Дали би го испушиле...

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
files


кога ќе го забранат сите газди на кафичи,клубови,барови,дискотеки... у државава ќе излезат на групен протест пред влада :pos2::pos2:
 
Нема шанси.Мислам имало закон или немало,не се откажувам сеуште од цигарите зашто знам дека нема да можам да издржам ни еден ден да не запалам.Ќе биде тешко на кафе или навечер без цигарче ама тоа е....
 
Па нема да се откажам, ама ќе гледам кај ќе запалам цигара, е сега некогаш може и да се прекрши ама ќе видиме што ќе се случи по 01.01.10:wink:
 
Законов ми е некако смотан.... непушач сум, ама стварно е глупо бидејќи мнозинството се пушачи, и да се забрани пушење во кафичи и дискотеки само заради 4-5 души?? Па затоа и одат по кафичи луѓето, да се опуштат, да седнат, кафето и цигарето. Единствено би сакала да се забрани пушење во ресторани, пицерии и слични места. А друго прашање е колку ке се почитува законот.
 
ТАКА Е, сто процентна поддршка ти давам!

Дои утре до камени мост, ќе ти кажам дека НЕ СМЕЕШ да рипаш.

И што е па со тој закон не смееш гол на јавно место???
Еби му матер и на него, они тебе ќе ти кажуваат!

Ама пази, она сака да пуши :icon_lol:

Ај ќе се спојат мислењата.

Мислам оти имам чуено дека за баровите и дискотеките ќе се толерира, може да е безвеза муабетот ипак.

А и мислев, како ќе сопрат 300 души во бар да пушат, на секоја маса ќе стои инспекција или на врата обезбедувањето ќе им бара по џебовите цигари?
 
ќе пробам да ги откажам... некако не ми се верува али ајде...
закон си е закон,понекогаш мора да се почитува :nesum:

Зошто не ти се верува?мојата братучетка(веке омажена)7 години пушеше и сега ги откажа конечно...со силна воља можеш да постигнеш:toe:

Непушач сум,но не ми се допага баш тоа правило...па не се откажува толку лесно од нешто што си навикнат и ајде преку нок...не оди така тоа.Ах тие закони.
 
Некако скептик сум за законов, баш ме интересира дали стварно ќе успее или пак ќе биде ко пред некое време кога во истиот кафич едната маса беше за пушачи, а другата до неа за непушачи, ко на чадот да можеш да му забраниш да не се движи кон таа зона.

Факт е дека работата во кафичите и дискотеките значително ќе се намали...
 
Ко прво, законот нема да се почитува, без разлика дали ќе фрчат казни.

Јас ќе го почитувам во целост, но нема да посетувам локали во кои е забрането пушењето затоа што не гледам лезет во јадењето/пиењето ако не си запалам цигарче. Локалите, колку-толку ќе може да се контролираат. Ама во дискотека нема апсолутно никаква шанса да се откаже толкава маса на луѓе од цигари. Тоа е едната варијанта. Другата варијанта е почесто да организираме домашни журки и гезмиња наместо да ги полниме кафаните. Ем ќе се зближиме, ем поефтино и поубаво ќе си поминеме :)

И дали некој размислил за формирање на друштво на пушачи или некаков „центар“ за истражување на било што поврзано со пушењето? Нормално, таму би се служеле пијалоци и храна, исто како на сите останати места кај што нема да смее да се пуши. Дупки во законот секогаш имало и ќе има. Кој е за? :)
 
Да бев пушач или газда на кафич ќе речев да ти ибам законот, а вака воопшто не ме погаѓа :icon_lol:.
 
Да бев пушач или газда на кафич ќе речев да ти ибам законот, а вака воопшто не ме погаѓа :icon_lol:.
Егоистички нели? Зголемување на вашето задоволство, на сметка на задоволството на пушачите.

Контра од тоа дека пушачите се егоисти кои им го загадуваат воздухот на непушачите. Зар само со цигари го загадуваме воздухот?
 
Егоистички нели? Зголемување на вашето задоволство, на сметка на задоволството на пушачите.

Контра од тоа дека пушачите се егоисти кои им го загадуваат воздухот на непушачите. Зар само со цигари го загадуваме воздухот?
Па у дискотека не сум видел човек со кола да вози па издувните гасови да не гушат. Па ни логорски оган се пали.
 
Законов ми е некако смотан.... непушач сум, ама стварно е глупо бидејќи мнозинството се пушачи, и да се забрани пушење во кафичи и дискотеки само заради 4-5 души??

Не се мнозинство пушачи, сега не се сеќавам на точната статистика ама тоа е вистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom