира зашо сум ве цитирал, читајте најдоле.

Кафани, да, кафичи, не. Барем јас така го толкувам текстот, еве го пак...

Значи, уште еднаш ќе пробам, го знае ли некој законов како вистински изгледа на хартија? Точно ли е ова напишаново, ако не е, кое е точното, ако е, како го толкуваш, во кој дел од напишаните јавни простории се спомнуваат кафичи и дискотеки?!

Го прочитав само постот над мене.
Чув за законот, и не ми се допаѓа, сепак има и добри страни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom