Па досега најпаметен предлог на Нимиц, ако го додадеме и Демократска Република Македонија...но еве зашто е добар тој предлог, а не Р.Северна Македонија, сепак само мое мислење е текстов....
Зошто "НЕ" за Северна Македонија?
Во изминативе години се изнаслушавме многу предлози за нашето име. Потоа ние излеговме со двојната формула, Грците ја одбија, тие даваа некои смешни предлози, ние ги одбивавме.Значи, колку и да сакаме, двојната формула не може да успее, од проста причина што тие ќе ја одбијат. Пишувам под претпоставка дека имаме Евро-атлански аспирации, и сакаме да имаме економски развој на нашата Македонија, а не изолација од целиот свет, па затоа и преговараме за менување на ПЈРМ.. Но тука се наметнува и свежиот предлог Северна (или Горна) Македонија, низ неколку варијанти, кои се ирелевантни во текстов. Зошто НЕ за Северна Македонија? Тогаш губиме се. Ниту Тешкто ќе биде македонско оро, ниту ајварот ќе биде македонски производ. Секако, тогаш ќе бидат Северномакедонски продукти, со што им се губи секаква смисла. Секако, овие две белега на македонскиот народ ги давам како пример, а има уште премногу такви кои постојат. Значи, колку и да не сакам, за да станеме дел од Европа, ќе мора да го смениме ПЈРМ,(секако, не Уставното име, Република Мкаедонија). Тогаш, во случај да го смениме ПЈРМ, јас предлагам да се оди со предлогот, кој беше актуелен пред самитот во Букурешт, Република Македонија (Скопје) или, во краен случај, Република Македонија (Северна). Со ваква ситуација, Уставното име Република Македонија останува во целост, а тоа што би го пишувало во заградата би означувало само појаснување за некој што не знае која е нашата држава. Доколку се викаме Северна Македонија, се губи целата смисла на сето наше постоење. Со прифаќање на еден од моите два предлози (пак ќе потенцирам, без менување на идентитетот, јазикот и Уставното име), ќе заврши оваа нездрава хистерија, проследена со навреди, делење на луѓето на патриоти и предавници, Бугарофили, Србомани.Но сепак, на крајот секако одлучуваат други, како и секогаш, а текстов можеби и нема да го прочитаат тие за кои особено е наменет.