Д`ткање, тревливење, потфаќање ( р, л, ш, ... )

Хехех и јас имам говорна маана, Л го правам W или УА. Не ми смета ни на мене ни на другите:toe:
 
Малце шшкам исто така и со ч со џ имам проблеми ама се ретки....понекогаш Ш искача ко свиркање:pos: ама од поодамна ми имаат кажано да сум вежбал пред огледало и стварно помалце иам намалено со проблемите
 
Еј интересна е темава...ама јас ќе поставам уште поинтересно прашање...
Зошто нема убави и згодни женски што дткаат...многу јак ќе биде feeling-от кога ќе сакаш да си направиш муабет со истата...


п.с Не сум од оние што се потсмеваат на мани!
:smir:
 
Јас имам проблеми со изговарање на Р,ама не го гледам како проблем,ниту комплекс,ниту пак некој некогаш ми се изнасмеал ради тоа.Многу ми рекле дека е симпатично,не е остро специфично р,туку чудно,многу дури не го ни забележуваат.Не ми смета.
 
Јас р не можам да ја изговорам чисто.Ама тоа може да биде пречка само во овие балкански простори.А и што да правам штркот што ме носел наместо во Франција ме спуштил во Македонија:pos2: .Па и до сега има многу славни што го имаат истиот проблем па што не се обидуваат да го поправат.На пр Дани,Аки,пејачот на ван гог и многу водители.А и на крај на краиштата не го сметам за мана туку за битна карактеристика.:)А и наследно ми е.
 
понекогаш и јас имам потешкотии на изговарање на Р ама многу ретко
 
Ja imam govorna maana.
D'tkam. Mene ne mi smeta, a ocigledno i na onie shto me opkruzuvaat.
Cudno, ne d'tkam kako nekoi drugi, ednostavno toa se zabelezuva samo jas koa "sakam" ili onaka ima pogolema doza na energija vo mene, visok adrenalin i... Tolku:)
 
Си го имам проблемов...или не ми е проблем,незнам...мене не ми смета,т.е од време на време.
Шшкам,фаќам на с,и ч и џ ми праат некогаш проблеми поготово кога ќе се поднапијам малку :icon_lol:
Не се десило некој апла да ми се изнасмее у фаца,повеќето ми рекле дека е секси :bilokojzbor1: ама имало и реакции како:
-еј ај пак кажи го зборот!
- .!.
Така да,ни се смеам на луѓе што д`ткаат ни пак на некој што зафаќа на букви.
 
Сега ми текна, летото 2006та многу често бев во Скопје, кај другари, на прошетка, на журки :) ... една недела престојував кај двајца мои другари од Скопје, па по некоја случајност и двајцата д`ткаа; слушајќи ги нив, полека почнав и јас со ова, се исплашив бе, еден месец, може и повеќе ми се дешаваше ова, ко навика ми стана, ама ми помина д`ткањето ;) инаку на првата страница се имам изјаснето поопширно, сега ми текна ова, па се надополнив :smir:
 
Лесно е од моја страна да кажам дека воопшто не го гледам д`ткањето како проблем, бидејќи јас го немам.
Се додека личноста си води најнормален социјален живот, не се дистанцира од останатите и се однесува како нив- не гледам зашто неговата маана би претставувала проблем. Сите имаме свои маани и доблести и ги прифаќам луѓето заедно со нивните.
Мене не би ми претставувало никаков проблем да се дружам со некој што има говорна маана, зашто тоа не го прави ништо поразличен од мене, ниту пак би имало зашто да му се исмејувам поради тоа.

Само многу се живцирам кога некој својата маана ја употребува и ја форсира за да предизвика сожалување кај останатите, а верувајте- ваков пример знам и воопшто не е пријатно за околината кога еднаш зборува со мала доза на д`ткање- речиси неприметливо е, а после му требаат 10 минути да каже една реченица, а не се работи за трема или страв.
 
Немам никаква говорна мана.
Не се подсмевам на луѓето кои ја имаат. Едноставно такви се, поради тоа може и да се поинтересни. :)

Потребно е време и трпение за да го одвикнеш детето и да се научи правилно да ги изговара буквите. Но дури и тогаш, одкога ќе се одвикне, постои можност и варијанта дури и при најмала стресна ситуација личноста да почне повторно да д`тка, потфаќа...

Имам еден другар од средно кој кога зборуваше со нас зборуваше сосем нормално. Но пред професорите толку се збунуваше и возбудуваше што почнуваше да д`тка во истиот момент.
 
Немам говорна мана а кај тие што ја имаат не ја ни приметуам.
Иако,се има случено комплетно да ја изгубам способноста за зборување,ама тоа у екстремни ситуации...:kesa:
 
Не ми смата.Ќерка ми зафаќа на Ш,С,Ч ја водам на логопед и предходните постови каде се пишува дека е тоа успешно за еден месец е тотална невистина!
Терапијата трае со месеци еднаш неделно по 45 минути.Има одлично напредување но и вежбањето дома допринесува до тоа.Мене ми е слатко кога ми збори така,ама за неа ќе биде подобро да го искорени шшкањето.
Имам и еден колега кој д`тка на почетокот го приметував,сега ич тотално не го приметувам.
Д`ткањето доаѓа од неправилно зимање воздух и испуштање.Во Холандија има клиника кои и најтешките случаи ги излекуват.
 
ја имам говорни мани на 'л' и 'c'...така да не се смеам, има некој пат некој се потсмева:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom