Лесно е од моја страна да кажам дека воопшто не го гледам д`ткањето како проблем, бидејќи јас го немам.
Се додека личноста си води најнормален социјален живот, не се дистанцира од останатите и се однесува како нив- не гледам зашто неговата маана би претставувала проблем. Сите имаме свои маани и доблести и ги прифаќам луѓето заедно со нивните.
Мене не би ми претставувало никаков проблем да се дружам со некој што има говорна маана, зашто тоа не го прави ништо поразличен од мене, ниту пак би имало зашто да му се исмејувам поради тоа.
Само многу се живцирам кога некој својата маана ја употребува и ја форсира за да предизвика сожалување кај останатите, а верувајте- ваков пример знам и воопшто не е пријатно за околината кога еднаш зборува со мала доза на д`ткање- речиси неприметливо е, а после му требаат 10 минути да каже една реченица, а не се работи за трема или страв.