Д`ткање, тревливење, потфаќање ( р, л, ш, ... )

Па и јас долго време го имав проблемот со л па и сега знам да го претворам во у. Добивав и сеири на таа сметка ама не се лутев бидејќи беа добронамерни и од душа. Исто така и јас сум знаел да фатам сеир на таа сметка ама само кај отворени луѓе кои немаат проблем со тоа и никогаш злонамерно.
Иначе еден од најдобрите мои другари (сега во странство) ги влечеше и сецкаше зборовите и речениците. На почетокот кога го запознав дур да се навикнам, тоа малце ме иритираше и го добивав истото чувство како да гледам шах партија која никако да заврши. После тоа се беше песна.
 
Лошо е кога те зафркаваат дека не можеш да изговориш некој збор правилно, некои се потсмеваат, некои навредуваат, најчесто те емитираат, но ако си доволно свесен дека тоа е само една мала зафрканција бидејќи си различен не е никаков проблем и ти да се насмееш ако некој предобро те емитира:) .
Еве еден вид совет за оние кои имаат било каков проблем со говорењето:
Земете едно пенкало и каснете го, да да со заби :) , само запомнете краевите треба да бидат надвор од уста и немој случајно да го голтнете :icon_lol:, потоа земете некоја книга ставете ја на масата или на стол и стоечки со наведната глава читајте. Вистина делува! А е добро за секого кој сака да си го подобри говорот.
 
Си го имам проблемов...или не ми е проблем,незнам...мене не ми смета,т.е од време на време.
Шшкам,фаќам на с,и ч и џ ми праат некогаш проблеми поготово кога ќе се поднапијам малку :icon_lol:
Не се десило некој апла да ми се изнасмее у фаца,повеќето ми рекле дека е секси :bilokojzbor1: ама имало и реакции како:
-еј ај пак кажи го зборот!

- .!.
Така да,ни се смеам на луѓе што д`ткаат ни пак на некој што зафаќа на букви.
:pos: или мене ме ремета у стил на ај кажи Лалас на Лиле и даде лале и Лиле на Лалас му даде Луле!

излегува како да си кажал: Wawaс на Wиwe и даде wawe и Wиwe на Wawaс му даде Wуwe!

sexykv9.png

:pos2:
 
И јас имам на С т.е. Ш некогаш заш’шкувам некогаш наместо С кажувам Ш и често во последно време ми се меша буквата Р во зборовите на повеќе места бидејќи зборам брзо како струмичанец :(


Претежно не го сметам говониот проблем за смешен али дефинитивно Смешен ми е НИКОЛА ГрУЕВСКИ
"Ние дојдовме во Битола со Пичиња да направиме Светски Гад од Битола"

Погодете шо сакал да каже :?: :vozbud:
 
Јас уште од мала го имам тој ако можам да кажам проблем со буквите с,ц,з,ѕ.Но сега може и не толку многу ама се приметува.Кога ме слуша некој ш'шкам.Кога бев мала ми пречеше меѓутоа сега ми е ок.Ми викале некои дека ми е секси говорот.А некој знае да ме праша и дали носам протеза па одма сум во одбрана.Сфатив дека кој сака нека ме слуша кој не немора.Јас сум таква каква што сум.
 
За лечењето на една ваква говорна мана не сум сигурна, но за тоа дека не ми пречат таквите луѓе сум.
Инаку, мислам дека се однесувам прилично мутаво со таквите луѓе, кои не ги сметам за помалку вредни од останатите. Од некаков чуден страв да не се почуствуваат непријатно, јас постојано зборувам и мислам дека нападно се однесувам како да е се` во ред. Којзнае како изгледам во такви ситуации и дали успешно низ разговор доловувам дека навистина не ми пречи, а уште помалку ми е смешно тоа. :toe:
 
Како мал, негде до крај на 4то одделение неможев да ја изговорам Р бетер бев од Груевски, ама постојано се обидував, изговарав едно француско Р од грло, и на крај успеав да ја изговорам правилно па така заврши една гнасна долга епизода од мојот живот полна со ремет кој вообичаено одеше вака: пРасето Риеше во нашата гРадина :pos2: и сега си рие кутрото хаха, е токму поради тој ремет, и чуството кое го имав кога ме реметеа му ја имам пукнато главата на еден што реметеше едно мало детенце што дткаше, мислам му наплатив и за мене. Кога сум во близина на луѓе со говорни и други психички маани сум воздржан и никако неможам да поднесам кога се исмевани.
 
Дивајн нема потреба да се однесуваш како што кажуваш со страв дека ќе им биде непријатно.Не јадеме луѓе.Со самиот разговор што го водиш покажуваш дека не ти пречи и нема потреба да се трудиш за да не бидеш погрешно сфатена.:helou:
 
Дивајн нема потреба да се однесуваш како што кажуваш со страв дека ќе им биде непријатно.Не јадеме луѓе.Со самиот разговор што го водиш покажуваш дека не ти пречи и нема потреба да се трудиш за да не бидеш погрешно сфатена.:helou:

Се трудам дека многу ми смета, но неможам скроз да се сменам во тој поглед ... посилно од мене е едноставно. Премногу се грижам за туѓите чувства и не би сакала никогаш несакајќи да ги повредам. Од оваа, во друга кожа - нема.:toe:
 
Се трудам дека многу ми смета, но неможам скроз да се сменам во тој поглед ... посилно од мене е едноставно. Премногу се грижам за туѓите чувства и не би сакала никогаш несакајќи да ги повредам. Од оваа, во друга кожа - нема.:toe:

Дивајн спомнав и погоре до 10-11 год живеев во постојан ремет за "недостатокот" верувај знам дека е незгодно, може и смешно за слушање кога некој се мачи но држи ладна глава и ако тој или таа ти значат верувај ќе сватат дека ти е незгодно, сами се свесни за своите недостатоци ако ти не си им укажала верувај се нашле идиоти кои само за тоа живеат.
 
Па немам таков проблем, ама кога ќе се изнервирам ептен под стрес е тогаш ми се дешава за д`ткам. Порано како мала не сум можела да го изговорам л ама сега е супер. Нема причина за потсмев на луѓето со таква мана, тоа е дел од нив како некоја друга мана е дел од вас.
 
Не ми е смешно тоа воопшто.Едноставно се концентрирам на личноста во моментот и ги занемарувам тие недостатоци,мајку му многу е глупаво и зелено да се смееш на некој кој има проблем.
 
Многу добар другар има проблем со говорот, д‘тка (нема некој друг збор за ова ).Прв пат кога го запознав мислев дека се зеза,фино го исфилува зборот до крај и продолжи да зборува како навиен.Кога дознав дека д‘тка,глупо ми падна, не знаев каде да гледам додека да го изусти зборот.Но бидејки на него не му пречи,нема зошто мене да ми пречи.
А за буквите,ахх тоа е толку слатко и рррррррррр
 
На другар неможеше да изговори убаво Р ,Под јазикот месцето му го сечеа,за да се одвои јазикот повеќе и сега нема проблеми.
 
Порано ко мал, кога почна мајка ми да оди на работа, јас пошо многу приврзан (не се смејте, озбилно) почнав да муцам. И тоа со долго, онака, квалитетно завлекување. Фала Богу видов шо ламја е мајка ми, па не ми недостигаше толку и сеа не муцам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom